Контакт

Филм

Патувачкото кино на „Македокс“ ќе се одвива во Демирхисарскиот регион

Објавено пред

Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ в недела тргнува на Патувачкото кино, кое годинава ќе се одвива во Демирхисарскиот регион.

dobivaj vesti na viber

Патувачкото магаренце на Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ тргнува на пат. Првата проекција ќе се одржи на 17-ти август, недела, во Крушево. 

До 28-ми август карванот на „Македокс“ ќе овозможи синеастичко доживување во осум демирхисарски села, а ќе тргне од градот Крушево по следниот редослед: Крушево (17 август), Журче (18 август), Жван (20 август), Единаковци (21 август), Слепче (23 август), Смилево (24 август), Бабино (26 август), Сопотница (27 август) и Слоештица на 28-ми август 2014 година. 

„Патувачкото кино е старо колку и фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ и веќе петта година со своето патувачко магаренце ги посетува подзаборавените, а восхитувачки убави региони во Македонија. Целта на Патувачкото кино е непосредно да влијае во процесот на децентрализација на културата во државата и да овозможи кинопроекции во мали и рурални места, кадешто жителите немале можност за синеастичко доживување повеќе од 40 години“, велат од дирекцијата на Фестивалот. 

Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ и Патувачкото кино се поддржани од Националната фондација за демократија од Вашингтон, Амбасадите на САД, Холандија и на Шпанија во Скопје, Министерството за култура на РМ и Агенцијата за филм на РМ, Градот Скопје и Канцеларијата на ЕУ во Скопје.крај/мф

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

(Видео) Tри филма што Скорсезе ги смета за врв на кинематографијата

Објавено пред

Мартин Скорсезе, еден од највлијателните американски режисери, со децении ги поместува границите на филмскиот израз. Неговата филмографија опфаќа широк опсег на жанрови – од насилни урбани приказни до сложени љубовни драми и духовни дилеми.

dobivaj vesti na viber

Иако неговите понови филмови, како „Ирецот“ и „Тишината“, сè уште се препознатливи по нивната визуелна раскош и длабока анализа на ликови, многумина сè уште сметаат дека неговите најголеми дела потекнуваат од поранешниот период – со насловите „Таксист“, „Добри момци“ и „Разјарениот бик“.

Во текот на својата кариера Скорсезе често ги издвојуваше режисерите што го инспирираа, меѓу кои и Акира Куросава, Ингмар Бергман и Џон Форд. Сепак, еден особено го допре – јапонскиот режисер Кенџи Мизогучи, познат по класичните филмови, кои прикажуваат емоции преку поетски ритам и внимателно изработени слики.

Како негов омилен го наведува филмот на Мизогучи, „Приказни под месечината и дождот“ (Ugetsu monogatari) од 1953 година, кој ја следи приказната за амбициите, љубовта и за војната во 16 век.

„Овој филм имаше најголемо влијание врз мене. Има моменти во тој филм што ги гледав одново и одново и кои секојпат ми го одземаат здивот“, рече Скорсезе, пренесе магазинот „Фар аут“.

Иако „Приказни под месечината и дождот“ често се смета за ремек-дело, Скорсезе ја цени целата трилогија, која ги вклучува и „Животот на Охару“ (Saikaku ichidai onna) и „Саншо судијата“ (Sanshô dayû), а за која вели дека е врвот на светската кинематографија.

Работата на Мизогучи го отелотворува она што многумина го сакаат во јапонскиот филм – суптилност, емоции и елеганција. Неговото влијание може да се види и кај современите режисери, како Хироказу Коре-еда, кој го комбинира секојдневниот живот со длабоки емотивни слоеви. Восхитувањето на Скорсезе кон Мизогучи е уште еден доказ за неговата длабока поврзаност со филмската историја – и неговата непоколеблива почит кон мајсторите на визуелното раскажување приказни.

Прикажи повеќе...

