Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Отчетот чини колку торбите „Луиј Витон“ на Шеќеринска
Господа од СДСМ, за да не се грижите, ќе ве информираме дека печатењето на отчетот чини само колку торбите „Луиј Витон“ што ги носи Радмила Шеќеринска.
Господа од СДСМ, за да не се грижите, ќе ве информираме дека печатењето на отчетот чини само колку торбите „Луиј Витон“ што ги носи Радмила Шеќеринска.
Вака денеска од ВМРО-ДПМНЕ одговорија на обвинувањата од СДСМ дека за печатење на Отчетот се потрошени милион евра.
„Во вакви моменти додека го читаат нашиот отчет се соочуваат со две работи: Првата работа се фактите за тоа што и колку има направено и постигнато ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период. А, втората работа е што и колку немаат направено СДСМ додека биле на власт и додека имале можност да прават и да работат“, рече претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Диме Спасов.
Но,како што рече тој луѓето од СДСМ, наместо да прават проекти, да спроведуваат реформи и да градат објекти, си градеа приватни луксузни куќи, си приватизираа фабрики, нивните деца возеа бесни автомобили, а илјадници луѓе остануваа без работа.
Во врска со нападите за градењето и отворањето на арената Филип Втори, Спасов истакна дека се згрозени од како што рече ниското ниво и желбата за напад по секоја цена и за еден ваков огромен проект.
„Ние само ги покануваме да си купат карти за фудбалскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Ирска на 4 јуни и за промена, за прв пат да навиваат за нашата, македонска фудбалска репрезентација“, рече Спасов./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ со прашање за ВМРО-ДПМНЕ: Дали Британците лажат?
„Откако британските медиуми објавија нови информации со прецизни детали дека се договорени 20 илјади фунти по мигрант и дека Македонија е прва држава која се согласила на ваков договор имаме прашање до ВМРО-ДПМНЕ: дали британските медиуми лажат“, прашуваат од СДСМ.
„ВМРО-ДПМНЕ со техниката за препишување или по ново „copy-paste“ измислува оправдувања кои не поминуваат веќе ниту кај малите деца.
Фатени се во лаги, само фабрикуваат невистини. Кујната на лаги на ДПМНЕ не застанува.
Томовски нема одговор но затоа целото ДПМНЕ застана да го брани за скандалот со семејната фирма.
Бројот е негов, таткото е негов, зетот и внукот се негови, сите се негови и гледаме 5,3 милиони евра, 161 тендер за семејната фирма.
Па уште и нормално било да донира во ДПМНЕ, сите било нормално да донираат откако ќе свртат тендери и пари на граѓаните.
За злоупотреби со народните пари се оди во затвор не во партија.
Туку, да прашаме до каде се со одговорите за првата бомба и скандалот со 9 милиони евра за една форма со двајца вработени и основана лани? Зошто нема одговор?
ВМРО-ДПМНЕ на големо ги краде граѓаните додека Македонија ја претвораат во црна точка на Европла, додека коридорите европски не заобиколуваат а младите се иселуваат.
Но они претставуваат програма со 6 столбови „Ќациленд“, како Скопје 2014. Тогаш со стирпорт, а овој пат со шатори. Нив може да им текне за нови споменици од 600 милиони евра покрај тие шатори.
Велат нема мигранти а договараат 20 илјади фунти по мигрант. Еве ги чекаме да кажат дали Британците лажат? Нека одговорат. Работата не е завршена. Сите ќе одговарате“, соопштуваат од СДСМ.
Македонија
Делови од Студеничани и Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од село Осинчани, Ловиште Јасен, село Држилово, село Патишка Река, село Елово, село Малчиште, викендици Патишка Река, Сателитски центар Нова Брезница, Каменолом Вардар Градба, викендици Држилово, село Јаболци, село Црн Врв, Рудпроект, Карст Јаболци, Викенд Населба Јаболци и село Нова Брезница.(општинa Студеничани и Сопиште)
Македонија
Претпладне појава на слаба магла, во текот на денот сончево и тивко
Во утринските часови ќе има појава на магла по котлините. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и тивко, освен во југоисточните делови каде ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на неделата нашата држава ќе биде под влијание на висок воздушен притисок кој ќе услови стабилно и релативно топло време. По одделни котлини во претпладневните и ноќните часови ќе има појава на магла.

