Македонија
Предлогот на Петковски прифатлив за сите , ВМРО-ДПМНЕ воздржани

Предлогот за договор за партнерство меѓу политичките партии за решавање на трите најважни политички прашања (решение за името, спроведување на Рамковниот договор и решавање на статусот на ОНА), за опозициските партии и ДУИ е прифатлив, а од владејачката ВМРО-ДПМНЕ без коментар за истиот.
Предлогот за договор за партнерство меѓу политичките партии за решавање на трите најважни политички прашања (решение за името, спроведување на Рамковниот договор и решавање на статусот на ОНА), за опозициските партии и ДУИ е прифатлив, а од владејачката ВМРО-ДПМНЕ без коментар за истиот.
Договор на парламентарните партии за партнерство и не партиски туку државен став за клучните прашања за земјава е предлогот кој минатата недела беше предложен од пратеникот Тито Петковски од НСДП на седницата за пратенички прашања, а веќе е и ставен на хартија и треба да биде доставен до политичките партии.
За ДУИ секој предлог кој е за доброто на Македонија би требало да биде прифатлив од сите партии.
„Мислам дека кој било предлог од кого и да било, што е добронамерен и за унапредување на процесите на Република Македонија би требало да биде прифатлив од сите политички субјекти“, изјави денеска пратеникот Сафет Незири од ДУИ.
Тој рече дека сеуште го немаат добиено документот и дека кога ќе го добијат ќе излезат со конечен став.
Од СДСМ велат дека тие ќе поддржат секаков предлог кој е од интерес за земјата.
Флора Кадриу од Нова демократија изјави дека предлогот на НСДП сеуште не е доставен до партијата, но рече дека тие постојано укажуваат на тоа дека е потребен целосен меѓупартиски и меѓуетнички консензус.
Андреј Жерновски од ЛДП изјави дека треба да се дебатира и да се дојде до консензус за најбитните политички прашања во државата, а со тоа како што рече ќе се зацврсти Македонија како на внатрешен, така и на надворешен план.
Тој рече дека според ЛДП е битно да се дебатира за клучните прашања.
„Потписот според нас е најмала работа , битно е да се дојде до договор. Досега во Република Македонија ние не сме биле сведоци на таков договор. Дали ќе се стави некаков потпис или не, барем кај Груевски тоа е ирелевантно. Сакаме да се дискутира тоа“, рече Жерновски.
На седницата за пратенички прашања, Петковски јавно му предложи на премиерот Никола Груевски потпишување на меѓупартиски договор. За Груевски не е проблем потпишување на договор туку различните позиции за значајните прашања./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Големиот пожар во Трубарево се гасне и со хермелини

Специјализирани возила со хермелини, ер трактор, хеликоптери на МВР и АРМ, екипи на скопската противпожарна бригада го гаснат големиот пожат што избувна во Трубарево во складиштето за електронски отпад.
Видеата во прилог го прикажуваат гаснењето на огнот.
Македонија
Ѓорѓиевски: Пожарите се подметнати за создавање вештачка криза, скопјани се жртви на политички игри

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денеска порача дека споделува загриженост со скопјани за пожарите кои деновиве ја зафатија околината на главниот град, оценувајќи дека постојат сомнежи за нивно намерно подметнување.
„Не само што некој си игра со трпението, туку си игра и со здравјето на илјадници граѓани во Скопје! Го повикувам Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство да ги превземат сите неопходни мерки за откривање на сите кои се замешани во свесното и намерно потпалување на сите депонии околу главниот град Скопје. И ги повикувам да постапат брзо,“ истакна Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека институциите мора да делуваат за да го заштитат здравјето на граѓаните, посочувајќи дека „основани и отворени се сомнежите дека поголем дел од пожарите кои се случуваат овие денови се подметнати со цел создавање на вештачка криза во општеството во очи на претстојните локални избори“.
„Никогаш во последните неколку децении не ни се случувало ова – да се палат ридови и сите ѓубришта во радиус од 20 километри околу главниот град. Овие пожари се со цел да се предизвикаат политички пожари. За жал, граѓаните и ние скопјани сме жртви. На ова мора да му се стави крај,“ нагласи Ѓорѓиевски.
Тој најави дека по одржувањето на локалните избори прва и основна задача ќе му биде создавање на систем во кој „нема да има пожари, Скопје ќе биде чисто, а депониите нема да бидат проблем, туку решение“.
„Имам План за чисто и здраво Скопје. Имаме комунални претпријатија со илјадници вработени, а немаме кој да се грижи за комуналниот ред. На овој напад против животната средина и против здравјето на граѓаните мора да му се стави крај,“ додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува СДСМ и ДУИ за намерно палење на депониите: „Како баш пред избори почнаа да горат?“

ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува опозициските партии, СДСМ и ДУИ, за палењето на депониите во главниот град за да го спречат доаѓањето на правдата.
Во партиското соопштение се наведува: Злосторничкото здружение ДУИ–СДС, неможејќи да го прифати фактот дека е поразено и дека граѓаните ја враќаат државата на прав пат, прибегнува кон најопасни и криминални методи“. Според партијата, наместо политики, подметнуваат чад и отров палејќи ги скопските депонии.
„Откако не им успеа подметнувањето на пожарите ова лето низ селата и градовите во Македонија, сега се одлучија за нов, последен очајнички потег: палење на депониите во Скопје со цел да предизвикаат страв, незадоволство и хаос меѓу граѓаните. Со тоа не само што прават тешко кривично дело, туку свесно го уништуваат и здравјето на скопјани, што е политичко безобразие од најекстремен вид,“ стои во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ потсетува дека „со години СДСМ и ДУИ управуваа со ‘Дрисла’ и ‘Вардариште’, ги поставуваа директорите, водеа политики и ветуваа фабрика за селекција на отпад, зелена зона и чист воздух, но сè останало само на хартија“.
„Единствено што оставија зад себе е смет, диви депонии и труење на луѓето,“ се додава.
Од партијата наведуваат дека „спротивно на тоа, скопските градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ веќе четири години реализираат конкретни проекти за чистење и уредување на јавните површини, воспоставување систем за селекција на отпад и зајакнување на јавната хигиена“.
„Владата во изминатата година започна процес на темелна ревизија на целата еколошка политика и подготви нови проекти за модернизација на ‘Дрисла’, за затворање на дивите депонии и за воспоставување европски стандарди за управување со отпад,“ пишува во соопштението.
Во него се поставуваат и прашањата:
„Како тоа баш пред локални избори почнаа да ‘горат’ депониите?“
„Како тоа токму сега ‘Дрисла’ почна да загадува и да гори отпад?“
„Дали постои организирана структура зад ова?“
„Затоа ВМРО-ДПМНЕ повикува Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство итно да спроведат темелна истрага за, како што велат, инволвираноста на овие структури во намерното палење на депониите,“ се додава во реакцијата.
„Денес, наместо да одговараат за националните порази и еколошките катастрофи што ги предизвикаа, тие повторно се обидуваат да ја запалат вистината и да го задушат Скопје. Граѓаните добро знаат: вистинската еколошка катастрофа се вика СДС–ДУИ,“ завршува соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.