Култура

„Македокс“: Платформата „Некстас“ го носи документарниот филм во училница

Објавено пред

Употреба на документарниот филм како едукативна алатка во формалното образование е силна мисија на Здружението за промоција на документаристиката „МакеДокс“. Оваа децениска посветеност резултира со бројни успеси, а новитет во едукативната програма на „МакеДокс“ е „Некстас“, платформата за наставници кои се стремат да поттикнат критичко размислување кај младите луѓе и се подготвени да иновираат со нови аудиовизуелни средства во наставата.

dobivaj vesti na viber

Во насока на претставување на платформата „Некстас“ пред професори од средните училишта во Скопје, во петок, 11 април, во просториите на „Јуроп хаус Скопје“, со почеток во 11:00 часот, „МакеДокс“ ќе одржи презентација и кратка обука проследена со дискусија. Свои обраќања ќе имаат Надица Таневска Јанева, социолог и професорка во СУГС „Георги Димитров“ – Скопје, и Сашо Алушевски од „МакеДокс“.

Настанот е од отворен тип, но пријавувањето за присуство на настанот е задолжително. Линк за пријавување: https://forms.gle/cpEnERjVx4etdAsm8

Оваа образовна платформа на наставниците и учениците им нуди бесплатен пристап до динамична дигитална средина која содржи обемна колекција на документарни филмови од целиот свет, придружени со помошни материјали во насока на наставните планови на речиси секој предмет во средното образование. „Некстас“ е достапна на неколку јазици, отсега и на македонски јазик, а користењето на оваа платформа како ново аудиовизуелно средство е одобрено од Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука на РСМ.

„Некстас“ е партнерски проект на „Docs Barcelona“ (Шпанија), „DOK.fest Munich“ (Германија), „Thessaloniki Film Festival“ (Грција), „Indie Lisboa“ (Португалија), „Sottodiciotto Film Festival“ (Италија) и „МакеДокс“ (С Македонија), а проектот е поддржан од програмата „Креативна Европа“ – потпрограма Медиа.

„Некстас“ веќе ја користат над 10.000 наставници и професори ширум Европа. Линк до платформата: https://nextus.global/mk

Прикажи повеќе...

Култура

„Бруталистот“ и „Емилија Перез“ доминираа на Златните глобуси – над 10 милиони луѓе го следеа емитувањето

Објавено пред

Овогодинешната церемонија на доделување на Златните глобуси привлече повеќе од 10 милиони гледачи на телевизиските екрани, што е благ пораст на гледаноста во споредба со претходната година, изјавија во понеделникот продуцентите на настанот, на кој доминираа филмовите Бруталист и Емилија Перез во однос на наградите.

dobivaj vesti na viber

Зголемувањето на гледаноста на неделната гала во последниве години покажува благ нагорен тренд кога станува збор за интересот за слични настани, бидејќи Холивуд се обидува да се оддалечи од влијанието на штрајковите и пандемијата, а наградите Глобус постепено се опоравуваат од сопствените контроверзи и скандали.

Просечната бројка од 10,1 милиони гледачи кои го гледале шоуто е зголемување од 7 отсто во споредба со галата во 2024 година и значителен скок од едвај шест милиони гледачи една година порано.

Златните глобуси, холивудски филмски и телевизиски награди, кое некогаш беше второ по популарност по Оскарите, беше во криза во последниве години. Во 2022 година, гала настанот не се ни емитуваше. Поранешната телевизија Ен-Би-Си ја донесе ваквата одлука затоа што нејзиното раководство беше огорчено од недостатокот на различност и етички пропусти на групата новинари кои претходно ги организираа наградите.

Церемонијата на доделување на престижните награди беше повторно лансирана минатата година под нов приватен сопственик, а беше емитувана на „Си-Би-Ес“ во неделата навечер. Исто така, вреди да се напомене дека наградите им беа доделени на холивудските ѕвезди од А-листата во блескавата сала за бал во Беверли Хилс. На овогодинешните награди доминираа мјузиклот Емилија Перез и епската имигрантска драма Бруталист.

Мексиканскиот филм Емилија Перез на францускиот режисер Жак Аудиар освои четири награди, вклучително и за најдобра комедија или мјузикл, додека „Бруталистот“ беше прогласен за најдобра драма, а наградата за најдобар актер му припадна на главниот лик на филмот Адриен Броди, кој го игра архитектот Ласло Тот, Евреин којшто го преживеал холокауст.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Алиу: Aко влезете во чекална на Онкологија тоа личи на се, само не на Клиника која треба да која треба да лекува такви пациенти

Министерот за здравство Азир Алиу, на денешната прес-конференција најави дека ќе се дисперзираат базичните услуги за онколошките пациенти низ државава,...

