Свет
По половина век укината воената состојба во Сирија
Сирискиот Башар ал-Асад денеска ја укина вонредна состојба која беше на сила речиси половина век, јавија тамошните медиуми
Овој потег на Башар ал-Асад во светот се толкува како негов обид да се ублажат протестите против режимот кои траат подолго од еден месец, при што се напоменува дека претседателот на Сирија денеска донесе уште два указа, за државниот безбедносен суд и за правото на протести.Ратификацијата на законот кој владата го донесе на почетокот од седмицата, се случи ден пред Велики петок, за кога активистите на противниците на режимот закажаа протести во неколку сириски градови.Укинувањето на вонредната состојба воведена за задушување на опозицијата откако партијата на ал-Асад – Баас ја презема власта во 1963 г., има симболична важност бидејќи и натаму на сила се прописите со кои на силите за безбедност им се даваат широки овластувања.Со вториот указ, ал-Асад го укина и Судот за државната безбедност со кој во 1968 г. е заменет дотогашниот вонредниот воен суд. Државниот безбедносен суд имаше исти прерогативи како и поранешниот воен суд и на неговите пресуди немаше можност за жалба, пишува АFP.Со третиот указ на претседателот, се дозволуваат „мирни протести, кои се загарантирани со уставот“. Водечките сириски опозициски политичари како што е Хаихам ал-Малех велат дека новите потези се „бесполезни“ без независно правосудство одговорен безбедносен апарат.„Проблемот е во тоа што владејачката елита и силите за безбедност го контролираат правосудството и што другите закони кои се донесени ги штитат силите за безбедност од одговорност“, изјави Малех, кој е адвокат и поранешен судија.Бранот протести и немири во Сирија започна на 18-ти март во областа на границата со Јордан, во градот Дера’a, а подоцна се прошири и во другите делови на земјата. Во безредијата загинаа повеќе од 50 луѓе.Судирите во Дара’а ескалираа кога демонстрантите се обидоа да ги соборат статуите на поранешниот претседател Хафез Асад по што го искинаа и големото пано со ликот на aл-Асад, кој е моментално претседател и син на Хафез. Претходно претседателот Асад ги повлече полицијата и војската од улиците во градовите на југот од земјата во обид да ги смири демонстрациите. Претходно групата којашто себеси се нарекува „Револуција во Сирија 2011“ преку социјалната мрежа Фејсбук беше раширен повик за „народно востание“ низ целата земја. Како што се наведува на интернет страницата, цел на оваа група е „постигнување слободата во Сирија“.Од почетокот на протестите илјадници луѓе учествуваа на протестниот марш во различни делови на Сирија, барајќи реформи и изразувајќи солидарност со жителите на градот Дара’а.Протестите во Сирија продолжуваат и покрај ветувањето на владата дека ќе изврши итни економски и политички реформи во земјата. Пакетот мерки усвоен од страна на владејачката партија Баас вклучува итно укинување на законите за политички партии и за медиуми, со кои треба да се обезбеди поголема слобода на изразувањето во Сирија. Прифатените решенија, исто така, предвидуваат построга анти-корупциска политика, зголемување на платите на државните службеници, како и создавање нови работни места.Демонстрантите во Дара’а изминативе седмици извикуваат слогани против Мохар Асад, братот на претседателот, кој е командант на елитната Револуционерна гарда. Тие го повикуваат Мохар да не пука на демонстрантите, туку со своите трупи да ја ослободи висорамнината Голан, која Израел и ја одзема на Сирија во војната во 1967 г.Во Дамаск силите на редот приведоа повеќе десетици демонстранти, кои учествувале во кусите демонстрации. Во градот Хамс, се собраа повеќе стотици демонстранти, кои извикувале „ѕвони ѕвоното на слободата“, слоган кој се користеше при сите демонстрации на Блискиот исток. Во Хамс во 1982 г. сириските сили за безбедност задушија исламистичко востание, при што беа убиени илјадници луѓе.Дара’а е центар на земјоделски регион кој тешко настрада во изминативе неколку години поради се поголемиот недостиг од вода. Исто така, во регионот се пребегнати голем број на жители од источна Сирија, каде што сосема снема вода за пиење и наводнување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Наскоро добри вести во врска со крајот на војната во Украина
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека неговата администрација наскоро може да има добри вести во врска со нејзините напори за ставање крај на речиси четиригодишната војна во Украина.
