Свет
Ослободени две девојчиња во Јемен по една година заложништво
Саудиските војници на границата со Јемен ослободиле две девојчиња од Германија, киднапирани пред речиси една година со група од девет туристи, јавија денеска агенциите
Саудиските војници на границата со Јемен ослободиле две девојчиња од Германија, киднапирани пред речиси една година со група од девет туристи, јавија денеска агенциите.
Две Германки и жена од јужна Кореја, кои биле дел од киднапираната група во Јемен, биле пронајдени мртви, а судбината на останатите – петчлено германско семејство и еден Британец, се до ослободувањето на девојчињата беше непозната. И сега не се знае што е со останатите четворица.
Германскиот министер за надворешни работи соопшти дека девојчињата со оглед на околностите се чувствуваат добро и утре ќе се вратат дома.
Киднаперите, се претпоставува, дека се поврзани со терористичката мрежа Ал Каеда, која во последно време зајакна во Јемен.
Туристите биле киднапирани во северниот дел на државата, каде владините сили од 2004 година се судираат со шиитските бунтовници, кои тврдат дека не се поврзани со грабнувањето./крај/24ур/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Српската полиција: На протестот имаше помалку од 30.000 луѓе; Архивата на јавни собири: Имаше 2-3 пати повеќе
Архивата на јавни собири во Србија објави проценка колку луѓе учествувале на протестот што се одржа вчера на белградскиот плоштад Славија. Врз основа на достапните снимки и фотографии, Архивата на јавните собири утврди дека се собрале меѓу 100.000 и 102.000 луѓе.
Beograd, Slavija, protest. pic.twitter.com/PWI4t9on5r
— Petervujin (@Petervujin61176) December 22, 2024
Да потсетиме, тоа беше заеднички протест на студентите среде блокадите на факултетите, каде тие бараат одговорност од властите за несреќата во Нови Сад.
Na današnjem protestu na Slaviji demonstranti su zauzeli površinu od oko 45.000 kvadratnih metara, što znači da je broj prisutnih bio između 2 i 3 puta veći od službene procene MUP-a. Arhiv javnih skupova radi na konkretnijoj proceni, što je u ovom slučaju posebno obiman posao. pic.twitter.com/CgCCLWCryG
— Arhiv javnih skupova (@javniskupovi) December 22, 2024
Српското МВР претходно соопшти дека во моментот на најголемата посетеност на протестот имало од 28.000 до 29.000 граѓани. Снимките со кои се пребројувале учесниците се снимени во периодот од 16:45 до 17:00 часот, објаснуваат од Архивот.
Свет
Трамп го сака Тикток на американскиот пазар, најави и крај на „трансродовото лудило“
Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп изјави дека е за продолжување на Тикток да работи во земјата барем на некое време, тврдејќи дека добил милијарди прегледи на платформата за социјалните медиуми за време на претседателската кампања.
Коментарите на Трамп пред толпата конзервативни поддржувачи во Феникс, Аризона, беа еден од најсилните сигнали досега за неговото противење на можното излегување на Тикток од американскиот пазар.
Во април, Сенатот усвои закон со кој се бара од матичната компанија на Тикток, кинеската БајтДенс, да ја продаде апликацијата, повикувајќи се на загриженост за националната безбедност.
Сопствениците на Тикток се обидоа да го поништат законот, а Врховниот суд на САД се согласи да го сослуша случајот. Но, ако судот не донесе одлука во корист на БајтДенс и продажбата не се случи, забраната за апликацијата во САД би можела да стапи на сила на 19 јануари, ден пред Трамп да ја преземе функцијата претседател.
Нејасно е како Трамп ќе постигне поништување на одлуката за продажба на Тикток, која беше изгласана со огромно мнозинство во Сенатот.
„Мислам дека ќе треба да почнеме да размислуваме за тоа затоа што, знаете, отидовме на Тикток и имавме одличен одговор со милијарди и милијарди прегледи“, рече Трамп на толпата на „АмерикаФест“, годишен фестивал, организиран од конзервативната група Turning Point.
„Ми ги покажаа бројките, тие беа рекордни, и беше толку убаво да се види, и додека гледав, реков „добро, можеби треба да го задржиме ова уште некое време“, рече тој.
Трамп во понеделникот се сретна со извршниот директор на Тикток. На прес-конференција истиот ден, тој рече дека Тикток „го добил“ благодарение на успехот на неговата кампања на апликацијата.
Американското Министерство за правда тврди дека кинеската контрола над ТикТок претставува континуирана закана за националната безбедност, позиција што ја поддржуваат повеќето американски законодавци.
„Ден на ослободувањето“
Во неделата во Феникс, Трамп повторно се сврте кон имиграцијата, уште една омилена тема во неговата кампања.
На првиот ден на функцијата, тој вети дека „ќе потпише серија извршни наредби за затворање на границата за илегалните имигранти и запирање на инвазијата на нашата земја. А истиот ден, тој ќе ја започне најголемата операција за депортација во историјата на Соединетите Американски Држави“.
„20-ти Јануари навистина ќе биде ден на ослободување во Америка“, рече тој за време на настан организиран од Turning Point USA, конзервативна младинска организација.
Тој најави и дека ќе престане со „трансродовото лудило“ уште на првиот ден на функцијата, наведувајќи дека под негова администрација ќе има два пола – машки и женски.
„Ќе потпишам извршни наредби за ставање крај на сексуалното осакатување на децата, исклучување на трансродовите лица од војската и исклучување од нашите основни и средни училишта“.
Трамп им вети на толпата млади конзервативци „да ги чува мажите надвор од женскиот спорт“, додавајќи дека „официјалната политика на владата на Соединетите држави ќе биде дека има само два пола, машки и женски“.
Свет
(Видео) Запалил жена во метрото во Њујорк, а потоа мирно продолжил да седи додека таа умирала
Една жена која спиела во метро станица во Бруклин починала откако била запалена во неделата наутро, соопшти њујоршката полиција.
Осомничениот е имигрант од Гватемала кој влегол во САД во 2018 година, додаде полицијата. Тој мирно и пришол на жртвата која била во седечка положба и најверојатно и ја запалил облеката со запалка која за неколку секунди се разгорела.
NYPD has arrested Sebastian Zapeta, a Guatemalan migrant, accused of setting a sleeping woman on fire on a New York subway and watching her burn to death. pic.twitter.com/Hv70Jl51W7
— Tiffany Fong (@TiffanyFong_) December 23, 2024
За гаснење на пожарот била повикана итна помош, но на местото на настанот била констатирана смрт на жената. За тоа време, осомничениот мирно седел на станицата, но неговиот чин бил снимен од камерите и бил препознаен од сведоци.
Засега нема повеќе информации за жртвата. Њујоршкото метро во текот на зимските месеци често е рај за бездомниците кои бегаат од студот. Во Њујорк во моментов времето е студено, а ноќните температури се спуштаат до -10 степени.