Скопје
Илјада учеснички на Женската трка во Скопје
Успешно беше реализирана во неделата Женската трка, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, под покровителство на Град Скопје, која по третпат се оддржуваше во Градскиот парк, чија цел е превенцијата од заболувањата започнете ја со вежбање.
Тоа беше доволен мотив за илјада жени да трчаат на патеката „полна здравје“, иако дождот втора година по ред сакаше да им пркоси на дамите. Трката беше од ревијален карактер, со Аеробик час од 30 минути и 1000 метри патека за трчање значеше дека сите учеснички беа победници кои се залагаат за превенција од заболувања. Награди им беа доделени на најсреќните припаднички на понежниот пол кои беа извлечени на наградната игра по завршувањето на трката.
„Ова е начин на кој жените покажаа дека здравјето е нивен приоритет. Денешната Женска трка со бројка од околу илјада жени, беше доказ дека припадничките на понежниот пол кај нас знаат како да се грижат за своето здравје“, рече Гордана Николовска од Сојуз на спортови на Скопје.
„Овие жени, кои денеска земаа учество на Женската трка, е успешна приказна која тие самите ја докажуваат за себе. Едно големо браво за сите девојки кои денес трчаа на патеката која за нив значеше здравј“ дополни Кире Синадиновски од „Виз Ер Скопски Маратон”.
Денешниот настан е начин на кој жените покажаа дека вежбањето, забавата и наградите одат заедно. Успешно реализираната Женска трка претставуваше всушност најава за „Виз Ер Скопски Маратон“, кој ќе се оддржи на 10-ти мај, за кој пријавувањето е во тек./крај/мф/мг
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

