Свет
Сопственикот на „Славија“ избега во Бугарија
Судијата Александар Младеновски, од Основниот суд 2 во Скопје, демантира дека учествувал во криминалната приватизација и бил на платниот список на раководството на фирмата
Се расплеткува криминалната приватизација
Судијата Александар Младеновски, од Основниот суд 2 во Скопје, демантира дека учествувал во криминалната приватизација и бил на платниот список на раководството на фирмата
Судијата Александар Младеновски, од Основниот суд 2 во Скопје, вчера демантира дека учествувал во криминалната приватизација на „Славија“, дека му давал правни совети на раководството на оваа фирма и дека бил на нивен платен список, како што објави „Дневник“.
Изворите на „Дневник“ блиски до истрагата тврдат дека тој не бил вклучен во судски процеси за трансформација на капиталот на „Славија“, но додаваат дека водел повеќе други процеси во кои таа фирма тужела или била тужена од други фирми, дека им давал совети, за што примал пари од раководството. Поради тоа, судијата Младеновски е осомничен дека ја искористил службената положба и овластувања и дека постапувал спротивно на Законот за судовите и на судскиот деловник.
Дознаваме дека поранешниот управител и сопственик на „Славија“, Кирил Кочовски, осомничен за незаконска приватизација на фирмата, за време на викендот ја напуштил Македонија и заедно со својот адвокат, Ставре Џиков, заминал во Бугарија.
Младеновски во својата вчерашна реакција наведува дека во написот биле изнесени груби невистини со кои се нарушуваат неговата чест и углед.
– Се пишува за мое учество во приватизации на правни субјекти, иако никогаш не сум работел во оддели што се занимаваат со такви постапки. Се пишува за „кршење на судски деловник“, за давање на правни совети и „водење“ на процес на приватизација, за платен список, без притоа да се води елементарна сметка за ноторниот факт дека сум бил в.д. претседател на Судот два месеца, од 19 декември 2005 до 22 февруари 2006 година. Од назначувањето за судија, од 1 јули 1996 година до септември 2005 година сум работел на одделот Граѓанска парница, а од септември 2005 година работам на одделот Стопанска парница, каде што ги презедов предметите од судијата Мери Дика Георгиевска, откако таа беше избрана за судија во Апелацискиот суд Скопје. Никогаш не сум работел во стечаен оддел или на слична материја што има допирни точки со приватизации и немам никакво искуство во таа правна материја за да би бил и во теоретска можност да давам некому правни или други совети од таа област – наведува тој.
Според него, „дегутантно е да ја изложува биографијата преку дневен печат или јавно да говори дека нема никакви врски со правниот субјект ‘Славија’“, како и дека „од весникот прв пат дознавам дека сум ‘осомничен’“.
– Јавно го повикувам новинарот да ги објави спорните одлуки, како и „платните списоци“. Сметам дека со овој демант барем малку ќе се исправат нанесените штетни последици врз мојата личност, која, ако оценам за потребно, понатаму ќе ја бранам и во соодветна судска постапка – пишува судијата Младеновски.
Извори на „Дневник“ блиски до истрагата велат дека досега се откриени десетина предмети во кои „Славија“ била странка, а кои ги водел Младеновски. Бидејќи бил судија во Граѓанскиот оддел, не се знае како дошло до тоа тој да ги води тие предмети, па постои сомневање дека имал помош од други судии во судот. Истите извори велат дека најверојатно има и други вакви предмети.
Истражните органи располагаат со докази дека судијата Младеновски, иако водел предмети во кои „Славија“ била странка, тој често бил гледан во просториите на фирмата, а не ретко раководството го честело со богати ручеци. Дури имал и свој прекар – „Пингвин“. Постоеле и докази дека примал пари од раководството на фирмата. Неколкупати тој добивал по 60.000 денари спакувани во бел плик. Исто така, постојат и докази дека мајка му, Даница Младеновска, поранешна судијка за стопански спорови, била хонорарно ангажирана од раководството на „Славија“ за правни совети.
Кирил Кочовски го избегна притворот
Според сознанијата, Кирил Кочовски и Ставре Џиков ја напуштиле државата откако Кривичниот совет на скопскиот Основен суд 2 ја прифатил жалбата на Обвинителството и донел решение за негово притварање. Иако решението за притвор било донесено во петокот попладне, за тоа и вчера не беа известени ни МВР ни Обвинителството. Се претпоставува дека Кочовски за него дознал од „канали“ во Судот.
