Спорт
Тепачка во нигериската соблекувална

По елиминацијата од мундијалот, напаѓачот на нигерсиката репрезентација Одемвинге за новинарите изјавил дека неговите колеги речиси се истепале во соблекувалната по поразот од Грција и нерешенито резултат со Јужна Кореја
Питер Одемвинге на африанските новинари им открил декаво собелкувалната дошло до кошкања и сериозни закани и обвинувања по мечот со Грција, и според него не е чудо што со ваква атмосфера репрезентацијата на Нигерија не го мина натпреварувањето по групи, пренесува Associoated Press.Одемвинге кој е роден во Русија од нигериски татко и Русинка директно го обвинува капитенот Нванкве Кану за елиминацијата, лошата атмосфера и фактот дека не се заземал за иргачите. „Кану не се однесуваше како капитен, се што сакаше од ова првенство е да влезе во историјата како играч со три мундијали. Со играчите немаше речиси никаков контакт, не се однесуваше како нивен лидер, туку им се додворуваше на челниците на Сојузот и на селекторот само да го стави во игра и да се запише во книгата на рекордите“, обвиинува Одемвинге.Тој како еден од виноцвниците за нигерискиот неуспех го набројува и бекот Џосеф Јобо кој според ОДемвинге „непрофесионално се повредил во мечот со Јужна Кореја и го оставил тимот на цедило“.На ова Нигерискиот фудбалски сојуз одговори со соопштени во кое објави дека Одемвинге заради „лошото влиајние“ нема повеќ да биде повикбуан во составот на нациоанлната селекција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) ВАР ја спаси Франција против Исланд, Португалците славеа во Будимпешта, Австрија победи кај БиХ

Многу возбудувања во квалификациите за Светското првенство 2026. Португалците славеа против Унгарија во Будимпешта во исклучително драматичен натпревар, Французите по пресврт славеа над Исланд во Париз, а Австрија на гостински терен славеше победа над БиХ.
Репрезентацијата на Босна и Херцеговина загуби дома од Австрија со 1:2. Един Џеко постигна гол за БиХ, додека Марсел Сабицер и Конрад Лајмер ги постигнаа головите за Австрија.
Ова беше прв пораз на Босна и Херцеговина во овие квалификации по четири победи. БиХ сè уште прва во Групата Х, но Австрија има натпревар помалку. Во истата група, Кипар и Романија одиграа нерешено 2:2.
Тесни победи забележаа Франција и Португалија.
Исланд поведе со 0:1 во Париз, но Французите успеаја да го свертат резултатот со головите на Мбапе и Баркола. По црвениот картон на Чуамени, Исланѓаните постигнаа гол во 89-та минута, но голот беше поништен.
Португалија славеше на гости против Унгарија. Барнабас Варга постигна два гола за домаќините, додека Бернардо Силва, Роналдо од пенал и Жоао Кансело за победа во 86.минута ги постигнаа головите за гостите.
Резултати
Франција – Исланд 2:1
Унгарија – Португалија 2:3
Босна и Херцеговина – Австрија 1:2
Кипар – Романија 2:2
Норвешка – Молдавија 11:1
Албанија – Латвија 1:0
Србија – Англија 0:5
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Норвешка спакува 11 парчиња во мрежата на Молдавија, се изедначи со Македонија на вечната листа

Норвашката репрезентација оствари рекордна победа од 11:1 над Молдавија во квалификациите за Светското првенство во 2026 година. Норвежаните продолжија со совршениот настап во првите пет кола и сега имаат 15 бода со гол разлика од +21.
Натпреварот го одбележа феноменалниот Ерлинг Браут Халанд, кој постигна дури пет гола и додаде уште две асистенции, додека Мартин Одегард постигна еден гол со две асистенции. Блескаше и Тело Асгард, кој влезе во игра во 64-та минута и постигна четири гола до крајот на натпреварот. Еден гол постигна и Феликс Хорн Михре.
Интересно и голот за Молдавија го постигна репрезентативец на Норвешка, Лео Остигард си постигна автогол во 71.минута.
Со вечервашниот настап, Норвешка се приближи до европскиот рекорд, кога станува збор за квалификации за Светското првенство. Рекордер е Германија во 1970 година, го победи го победи Кипар со 12:0, а Норвешка се изедначи на второто место со Грција и Македонија.
Најголемите победи во историјата на европските квалификации за Светското првенство:
Германија – Кипар 12:0 (1969)
Норвешка – Молдавија 11:1 (2025)
Лихтенштајн – Македонија 1:11 (1996)
Унгарија – Грција 11:1 (1938)
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Англија ја декласира Србија среде Белград

Фудбалската репрезентација на Англија ја декласира Србија среде Белград со 5:0, во натпревар одигран во К групата, во квалификациите за пласман на Светското првенство. Како стојат работите во оваа група на Англија, која има пет победи во исто толку натпревари потребна и е уште една победа за да избори место на Мундијалот наредното лето. Србија со Албанија ќе се бори за втората позција и место во баражот.
Од првата до последната минута натпреварот во Белград беше еднонасочна улица. Србите ниту еднаш не се заканија кон голот на Пикфорд.
Некако се држеа Србите во првите 30 минути, Англичаните ја контролираа топката но не можеа да го пробијат нискиот блок на противникот. Кејн го постигна првиот гол во 32.минута, а кога три минути подоцна гол постигна и Мадуеке, јасно беше дека Англија ќе победи.
Во второто полувреме, голови постигнаа централните дефанзивци Конса и Гуеи. Потоа Србија остана со играч помалку, црвен картон доби Миленковиќ, а точка на натпреварот стави Рашфорд од пенал во 90.минута.
Foto/ EPA