Компании
На VW му се заканува казна во САД од неколку млрд. долари
Американското министерство за правда поднесе граѓанска тужба против Volkswagena (VW) поради кршење на законот за чист воздух, која германскиот производител на автомобили би можела да го чини милијарди долари.
Теоретски, како што произлегува од тужбата, VW би можел да биде казнет со 90 милијарди долари или со 37.500 по возило поради кршење на законите. Но, казната веројатно ќе биде значително помала.
Во септември, кога американската Агенција за заштита на околината (EPA) објави дека околу 600.000 дизел возила на VW имаат софтвер кој на еко-тестовите прикажува значително помала емисија на штетни горива од реалното, регулаторите порачаа дека германската компанија би можела да биде казнета со 18 милијарди долари.
Во тужбата на министерството, поднесена на барање на (EPA), се тврди дека VW го прекршил законот за чист воздух во четири точки, вклучително и местење на контролниот систем на штетни емисии.
„Тврдиме дека тие знаеле што прават, дека намерно го прекршиле законот и дека последиците се значајни по здравјето“, вели за Reuters претставник на американското министерство за правда.
Од министерството порачуваат и дека истрага која се води против VW може да доведе и до казнени пријави, бидејќи компанијата ги довела во заблуда американските потрошувачи и регулатори.
VW кон половината на септември призна постоење на софтвер за лажирање на еко-тестовите во над 11 милиони негови возила.
Ова признание ја прави речиси невозможна одбраната на VW на суд, но адвокатите на германската компанија најавија дека ќе бараат спогодба со помала казна со аргумент дека максималната казна значително ќе и наштети на компанијата и ќе доведе до масовни отпуштања.
Но, на VW му се закануваат тужби и во многу други држави, кои од иста причина спроведуваат истраги. Иако казните во САД би можеле да бидат поостри, VW е повеќе изложен во Европа. Од 11 милиони возила кои имаат според софвер, поголемиот дел се продадени во Европа.
VW во резервите веќе стави 6,5 милијарди евра поради идните трошоци во врска со скандалот.
Соочен со најголемата криза во својата 78-годишна историја, VW планира низа мерки на штедење, од намалување на инвестициите до замрзнување на напредувањето на менаџерите и остро кастрење на трошоците. /крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)
Економија
Креативен пристап на MINT Fintech Group на eCommerce конференцијата
На 13 ноември, MINT Fintech Group беше значајна поддршка на eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер, настан кој ги собра водечките професионалци и ентузијасти од светот на е-трговијата. Оваа конференција се истакна како платформа за најновите трендови и иновации, овозможувајќи им на учесниците непроценливо искуство за вмрежување и размена на знаења.
Во својот корнер, MINT понуди уникатен пристап, спојувајќи ја финтек индустријата со релаксирачки активности, меѓу кои и масажа во соработка со My Spa.
„Ова е наш начин да го направиме искуството на посетителите подинамично и поопуштено,“ истакна претставник на MINT Fintech Group. „Реакциите беа исклучително позитивни, а редиците за масажа зборуваа сами за себе, сепак ова се личности чија професија е најчесто поврзана со долгочасовно седење, па оттука и нашата идеја да бидеме корисни.“
MINT Fintech Group и понатаму останува посветен на својата визија за поддршка на дигиталната економија и креирање нови можности за развој и соработка во финтек индустријата.
(ПР)