Контакт

Македонија

Груевски и Динкиќ за економски прашања

Објавено пред

Прашања од економската сфера беа централни теми на денешната средба меѓу македонскиот премиер Никола Груевски и потпретседателот на Владата на Србија и министер за економија и регионален развој Млаѓан Динкиќ

Прашања од економската сфера беа централни теми на денешната средба меѓу македонскиот премиер Никола Груевски и потпретседателот на Владата на Србија и министер за економија и регионален развој Млаѓан Динкиќ.

Груевски и Динкиќ, како што е соопштено, разговарале за економските движења во двете земји, како и можностите за проширување на соработката во областа на инвестициите, енергетиката и трговска размена.

На средбата во Скопје беше најавено скоро отворање на граничниот премин Голема Црцорија – Голеш, кај Крива Паланка, а нагласено беше значењето на довршувањето на Коридорот 10 за привлекување странски инвестиции во регионот.

Груевски, го информираше својот соговорник за генералните трендови во македонската економија, како и за пакетите антикризни мерки кои беа превземени од страна на Владата на Република Македонија за одржување на макроекономската стабилност и ублажување на негативните ефекти од светската економска криза.

Динкиќ истакна дека Владата на Република Србија планира да отпочне слични инвестиции како и македонската Влада, особено во изградба на социјални станови, спортски објекти и друг вид на инфраструктура од јавен карактер, со оглед на тоа што според него македонското искуство покажало успешни резултати преку ваков тип на инвестиции да се поттикнува домашната економија, особено градежништвото и придружните гранки.  /крај/со/мп



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Утре протест на Здружението на оштетени физички и правни лица на Еуростандард Банка

Објавено пред

Здружението на оштетени физички и правни лица на Еуростандард Банка, утре, четврток, со почеток во 15 часот ќе одржи мирен протестен собир пред Собранието на Република Северна Македонија.

На овој собир Здружението ќе бара од сите политички партии во најбрз можен рок да го гласаат предлог законот за регулирање на побарувањата на оштетените штедачи од Еуростандард Банка и со тоа, како што велат од Здружението, да покажат дека подршката што ја дале за законското решение во изминатиот период не била само декларативна туку дека народните претставници се грижат подеднакво за сите граѓани.

„Здружението на оштетени физички и правни лица на Еуростандард Банка ги повикува сите граѓани на РСМ како и сите правни лица да им се приклучат на овој мирен протест, затоа што ова што на нас ни се случи сега може да им се случи на нив утре, доколку државата не реагира и не превземе мерки за криминалното однесување на Менаџментот на Еуростандард Банка како и толерирањето на истиот тој криминал од страна на Народната Банка и останати надлежни институции“, се вели во најавата за протестот.

Исто така, се повикуваат сите учесници на мирниот протестен собир да ги почитуваат правилата за мирен протест, запазување на јавниот ред и мир и мерките за превенција од Ковид 19 вирусот за заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните.

Воедно, за време на протестот Иницијативниот одбор на Здружението во просториите на Собранието ќе одржи заеднички состанок со претставниците од сите политички партии од Собранието.

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо облачно време со температура до 24 степени

Објавено пред

Времето претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува главно умерен, на места засилен ветер од западен и северозападен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.

Во Скопје променливо облачно, во втората половина од денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 20 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно време со пониски утрински температури. За време на викендот и в понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец и ќе биде значително потопло.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без струја делови на Карпош и Сопиште

Објавено пред

Од „ЕВН Македонија“ известуваат дека без електрична енергија ќе останат делови на Карпош и Сопиште.

Од 9 до 14 часот струја ќе немаат потрошувачите од дел од улицата Леринска (општина Карпош), а од 9 до 11.30 часот корисниците од дел од селото Добри Дол, делот на селото од кај Ракотинци (општина Сопиште).

Прикажи повеќе...

Најново

Свет14 часа

Кремљ: Путин планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус

Рускиот претседател, Владимир Путин, планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус, рече неговиот портпарол. „Путин планира да се...

Македонија15 часа

Алаѓозовски и Поповски именувани за национални координатори во Владата

Владата на денешната седница ги именува поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски и поранешниот министер без ресор задолжен за комуникации,...

