Свет
Јеменски авиони ги бомбардирале соперничките племиња
Силите лојални на јеменскиот претседател Али Абдула Салех употребиле хеликоптери и борбени авиони „МиГ“ за да ги нападнат базите на соперничката група племиња, дознава телевизијата Al Jazeera
Силите лојални на јеменскиот претседател Али Абдула Салех употребиле хеликоптери и борбени авиони „МиГ“ за да ги нападнат базите на соперничката група племиња, дознава телевизијата Al JazeeraИако претходно беше најавено дека двете страни се согласиле на прекин на борбите во престолнината Санаа, борбите денеска продолжиле, концентрирани околу предградието Нам, североисточно од градот. Бомбардирањата започнале откако племенските борци лојални на племето Хашиб нападнале контролни пунктови околу кампот на Републиканската гарда и зазеле еден од нив. Изутрината жестоки борби имало помеѓу припадниците на Републиканската гарда и племенските борци во областа Ал-Фарда, 75 километри североисточно од Санаа, во која загинале најмалку 12 борци на племето Хашиб. Во борбите загинал и командантот на единицата на гардата, генерал Али Насар Гатами и уште непознат број војници. Со Гардата командува еден од синовите на Салех. Членовите на племето Хашиб им се приклучија на антивладините демонстранти во барањата Салех да си замине откако тој се повлече од договорот за негово заминување, склучен со посредство на Советот на заливски земји, кој му гарантираше имунитет од гонење ако мирно си замине од власта. Уредникот на угледниот весник Yemen Post, Хаким Ал Масмари, за телевизијата изјави дека припадниците на тоа племе се моќни, бескрупулозни и добро вооружени. Тој тврди дека во денешните борби околу престолнината се убиени најмалку 20 луѓе. Шеикот Садик ал-Ахмар, поглаварот на племето Хашиб, претходно денеска изјави дека во Сана е постигнат прекин на огнот помеѓу неговите сили и тие лојални на Салех, но дека ако тој сака војна, ќе ја добие. Ал-Ахмар изјавата ја даде на погребот на 30 негови борци кои загинаа во борбите со безбедносните сили на Салех, на кој присуствуваа преку 30.000 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Европа апсолутно ги поддржува дејствијата на Америка и Израел во Иран
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во разговор со новинарите изјави дека Европа „апсолутно ги поддржува дејствијата на САД во Иран“, нагласувајќи дека Иран е закана за Европа, за Израел и за другите земји во регионот.
На прашањето дали одлуката на британскиот премиер Кир Стармер да им дозволи на САД да ги користат британските бази за напади врз Иран дошла предоцна, Руте одговори дека пред официјалното одобрување од Велика Британија, морало да се решат „правните аспекти на прашањето“, пренесува Би-Би-Си.
Тој потврди дека пред интервенцијата на САД во Иран, имал бројни разговори со американски претставници и додаде дека официјален Вашингтон и НАТО воспоставиле „тесна координација“.
На прашањето од британската јавна служба дали силите на НАТО ќе бидат вклучени во операциите во Иран, Руте одговори негативно и додаде дека „очигледно ова е кампања предводена од Американците и Израелците“, пренесува Танјуг.
Свет
Иранскиот шеф за безбедност: Подготвени сме за долготрајна војна
Секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Али Ларијани, изјави дека Иран е подготвен за долготрајна војна и дека иранските вооружени сили не учествувале во напади освен во самоодбрана.
Во објава на платформата „Икс“, Ларијани порача дека Иран не го започнал овој конфликт и дека ќе се брани без оглед на цената.
Тој претходно порача дека Иран нема да преговара со САД. Изјавата доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп рече дека новото иранско раководство сака разговори и дека тој е подготвен за тоа.
Фото: Depositphotos
Свет
Кина го поддржа Иран во одбрана од нападите, повика на итен прекин на воените операции
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во телефонски разговор со иранскиот колега Абас Арагчи изјави дека Пекинг го поддржува Техеран во одбрана на неговиот суверенитет и територијален интегритет во услови на американско-израелски напади, пренесе АФП.
Според кинеската државна телевизија ЦЦТВ, Ванг порача дека Кина го поддржува Иран во заштита на неговите „легитимни права и интереси“.
Во разговори со министрите за надворешни работи на Оман и Франција, Ванг ги повика САД и Израел веднаш да ги запрат воените операции и да се избегне понатамошна ескалација. Тој ги обвини Вашингтон и Тел Авив за „намерно поттикнување војна“ и оцени дека со тоа се прекршуваат принципите на Повелбата на ОН.
Кина, како што наведе, е подготвена да одигра конструктивна улога преку Советот за безбедност на ОН, а иранското нуклеарно прашање, според него, треба да се врати на патот на политичко и дипломатско решение.
Фото: Depositphotos