Кривичниот совет на вториот скопски суд, во кој биле судиите Јани Нича, Златко Линин и Лидија Неделковска, ја прифатиле жалбата на Обвинителството на одлуката на истражниот судија Вања Јуруковски, кој претходно одбил да го притвори Кочовски и тројца негови соработници. По Кочовски најверојатно ќе биде распишана меѓународна потерница.
(Н.Н.С.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле
Најмалку 42 мигранти се водат за исчезнати и се верува дека се удавиле кога гумен чамец се превртел кај либиското крајбрежје, соопшти Меѓународната организација за миграции (ИОМ).
Спасени се седум лица што шест дена пловеле по морето по потонувањето на чамецот со вкупно 49 лица во близина на нафтното поле Ал Бури, северозападно од либискиот брег.
Според ИОМ, мигрантите потекнуваат од Судан, Нигерија, Камерун и од Сомалија.
Од падот на режимот на Моамер Гадафи во 2011 година, Либија е клучна транзитна точка за мигранти, кои преку Средоземното Море се обидуваат да стигнат до Европа.
Оваа година во централниот дел на Средоземното Море веќе се удавиле повеќе од 1.000 мигранти, а најновата несреќа дополнително го зголеми овој број, соопшти ИОМ.
Организацијата потсети и на други смртоносни инциденти во последните недели кај Сурман и Лампедуза, како и на случајот во октомври кога западно од Триполи биле пронајдени телата на 61 мигрант.
Свет
Трамп со писмо до израелскиот претседател бара помилување на Нетанјаху
Израелскиот претседател Исак Херцог доби писмо од американскиот претседател Доналд Трамп, во кое го повикува да размисли за помилување на премиерот Бенјамин Нетанјаху, објави денес неговиот кабинет.
Нетанјаху се соочува со три одделни судења за корупција веќе неколку години, а Трамп постојано бара негово помилување.
„Иако апсолутно ја почитувам независноста на израелскиот судски систем и неговите барања, верувам дека овој ‘случај’ против Биби, кој долго време се бореше заедно со мене, вклучително и против многу моќниот непријател на Израел, Иран, е политички мотивиран, неоправдан прогон“, напиша Трамп во писмо до израелскиот претседател.
Канцеларијата на Херцог соопшти дека секој што бара претседателско помилување мора формално да го побара тоа во согласност со постојните процедури, објави „Ројтерс“.
Трамп исто така побара помилување за Нетанјаху за време на посетата на Израел во октомври во говор пред израелскиот парламент.
Лидерот на израелската опозиција, Јаир Лапид, одговори на повикот на Трамп со потсетување дека израелскиот закон предвидува дека првиот услов за помилување е признание на вина и изразување каење.
Порано оваа година, Лапид, „со должно почитување кон Трамп“, нагласи дека „никој не треба да се меша во правниот процес на независна држава“ и ја нарече иницијативата на американскиот претседател „компензација“ за Нетанјаху за притисокот врз него да ја запре војната во Газа.
„Тоа е типично за Трамп“, рече Лапид во тоа време.
Фото: ЕПА
Свет
Тужба против „Гугл“: Дали „Гемини“ следи сè што пишувате во „Гмајл“ и на „Чат“?
„Гугл“ се соочува со нова тужба во која се обвинува дека го користи својот асистент за вештачка интелигенција „Гемини“ за нелегално следење на приватните комуникации на корисниците на „Гмајл“, „Чат“ и „Мит“.
Во колективната тужба поднесена во федералниот суд во Калифорнија се тврди дека технолошкиот гигант тајно ја активирал алатката за сите корисници во октомври давајќи му пристап до приватни податоци без нивно знаење или согласност, објавува „Блумберг“.
Додека корисниците претходно имаа можност сами да ја вклучат програмата за вештачка интелигенција на „Гугл“, во тужбата се тврди дека компанијата во сопственост на „Алфабет“ еднострано ја променила практиката. Иако „Гемини“ може да се исклучи, корисниците мора да се движат низ комплицирани поставки за приватност за да ја пронајдат опцијата.
Доколку корисниците не го преземат тој чекор, „Гугл“ наводно го користи „Гемини“ за „пристап и експлоатација на целата снимена историја на приватните комуникации на своите корисници вклучувајќи ги и практично секоја е-пошта и прилог испратени и примени во нивните гмајл-сметки“, се наведува во тужбата.
Тужителите тврдат дека „Гугл“ го крши Законот за нарушување на приватноста на Калифорнија, закон од 1967 година, кој особено забранува тајно прислушување и снимање доверливи комуникации, без согласност на сите вклучени страни.
„Гугл“ сè уште не ги коментирал обвинувањата.

