Црна хроника
Таксист загина во сообраќајка во Велес
Такси возач загина во сообраќајка што во вторникот во претпладневните часови се случила во Велес на крстосницата од ул. „АСНОМ“ и ул. „Андон Шурков“.
Според МВР, во сообраќајката учествувале патничко возило“Даеву Матиз“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на такси компанија, а управувано од С.А.(45) од Велес и товарно возило “Мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а управувано од С.А. (24) од с.Бузалково, велешко.
По незгодата, возачот на ПМВ С.А. бил пренесен во ЈЗУ-Велес, каде била констатирана смрт.
„Уште кога го донесоа во болницата не покажуваше никакви знаци на живот и ние само констатиравме смрт. Не беа превземени никакви реанимациони постапки“, рече др. Петре Кодовски, портпарол на Општа болница – Велес, пренесе порталот Лисица.мк.
Според неофицијални информации до сообраќајката дошло кога такси возилото Матиз се вклучувало на крстосницата а од спротивната страна доаѓало товарното возило. Очевидци велат дека глетката била страотна.
Во моментот на несреќата во такси возилото немало патници
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Велес.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција, а возилата биле однесени на вонреден технички преглед. /крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Прво ја нападнале жената, па меѓусебно се истепале и кршеле покуќнина – двајца приведени во Штип
Полицијата во Штип вчера ги приведе 35-годишниот В.Д. и 33-годишниот С.Д., обајцата од Штип, по претходна пријава поднесена од 29-годишната Ѓ.М.
Според пријавеното, В.Д. физички ја нападнал Ѓ.М., по што тој и С.Д. меѓусебно се пресметале, при што користеле разни предмети и оштетиле дел од покуќнината во домот.
Полицијата работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Ограбена сендвичара на Бит Пазар – украдени пари од касата
Утрото на 21 ноември во скопската полиција било пријавено дека во периодот меѓу 00:30 и 07:15 часот била ограбена сендвичара на подрачјето на Бит Пазар во Скопје.
Според пријавеното, непознат сторител со употреба на физичка сила и алат успеал да влезе во објектот и да одземе пари од касата.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Mигрант почина во Комплексот клиники, бил хоспитализиран на нефрологија
Клиниката за нефрологија при Клиничкиот комплекс Мајка Тереза вчера пријавила во скопската полиција дека кај нив бил донесен 41-годишниот Л.Ш., мигрант, кој имал потреба од итна лекарска помош.
Мигрантот бил примен на 20 ноември, a починал следното утро, на 21 ноември, во 06:48 часот.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

