Македонија
Синдикатите контра Фуле за изоставувањето на „македонски“
Претседателите на три македонски синдикални организации испратија протесно писмо до еврокомесарот за проширување Штефан Фуле поради изоставувањето на придавката „македонски“ во последниот извештај на Европската Комисија за напредокот на Македонија.
Претседателите на три македонски синдикални организации испратија протесно писмо до еврокомесарот за проширување Штефан Фуле поради изоставувањето на придавката „македонски“ во последниот извештај на Европската Комисија за напредокот на Македонија.
Во писмото потпишано од првите луѓе на Конфедерацијата на слободни синдикати, Сојузот на синдикати и Унијата на независни и автономни синдикати се изразува остар и енергичен протест заради, како што се вели обидите на Европската комисија за бришење на македонскиот идентитет преку негирање на македонскиот јазик и заради Вашата отворена поддршка на грчките позиции во овој неправеден и правно непоткрепен спор, кој Грција го има со нашето име и идентитет.
„Да бидеме прецизни и јасни, македонскиот работник ги почитува принципите на слободарството и правдата кои се принципи и на Европската Унија. Ние, за нив сме во историјата, сме се бореле и сме ги остварувале, но исто така бараме од Европската Унија да ги почитува нашите меѓународно загарантирани и интернационално признаени основни права да бидеме Македонци, а нашиот јазик и нашиот идентитет да бидат македонски“, се вели во писмото потпишано од Раско Мишковски, Живко Митровски и Слободан Антовски.
„Ние ги сакаме европските вредности. Ја сакаме Европската Унија како реалност која може да придонесе за подобрување на стандардот, за можностите за економски развој и за нови вработувања, но тие евентуални придобивки не сакаме да ги стекнеме по цена на негација на Македонците и македонското, факти кои се реалност и од кои немаме намера, ниту пак право да отстапиме. Не, ние дури и отворено се спротивставуваме на ваквиот империјализам во обид, каков што се обидувате да го промовирате со бришењето или преименувањето на македонското во нас. Треба да знаете дека работниците преживувале многу притисоци и многу закани, но секогаш успеале да се изборат за она во што веруваат и што го чувствуваат, а ние веруваме и се чувствуваме како Македонци и никако поинаку. Слушнете го македонскиот работник – нема да помине овој нечесен обид за негација на македонското“, се вели во писмото на македонските синдикални лидери до Фуле. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори, бара ЛДП
По информацијата на Владата дека наредната недела ќе назначи повереници во општините кои поради немање цензус не успеаја да изберат градоначалници, Либерално-демократската партија (ЛДП) ја информира јавноста дека ќе бара да се измени Изборниот законик.
Измените во Изборниот законик кои ќе ги предложи ЛДП се однесуваат на тоа владините повереници да не можат да се кандидираат на повторените избори за градоначалници во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа. Овие измени ЛДП ќе ги предложи за да нема никој нефер предност пред останатите кандидати за градоначалници, но и да се намали можноста за евентуални злоупотреби и несовесни работења на поверениците во периодот додека не се одржат повторените избори.
Оваа предлог мерка доаѓа по прифаќањето на предлогот на ЛДП за враќање на референдумското отповикување на градоначалници во Законот за локална самоуправа, кој веќе се наоѓа во Собранието и со кој после 30 години од укинувањето на референдумот, ќе се стави крај на заштитата на неефикасните и нетранспарентни функционери.
Доколку се усвојат и измените на Изборниот законик и се воведе ограничувањето за поверениците да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторните избори во четирите општини кои не обезбедија цензус во првиот круг, ќе се овозможат фер услови за коректен политички натпревар, ослободен од било какви сомнежи за дополнителни злоупотреби и политички влијанија, велат од ЛДП.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Заев, Николовски, Груби, Филипче, Бајрами, Дончев и Рашковски посочени како пример за неказнивост
ВМРО-ДПМНЕ реагира дека нема да толерира незаконско постапување и девијантно однесување на поединци за кои постојат сомнежи дека ги прекршиле законските регулативи. Од партијата порачуваат дека Законот мора да важи еднакво за сите и дека секој фатен во корупција или криминал треба да понесе соодветна одговорност.
Во реакцијата се наведува дека државата не смее да се враќа во „мрачните времиња“, како што ги нарекуваат периодите кога, според нив, лица со основано сомнение или пресуди за криминал – меѓу кои ги посочуваат Заев, Љупчо Николовски, Груби, Филипче, Перпарим Бајрами, Ден Дончев и Рашковски – слободно се движеле без одговорност.
Од ВМРО-ДПМНЕ апелираат надлежните институции целосно да го истражат случајот и да постапат до крај согласно законските прописи.
Македонија
За девет месеци од наплата на патарините државата заработила над 58 милиони евра
Вкупните приходи од наплата на патарина за првите девет месеци од годинава изнесуваат 3.611.645.604, денари (58,725 милиони евра).
Во септември годинава прометот на наплатните станици изнесува 401.971.971 денар, а во летните месеци кога е највисока фрекфенцијата на возила, биле инкасирани 494.308.025 во август, 469.811.647 во јули и 399.325.680 денари во јуни годинава.
Најпрофитабилна е наплатната станица Романовце, а најниски се приходите на Кадрифаково.

