Македонија
Мемети убиен во кавга за телефон
Бајрам Џаферов (42) го убил дваесет и двегодишниот Фатмир Мемети по кавга која започнала околу мобилен телефон, соопшти МВР.
Бајрам Џаферов (42) го убил дваесет и двегодишниот Фатмир Мемети по кавга која започнала околу мобилен телефон, соопшти МВР.
„Веднаш откако е извршено убиството убиецот избегал од самото место, но набргу по пријавување на случајот на лице местото се упатија припадници на мобилната единица кои веднаш потоа го лоцираа и го приведоа во полициска станица. Исто така излезено е на увид, пронајден е ножот со кој што е извршено убиството и кој ќе се вештачи во текот на денов, а по целосно комплетирање и документирање на случајов против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава и истиот ќе биде изведен пред надлежен истражен судија“ изјави портпаролот на МВР, Иво Котевски.
Момчето рано утрово околу 3 часот беше расечено со нож во интернет кафулето „Пижо“ во скопската населба Гази Баба.
Убодот со нож во грбот, бил смртоносен за дваесет и двегодишното момче. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