„Мислам дека се справуваме многу добро со Украина и Русија. Ова е прв пат да го кажам тоа.
Мислам дека може да имаме добри вести“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба на Белата куќа, објави Ројтерс. Специјалниот американски претставник Стив Виткоф ќе присуствува на преговорите со делегациите на Русија и Украина во Абу Даби, објави денес Белата куќа.
Претходно, Зеленски објави дека следната рунда трилатерални преговори меѓу Украина, Соединетите Американски Држави и Русија за крајот на војната во Украина ќе се одржи на 4 и 5 февруари во Абу Даби, во Обединетите Арапски Емирати.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека одложувањето на втората рунда мировни преговори за Украина во Абу Даби е резултат на несогласувања во распоредот на делегациите и дека нови разговори ќе се одржат на 4 и 5 февруари, пренесува Танјуг. На претходната средба во Абу Даби од 23 до 24 јануари, фокусот на преговорите беше ставен на крајот на војната и понатамошниот процес на мировни договори.
Свет
Норвешкиот премиер му одговори на Трамп, испрати порака до ЕУ: „Не заборавајте, пријатели“
Норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе го отфрли неодамнешното тврдење на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД „никогаш не добиле ништо“ од НАТО. Зборувајќи на Безбедносната конференција во Осло во понеделник, Сторе рече дека колективната безбедност се заснова на личен интерес, а не на добротворност, објави агенцијата Анадолија.
„Звучи сосема погрешно кога американскиот претседател во Давос вели дека ние сме дале сè на НАТО, а Алијансата не дава ништо за возврат. Тоа е неточно. Едноставно неточно“, рече Сторе, додавајќи дека колективната безбедност „не е добротворна организација“, туку нешто што е „создадено од личен интерес“.
Сторе ги наведе американските закани со царини кон сојузниците и обидот за преземање на Гренланд како примери за промени во светот, опишувајќи ги како алатки за политички притисок. Затоа, тој ја нагласи потребата од продлабочување на европската соработка во областите на безбедноста, одбраната и трговијата, како и од преиспитување на улогата на САД во европската безбедност.
„Нашата цел е мудро да трошиме за одбрана, така што таа навистина ќе се вклопи во регионалните планови. Но, ќе направиме повеќе. Стратешки ќе ја продлабочиме нашата соработка со нашите водечки европски партнери, со Обединетото Кралство“, рече тој.
„Не заборавајте, пријатели, ЕУ е клучна за нашата безбедност. Но, земјите-членки на ЕУ претставуваат 20 проценти од воениот капацитет на НАТО. Околу 80 проценти доаѓаат надвор од ЕУ: САД, Канада, Турција, Велика Британија, Норвешка“, додаде тој.
Свет
НАСА ја стопира мисијата: Одложено патувањето на астронаутите околу Месечината
НАСА денеска соопшти дека ја одложува мисијата за испраќање четворица астронаути на патување околу Месечината, откако за време на проверката на ракетата биле забележани технички проблеми.
Менаџерите на мисијата спроведувале детална проба на лансирањето, позната како „wet dress rehearsal“ (симулација на лансирање со полнење гориво), во Вселенскиот центар Кенеди на Флорида, кога инженерите откриле истекување на водород во основата на ракетата Space Launch System, пренесе Ен-Би-Си њуз.
Поради тоа, НАСА била принудена да го прекине тестот нешто по полноќ по источноамериканско време, при што останувале околу пет минути и 15 секунди до симулираното одбројување за лансирање.
Нешто по 2:00 часот наутро по источноамериканско време, НАСА соопшти дека се откажува од лансирањето на мисијата Artemis II околу Месечината, со цел тимовите да ги анализираат податоците и да изведат нова проба од типот „wet dress rehearsal“.
Според најавите, новото лансирање се планира најрано во март.
Агенцијата наведе дека на располагање има прозорци за лансирање од 6 до 9 март, како и на 11 март, а доколку биде потребно, и дополнителни датуми во април.
Претходната, беспилотна мисија Artemis I околу Месечината во 2022 година беше одложена за шест месеци поради истекување на водород, откриено за време на првата „wet dress rehearsal“ проба.
Со оглед на тоа што за првпат луѓе ќе летаат на ракетата Space Launch System и во капсулата Orion, влогот за мисијата Artemis II е исклучително висок.

