Спорт
Фудбалската репрезентација ќе одигра контролен меч со Португалија

Македонската фудбалска репрезентација, на 26. мај, ќе одигра пријателски натпревар против една од најсилните светски репрезентации Португалија.
Македонската фудбалска репрезентација, на 26. мај, ќе одигра пријателски натпревар против една од најсилните светски репрезентации Португалија. Дуелот, кој за официјално шестата репрезентација, според ФИФА ранкингот, ќе биде последна проверка пред почетокот на Европското првенство, ќе се одигра во Лисабон. Португалија на Еуро 2012 во Полска и Украина се наоѓа во група со Холандија, Германија и Данска. Контролниот меч со една силна репрезентација, чии предводник на теренот е еден од најдобрите светски фудбалери, Кристијано Роналдо, е она што го бараше селекторот на Македонија, Џон Тошак, дуел со репрезентација од светскиот врв, кој ќе ја даде вистинската слика за оваа генерација македонски фудбалери и што од нив може да се очекува во претстојниот квалификациски циклус за пласман на Светското првенство во Бразил. Македонија во минатото се има сретнато со Португалија, во Женева на 2. април 2003 година, исто така во пријателски меч, Португалците победија со 1:0, со голот на легендарниот Луис Фиго. Македонската фудбалска репрезентација серијата на контролни средби пред почетокот на квалификациите ќе ја започне на 29. февруари, кога ќе гостува во Луксембург. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Тотенхем за 20 минути го декласира Вест Хем

Фудбалерите на Тотенхем, како гости, го победија Вест Хем во градското дерби (3:0), во четвртото коло од Премиер лигата. Вест Хем доживеа уште еден тежок поразо во пресметка со ривал од Лондон, откако претходно на домашен терен загубија и од Челзи (1:5).
Практично сè се случи во рок од 20 минути од второто полувреме, кога играчите на Тотенхем ги постигнаа сите голови, а „чеканите“ останаа со играч помалку.
Папе Сар постигна гол во 47-та минута, но работата на Тотенхем му беше олесната во 54-та по директниот црвен картон за Томас Соучек.
Следниот напад практично резултираше со гол на Лукас Бергвал во 57-та минута, а Мики ван де Вен стати точка на мечот во 64-та минута.
Тотенхем е втор на табелата со девет бода и го игра следниот натпревар против Брајтон на гости.
Вест Хем има само три бода, а во следното коло повотрно ќе пречека противник од Лондон. На Олимпискиот стадион ќе гостува Кристал Палас.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Спектакл во „Дерби дела Италија“, проектилот на Аџиќ во 92.минута му го сруши Интер

Јувентус во „Дерби дела Италија“, го победи Интер со 4:3. Дербито донесе спектакл во Торино, два пресврти, голови на браќата Тирам, голови на турските репрезентативци Јидиз и Чалханоглу и неверојатниот гол на Црногорецот Аџиќ во 92.минута са триумф на „старата дама“.
Спектаклот во Торино со гол го отоври Кели по 14.минути игра. Изедначи Чалханоглу во 30.минута, со гол од далечина. Осум минути подоцна на сличен начин на спротивната страна погоди неговиот сонародник Јилдиз.
Вториот дел му припадна на Интер, играчите на Кристијан Киву доминираа, изедначија со волејот на Чалханоглу во 65.минута, а целосен пресврт направија со голот на Маркус Тирам во 76.минута.
Седум минути подоцна на речиси идентичен начин погоди неговиот брат Кефрен и го изедначи резултатот.
И за крај на мечот спектакуларен гол, 19-годишниот Аџиќ во 82.минута, испрати проектил од 25 метри кој заврши „низ ушите“ на Зомер за конечни 4:3.
Јувентус има три победи во првите три рунди, Интер по три кола има два порази и една победа.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Волтемаде со гол дебитираше а Њукасл, Борнмут победи и се изедначи со Арсенал и Ливерпул

Во петте натпревари од англиската Премиер лига одиграни од 16 часот, постигнати се само пет гола, од нив три на еден натпревар.
Повеќето работи што вреди да се споменат од денешните натпревари од четвртото коло се случија во Борнмут, каде што истоимениот домашен тим го победи Брајтон со 2:1.
Победата на Борнмут му ја донесоа стрелците Алек Скот и Антоан Семењо од пенал. Голот за Брајтон, за 1:1 во тој момент, го постигна Јапонецот Митома.
Ова беше трета победа на Борнмут од почетокот на сезоната и тие моментално го делат првото место со девет бода со Ливерпул и Арсенал, а „црвените“ имаат натпревар помалку.
Исто така и во Њукасл, каде што „страчките“ го победија Вулверхемптон со 1:0 со голот на најскапото засилување во историјата на клубот, Ник Волтемаде.
Тоа беше првиот гол за поранешниот напаѓач на Штутгарт во неговиот прв натпревар за новиот клуб.
WHAT AN INSANE GOAL WOLTEMADE – BEAUTIFUL
BEST STRIKER WE'VE HAD IN YEARSpic.twitter.com/zwcItIjY8N
— Dell 🇮🇹 (@agbnufc_) September 13, 2025
Фулам исто така победи попладнево, и тоа во финишот на натпреварот со автоголот на Габриел Гудмундсон во петтата минута од судиското продолжение за 1:0 против Лидс.
На натпреварите Евертон – Астон Вила и Кристал Палас – Сандерленд немаше голови.
Победата на Борнмут му ја донесоа стрелците Алек Скот и Антоан Семењо од пенал. Голот за Брајтон, за 1:1 во тој момент, го постигна Јапонецот Митома.
Ова беше трета победа на Борнмут од почетокот на сезоната и тие моментално го делат првото место со девет бода со Ливерпул и Арсенал, а „црвените“ имаат натпревар помалку.