Свет
Демонстрациите се проширија пред египетскиот парламент
Антивладините протести во Каиро се проширија и пред зградата на парламентот, која е целосно блокирана, а ја чува армијата, јавува BBC
На 16-от ден од почетокот на протестите за сменување на претседателот Хосни Мубарак тие се повеќе се шират и покрај предупредувањето од потпретседателот Омар Сулејман дека мора веднаш да прекинат. Сулејман синоќа изјави дека „не би сакале да го заздравуваме египетското општество со полициски алатки“.Демонстрантите го сметаат парламентот за нелегитимен, поради наместените избори кон крајот на минатата година, на која владејачката партија на Мубарак освои огромно мнозинство.Сулејман, исто така, предупреди дека ако пропадне дијалогот со демонстрантите, алтернативата би била „воен удар, што би значело непресметани и избрзани чекори . што ќе доведе до многу ирационалности“.Портпаролот на коалицијата на младински групи за протест, Абдулрахман Самир го обвини Сулејман дека создава катастрофично сценарио“.„„Тој се заканува дека ќе наметне воена состојба, што значи дека сите ние на плоштадот „Тарир“ ќе бидеме смачкани“. Но, што ќе стори со другите 70 милиони Египќани кои ќе дојдат по нас?“, прашува Самир.Истовремено, пристигнуваат извештаи и за протести надвор од Каиро, некои од нив и насилни. Најмалку двајца загинале во текот на протестите во оазата Харга на југот на земјата, а очевидци тврдат дека таму полицијата отворила оган на демонстрантите со боева муниција.Во јужната провинција Асуит, околу 8.000 демонстранти ги блокирале главните железнички и патни правци кон Каиро со запалени палми.На Суецкиот канал, пак, преку 6.000 работници во државната компанијата која го одржува каналот излегле на штрајк. Штрајкот не го попречува сообраќајот низ главната артерија која го поврзува Медитеранот и Црвеното море.Владата пред неколку дена го објави својот план за мирна транзиција на власта, со тоа што Мубарак би си ја задал функцијата до септември годинава, кога му истекува петтиот претседателски мандат.Според организацијата „Хјуман рајтс воч“, во немирите во Египет е потврдена смртта на 2 97 од 28 јануари наваму. Информациите се доставени од осум болници во Каиро, Александрија и Суец. Владата досега не излезе со официјална бројка на загинати во немирите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател
САД денес ги укинаа санкциите врз сирискиот претседател Ахмед ал-Шариа, само неколку дена пред неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп.
Според белешката на веб-страницата на американското Министерство за финансии, САД ги отстранија ознаките за глобални терористи од ал-Шариа и сирискиот министер за внатрешни работи Анас Хатаб. Велика Британија, исто така, денес ги укина санкциите врз сирискиот претседател, еден ден откако Советот за безбедност на ОН го стори истото.
Портпаролот на Европската унија денес изјави дека одлуката на ОН ќе влијае и врз мерките на ЕУ. Ал-Шариа и Хатаб претходно беа под финансиски санкции кои беа насочени кон Исламска држава и Ал Каеда.
фотo: принтскрин
Свет
Универзитетот Корнел постигна договор со Трамп за деблокирање на парите за истражување
Универзитетот Корнел денес објави дека постигнал договор со администрацијата на Трамп за моментален поврат на повеќе од 250 милиони долари од финансирањето за истражување кое беше замрзнато од април.
Претседателот на Корнел, Мајкл Котликоф, во соопштението изјави дека универзитетот ќе ѝ плати на владата 30 милиони долари и ќе инвестира дополнителни 30 милиони долари во земјоделски истражувања во текот на три години како дел од договорот.
Тој нагласи дека ниту една владина истрага или преглед на работата на универзитетот не открила дека ги прекршил законите за граѓански права. Администрацијата се согласи да ги затвори сите истраги.
Министерката за образование, Линда Мекмахон, објави на платформата X дека договорот е уште една победа во напорите за ставање крај на „поларизирачките политики на DEI“ на врвните американски универзитети кои ја сочинуваат таканаречената Ајви лига.
Администрацијата на Трамп го замрзна финансирањето на универзитетот во април бидејќи рече дека не направил доволно за борба против антисемитизмот.
Администрацијата на Трамп врши притисок врз врвните американски универзитети поради пропалестинските студентски протести, кои ги смета за антисемитски, и политиките насочени кон поттикнување на различноста, кои ги смета за дискриминаторски.
Харвард, најбогатиот и најстариот универзитет во Соединетите Американски Држави, е исто така цел на администрацијата на Трамп и започна правна битка, но сè уште бара спогодба. Трамп во септември изјави дека договорот со Харвард е блиску.
Универзитетот Колумбија и другите американски универзитети постигнаа договори со Трамп ова лето.
фото: принтскрин
Свет
ОН дискутираше за човековите права во САД, американските претставници не се појавија
САД станаа втората земја по Израел што одби да учествува во дебатата на ОН за состојбата со човековите права во својата земја, оставајќи празни места на сесијата на Работната група на Советот за човекови права на ОН во Женева денес.
САД, исто така, не достави национален извештај пред состанокот, соопшти работната група, со што официјално е евидентирана „несоработката“ на Вашингтон. Одлуката нема непосредни последици, а групата ги повика САД повторно да се приклучат на процесот подоцна. Во соопштението од американската мисија во Женева се вели дека ОН „се преправа дека е загрижена за човековите права“, додека им дозволува на познатите злоупотребувачи да ја користат организацијата за „да се кријат од контрола“.
Во соопштението, исто така, се обвинува ОН за „постојана пристрасност против Израел“. Од 2008 година, од сите 193 земји-членки на ОН се бара да поминат низ таканаречен Универзален периодичен преглед (УПР) на нивната состојба со човековите права приближно на секои пет години. Потоа, земјите ги презентираат своите извештаи за напредок, додека други можат да постават прашања и да дадат препораки.
фото: принтскрин

