Свет
Иранците го оплакуваат ирачкиот шиитски водач ал Хаким
Илјадници натажени луѓе се молат и пред споменикот на иранскиот шиитски водач Абдул-Азис ал Хаким, кој мина речиси две децении во Иран во времето на власта на Садам Хусеин пред да се врати во татковината и да стене политички лидер
Церемонијата во чест на Абдул-Азис ал Хаким кој почина во средата во Техеран од рак на белите дробови присуствувале и повеќе ирански официјални личности, вклучувајќи го и министерот за надворешни работи Манушер Мотаки. На чествувањето му се приклучиле и стотици ирачки емигранти откако завршила процедурата во ирачката амбасада за патување на останките на ал Хаким во светиот шиитски град Наџаф во Ирак. Ал Хаким го предводеше политичкиот блок. Високиот исламски ирачки совет, кој стана највлијателната политичка сила кај шиитите по падот на режимот на Садам Хусеин, продолжувајќи да соработува со американските сили и задржувајќи ги врските со Иран.Вишиот совет претрпе пораза на провинциските избори во јануари, но презема чекори за стапување во нови политички сојузувања кои ќе вклучат и сунитски групи кои се сомничави кон врсктие што ги имаше ал Хаким со Иран.Во последниот период Ал Хаким беше преокупиран со пренесувањето на политичките задолженија на неговиот син и политички наследник, Амар. Како што најави партијата, телото на ал Хаким ќе биде пренесено од иранскиот град Кум, центарот на шиитското учење, до Наџаф во Ирак.Иранските власти официјално не прогласија денови на жалост, но дадоа големо значење и почит за починатиот ирачки шиитски водач.Првите американски претставници во Ирак, амбасадорот Кристофер Хил и генералот Реј Одиерно исто така му одадоа почит на ал Хаким, истакнувајќи го, како што рекле – неговиот придонес кон создавањето на новиот Ирак.„Неговата смрт во оваа чувствителна етапа кој претстои, претставува голема загуба за Ирак“, изјавил ирачкиот премиер Нури ал Малики. И таткото на ла Хаким, Големиот ајатолах Ал-Хаким бил еден од највлијателните шиитски лидери на неговата генерација. Семејството пребега во Иран во 1980 г., по силните репресии што ги спроведуваше садамовиот режим врз шиитската опозиција. Ал Хаким и неговиот брат Бакир Мохамед ал Хаким се вратија во Ирак веднаш по паѓањето на режимот на Садам Хусеин. Во атентат на 29 август 2003 г, во Наџаф беше убиен Бакир Мухамед и повеќе од 80 шиити. Тогаш Абдул-Азис ал Хаким влезе во раководството на Високиот совет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Се чувтсвувам како идиот“: Лајчак проговори за контроверзните пораки со Епштајн
Поранешниот министер за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак, изјави дека се чувствува „како идиот“ по објавувањето на новите СМС-пораки во аферата со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн.
„Искрено, не се сеќавам на тие пораки. Не можам ниту да ги потврдам, ниту да ги негирам. Се чувствувам како идиот“ – рече словачкиот дипломат, откако ги препрочита пораките.
Тој призна дека имал лоша проценка и „несоодветна комуникација“, но негираше вмешаност во какви било кривични дела, нагласувајќи дека пораките биле „само глупави машки разговори“.
Лајчак објасни дека пристигнал во Њујорк во 2017 година на едногодишна функција во Обединетите нации и дека бил запознаен со Џефри Епштајн од страна на висок странски дипломат. Според него, Епштајн бил широко познат и се сретнал со бројни бизнис и политички личности од САД и од странство.
Лајчак рече дека не гледа причина да не се сретне со него, тврдејќи дека воспоставувањето контакти е дел од неговата работа, пишуваат медиумите.
„Зошто јас, човек од Словачка, не би го прифатил тоа? Тој беше вреден контакт“ – рече Лајчак, истакнувајќи дека подоцна дознал за пресудата на Епштајн за сексуален прекршок во 2008 година, но забележал дека многу влијателни личности продолжиле да се дружат со него и по тоа.
Ова, додаде тој, го навело да верува дека „не е проблем да се прави истото“.
– Мојот однос со него се темелел на зборови, а не на дела. Денес ја плаќам цената на комуникацијата и познанството со него – рече Лајчак.
Тој ги осуди злосторствата што излегоа на виделина по апсењето на Епштајн во 2019 година.
Тој, исто така, потврди дека го посетил станот на Епштајн, но рече дека биле присутни и други бизнис и политички личности.
„Немало девојки. Овој дел од животот на Епштајн ми беше непознат. Тој не зборуваше за тоа, а јас не го прашав. Мојата совест е чиста“ – нагласи Лајчак, според написите.
Фото: ЕПА
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Свет
Зеленски: Русија претпочита да продолжи со нападите отколку да се вклучи во дипломатија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави, по новите руски напади врз Украина, дека Русија претпочита да продолжи со нападите отколку да се вклучи во дипломатија.
Во текот на ноќта, две лица беа ранети во руските воздушни напади врз Киев, објавија властите на главниот град.
„Користењето на најстудените зимски денови за тероризирање на населението“ е поважно за Русија отколку дипломатијата, напиша украинскиот претседател на Телеграм.
Тој додаде дека руските сили извршиле напади со „повеќе од 70 ракети и лансирале 450 напади со беспилотни летала“ во текот на ноќта.

