Економија
На Волстрит благ раст на индексите

Во вторникот на Волстрит, индексите Dow Jones и S&P 500 пораснаа втор ден по ред, благодарејќи на подобрите отколку што се очекуваше податоци од американското стопанство и надежите во порешително надминување на европската должничка криза, но сепак се тргуваше претпазливо.
Во вторникот на Волстрит, индексите Dow Jones и S&P 500 пораснаа втор ден по ред, благодарејќи на подобрите отколку што се очекуваше податоци од американското стопанство и надежите во порешително надминување на европската должничка криза, но сепак се тргуваше претпазливо.Индексот Dow Jones зајакна за 0,28 отсто на 11.555 поени, а S&P 500 за о,22 отсто на 1.295 поени, додека индексот Nasdaq падна за 0,4 отсто на 2,515 поени. Благиот раст на индексите Dow Jones и S&P 500 покажуваат дека спласна еуфоријата од претходните денови кога цените на акциите скокнаа за речиси 3 проценти. Надежите дека европските лидери ќе преземат порешителни чекори во надминувањето ан должничката криза и натаму ги поддржуваат пазарите, но има многу нагаѓања а малку конкретни решенија.„Се чини дека на европскиот фронт работите се придвижуваат од мртвата точка, но ситуацијата ниту одблизу уште не е решена. Поради тоа финансискиот сектор направи чекор наназад, што го ограничи растот на целиот пазар“, вели за Reuters Томас Вилалта, менаџер за портфељи во фондот „Jones Vilalta Asset Management“.По солниот раст ден претходно, во вторникот индексот на финансискиот сектор S&P 500 чиешто движење најмногу зависи од европската должничка криза, ослаби за 0,6 отсто. Лоша вест за банките стигна и по затворањето на Волстрит. Агенцијата „Standard & Poor’s“ го намали кредитниот рејтинг на пет од шесте најголеми американски банки, „Goldman Sachs“, „Bank of America“, „Morgan Stanley“, „Citigroup„ и „Wells Fargо“. Намалувањето на рејтинзите е дел од ревизијата на оцените за повеќе од 37 големи светски банки, појаснија од „Standard & Poor’s“.Од друга страна, позитивно на пазарот делуваше извештајот на „Conference Board“, според кој довербата на потрошувачите достигнало највисоко ниво од јули, што ја поттикнува надежта дека Американците повеќе ќе трошат во текот на празничната сезона на купувања.Меѓу најтргуваните во вторникот беа акциите на „AMR Corp“, сопственикот на „American Airlines“, бидејќи некогаш најголемата американска воздухопловна компанија покрена стечај и именуваше нов претседател. Цената на акциите на „ „AMR Corp“ потона за 84 отсто. Меѓутоа пораснаа цените на акциите во секторот за услужните дејности и произведувачите на стоки за широка потрошувачка. Тоа се ткн дефанзивни сектори, па нивниот раст ја покажува претпазливост на вложувачите. И на европските берзи во вторникот цените на акциите пораснаа. Лондонскиот FTSE 100 зајакна за 0,46 отсто на 5.337 поени, франкфуртскиот DAX за 0,95 проценти на 5,799 поени, а парискиот CAC 40 за 0,46 отсто на 3.026 поени./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Поевтинуваат секојдневните плаќања за граѓаните и за компаниите, извести Народната банка

Активностите на Народната банка за намалување на надоместоците на банките за електронските плаќања заради нивна поголема достапност и користење веќе имаат видливи резултати за граѓаните и за компаниите. По интензивната комуникација и по намалувањето на трошоците за користење на Македонскиот интербанкарски платен систем – МИПС, банките ги подложија на ревизија своите тарифници намалувајќи ги надоместоците за извршување на платежните услуги, извести Народната банка.
Сите банки веќе усвоија нови тарифници со значително намалени надоместоци за платежни трансакции со платни налози. Имено, надоместоците за плаќањата коишто граѓаните ги извршуваат преку МИПС се намалени во просек за околу 50%, додека електронските плаќања на граѓаните коишто се извршуваат во рамките на истата банка (т.н. интерни плаќања) стануваат бесплатни во најголемиот дел од банките. Надоместоците коишто компаниите им ги плаќаат на банките исто така се намалени. Така, електронските плаќања на компаниите во МИПС стануваат поевтини во просек за околу 30%, додека електронските интерни плаќања за околу 55%. Општо земено, банките преминуваат кон поевтини и фиксни надоместоци по трансакција, коишто се однапред познати и не зависат од износот на плаќањето. Новите поевтини надоместоци се веќе во примена кај дел од банките, а останатите банки планираат да започнат со примена на намалени надоместоци најдоцна до октомври оваа година, велат од НБ.
Овие промени се дел од пошироката визија на Народната банка за дигитализација и модернизација на платниот систем. Поевтините услуги го поттикнуваат користењето на електронските плаќања, ја зајакнуваат довербата во финансиските институции и придонесуваат кон општествено одговорно работење на банкарскиот сектор, се додава во соопштението.
Економија
СДСМ: Инфлација од 4,4 проценти беснее и во август, власта не носи ниту една мерка

Растот на трошоците за живот не запира, статистиката повторно регистрира зголемување на инфлацијата и цените на мало, реагираат од СДСМ.
Како што истакнуваат, според најновите податоци на Државниот завод за статистика, инфлацијата на годишно ниво, односно август 2025 година споредено со август 2024 година, бележи зголемување од 4,4%. Најголемо зголемување има на трошоците за храна и безалкохолни пијалаци од 6,2 %.
„Во истиот период, цените на мало поскапеле за 4,1%. Дури за 6,7% се зголемени цените на мало за прехранбени производи.
Ова е реалноста која ја живеат македонските граѓани – животот станува сѐ поскап, инфлацијата ја јаде куповната моќ.
Ова е резултатот од погрешните и аматерски економски политики на владата предводена од Христијан Мицкоски.
Колку и да сака премиерот Мицкоски да прикаже дека во државата добро се живее, статистиката не лаже, граѓаните ја чувствуваат сиромаштијата на свој грб.
Оваа влада покажа дека ниту има стратегија, ниту капацитет да ја заузда растечката инфлација. Жално е што владата на ВМРО-ДПМНЕ покажа дека нема желба да им помогне на граѓаните и да преземе конкретни мерки за заштита на животниот стандард“.
Според опозициската партија, додека граѓаните прават математики како да го протуркаат месецот, власта се расфрла со народни пари за свои луксузи и партиски интереси.
„Нема пари за повисоки плати, но има пари за милионски тендер за скапа опрема за промоција и организирање на настани.
СДСМ постојано предупредува на растечкиот тренд на инфлацијата и понуди конкретни решенија за раст на платите и намалување на цените, кои владејачкото мнозинство не ги прифати. Сега повторно бараме владата да преземе итни мерки за заштита на животниот стандард, граѓаните не смеат да бидат жртва на погубните политики на оваа власт“.
Економија
Поскапуваат бензините и дизелот

Од ноќеска на полноќ цените на бензините и на дизелот ќе се зголемат за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 10.9.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 37,148 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,245 ден/кг и сега изнесува 37,148 ден/кг.