Свет2 часа

Русија и предаде на Украина уште 1.200 тела на украински војници убиени во војната

Русија денеска и предаде на Украина уште 1.200 тела на украински војници убиени во војната, објавија руските новински агенции ТАСС...

Македонија2 часа

Вкупно 22 лица досега побарале асистенција за напуштање на Израел и враќање во Македонија

Вкупно 22 лица досега побарале асистенција за напуштање на територијата на Израел и враќање во Македонија. Станува збор за државјани...

Македонија4 часа

Во МНР формиран кризен штаб достапен 24 часа за македонските државјани од Израел и Иран

Согласно влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите државјани на Македонија...

Свет7 часа

Израел испрати предупредување за евакуација

Израел  започна нови напади насочени кон нуклеарната програма на Иран, а Иран возврати со ракетни напади во кои загинаа најмалку...

Свет8 часа

Конфликтот меѓу Израел и Иран влезе во опасна фаза, а ова се најлошите сценарија, светот би бил во пламен

Засега, борбите меѓу Израел и Иран се чини дека се ограничени на двете нации. Имаше широки повици за воздржаност во...

Свет9 часа

Иран ноќеска започна нов бран ракетни напади врз Израел

Иран ноќеска започна нов бран ракетни напади врз Израел, во кои, според израелските медиуми, загинаа најмалку осум лица, а над...

Свет22 часа

Убиени политичарка и нејзиниот сопруг во САД, ранети сентатор и неговата сопруга

Гувернерот на Минесота, Тим Волц, изјави дека поранешната претседателка на Претставничкиот дом, Мелиса Хортман, и нејзиниот сопруг, Марк, биле убиени...

Економија1 ден

Од идеја до бизнис со помош на државата, Владата обезбеди 40 милиони евра

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска престојуваше во Тетово каде што оствари работна посета и средба со граѓани,...

Топ1 ден

Маж нападнал девојче со нож, полицијата пукала за да го спречи, но тој избегал

Велешката полиција вчера попладне испукала неколку предупредувачки куршуми во воздух во обид да го спречи нападот од 23-годишно лице кое...

Економија1 ден

Мицкоски: Земјоделците се херои на денешницата, Владата останува посветена на нивната поддршка

На манифестацијата „Од нива до трпеза“, која денеска се одржува во Скопје, премиерот Христијан Мицкоски упати јасна порака за поддршка...

Топ1 ден

Го следеле од менувачница, го нападнале и му ги зеле парите

Основното јавно обвинителство Куманово поведе истражна постапка против две лица осомничени за кривично дело – Разбојништво по член 237 став...

Македонија1 ден

СДСМ тврди дека Јанев и Тошковски знаеле сè, а се сомневаат и во уништување на докази

Приведените полициски службеници за трагедијата во Кочани се истите за кои СДСМ со месеци наназад алармираше, објавуваше факти и аргументи...

Свет1 ден

Две лица загинаа, а 19 се ранети во четвртиот ирански напад врз Израел

Иран утрово започна четврти бран ракетни напади врз Израел, во рамки на Операцијата „Вистинско ветување 3“, соопшти иранската државна телевизија....

Македонија1 ден

Денеска топол ден низ цела Македонија

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека денеска нѐ очекува претежно сончево и топло време, со слаб до умерен ветер,...

Македонија2 дена

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на уште осум кандидати за градоначалници

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во Штип определи уште осум кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука...

Свет2 дена

(Видео) Се шират снимки од иранскиот напад врз Израел

На социјалните мрежи се шират снимки од иранскиот напад врз Тел Авив. Иран истрела стотици различни балистички ракети кон Израел,...

Свет2 дена

Иран: Одмаздата против Израел почна

Иран потврди дека почнал да се одмаздува против Израел, јавува државната новинска агенција ИРНА. Иран истрела стотици различни балистички ракети...

Македонија2 дена

(Видео) Во Гази Баба се гради огромна дива депонија без никакви дозволи, објави Арсовска

Во општина Гази Баба, фирма затекната од инспекторат на град Скопје при вршење нелегални активности, правење огромна дива депонија со...

Македонија2 дена

За двајца поранешни министри запрена постапката за трагедијата во Кочани

За 11 лица е запрена постапката и нема да се гонат за трагедијата во Кочани бидејќи немало доволно докази, а...