Македонија15 часа

Игротеките почнуваат со работа

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на игротеките. „Владата го усвои протоколот за работа на игротеките во...

Македонија15 часа

Владата одобри целоднeвна настава во училиштата

По препорака на Комисијата за заразни болести, Владата на денешната седница одобри целодневна настава во училиштата. „Одобрена е организацијата на...

Македонија18 часа

(Видео) Потпишан етичкиот кодекс, функционерите се обврзаа на транспарентно и одговорно работење

На седница на Владата денеска беше потпишан кодексот за етичко однесување на носителите на јавни функции. По тој повод, заменик-претседателот...

Свет18 часа

(Видео) Војската на Нагорно-Карабах соборила два азербејџански хеликоптера

Војската на Нагорно-Карабах собори два азербејџански хеликоптера користејќи ракети „земја-воздух“ – „игла“, објави прес-секретарот за ерменското Министерство за одбрана, Шушан...

Македонија18 часа

Осум починати и 112 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на...

Македонија19 часа

(Видео) Фетаи ќе бара затворски казни за сите обвинети во „Насилство во Центар“

Обвинителката Фатиме Фетаи ќе бара затворска казна за Миле Јанакиески и другите обвинети со жалба во апелација откако Кривичниот суд...

Македонија20 часа

Царовска: Место да ја бојкотираат онлајн-наставата, родителите, градоначалниците и директорите да седнат и да се договорат

Бојкот на онлајн-наставата нема да им донесе ништо добро на децата, рече денес министерката за образование и наука, Мила Царовска....

Македонија20 часа

(Видео) Затворска казна за Груевски, а условна за Јанакиески и за извршителите во „Насилство во Центар“

Судот изрече казна затвор од 1 година и 6 месеци за Никола Груевски, а за Миле Јанакиески условна казна од...

Македонија20 часа

Илјадници ученици и денес не може да се приклучат за онлајн-учење, Царовска повикува на трпение

Фијаско и на генералната проба, Националната платформа за онлајн-учење и денес паѓа. Илјадници ученици, наставници и родители и утрово не...

Свет21 час

(Видео) Гори цивилен автобус погоден од азербејџански дрон

Ерменскиот министер за одбрана објави на „Твитер“ дека гори цивилен автобус, погоден од азербејџански дрон. In #Vardenis which is located...

Македонија21 час

Средба Османи – Вархељи: Почетокот на преговорите ќе биде јасен сигнал за европскиот курс на целиот регион

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на работната посета на Брисел оствари средба со еврокомесарот за соседство и...

Топ22 часа

Се преврте автобус со 16 војници на АРМ, пренесени се во болница со полесни повреди

Изутринава се случи сообраќајна незгода на патот Струмица – Штип кога се преврте автобус во кој се превезувале 16 војници...

Македонија22 часа

МОН: За еден ден, на платформата за учење на далечина 
се пријавиле над 88 илјади корисници

„Како што беше најавено во текот на вчерашниот ден, кога почнавме со тестирање на Националната платформа за учење на далечина,...

Свет23 часа

Трамп и Бајден ќе се соочат на првата дебата за претседателските избори

За прв пат лице в лице, во првата од трите претседателски дебати, Доналд Трамп и Џозеф Бајден ќе се сретнат...

Свет23 часа

(Видео) Судирот ескалира: соборен авион на азербејџанските сили, убиени се уште 26 ерменски војници

Армијата на Нагорно-Карабах собори авион на азербејџанските сили, изјави портпаролот на претседателот на таа непризнаена република, Ваграм Погосјан. Како што...

Македонија24 часа

Министрите на владина седница ќе потпишат кодекс за етичко однесување

Владата на Република Северна Македонија, денеска, со почеток во 12 часот, во свечената сала ќе ја одржи седмата седница. На...

Свет24 часа

Итна седница на Советот за безбедност на ОН за Нагорно-Карабах

Денеска треба да се одржи итна седница на Советот за безбедност на ООН за регионот Нагорно- Карабах, каде се водат...

Европа1 ден

Село во Романија третпат избра ист градоначалник иако е мртов

Жителите на едно село во Романија го реизбраа истиот градоначалник на локалните избори, иако тој почина пред две недели од...

Досие