Регион
Турција: Судири во три града на годишнината од протестите
Турската полиција била принудена да употреби солзавец и сила за растурање на собирите кои претходно ги забрани во Истанбул, Анкара и Адана, како и во некои други градови откако избија судири меѓу органите за спроведување на редот и учесниците на манифестациите со кои се одбележува годишнината од масовните антивладини протести кои започнаа на централниот истанбулски плоштад Таксим.
Судирите избиле во Истанбул и покрај тоа што од претпладнето во саботата на плоштадот Таксим беа распоредени илјадници полицајци, кога група од стотина демонстранти сепак успеала да го пробие кордонот во близината на Таксим и паркот Гези, притоа извикувајќи пароли со барање оставка од владата на премиерот Реџеп Тајип Ердоган.
Единици на полицијата за спречување безредија успеала со употреба на солзавец и водени топови да ги растераат демонстрантите во споредните улички, каде што продолжуваат тензиите, пренесуваат локалните медиуми. Демонстрантите од кои повеќето се со прекриени лица со маски и шалови, како и градежнички шлемови на главите за заштита од патроните со солзавец и гумените куршуми, ги блокираат улиците со импровизирани средства, палејќи контејнери со смет и фрлаат камења врз полцијата, се додава во извештаите.
Освен на Таксим, протестите во Истанбул се одржуваат и во квартот Бешикташ и на булеварот Истаклија која води до плоштадот, а растурањето на групи демонстранти имало и во други области на мегалополисот. На самиот плоштад Таксим и паркот Гези кои станаа симбол на минатогодишните протести ко се раширија низ цела Турција, во саботата навечер е мирно и речиси нема минувачи, пренесуваат медиумите.
Само во Истанбул биле ангажирани 25 илјади полицајци за обезбедување на сигурноста. На плоштадот Таксим од претпладнето се распоредени 50 возила опремени со водени топови и неколку десетици автобуси со припадниците на специјалните сили. За намалување на бројот демонстранти, во саботата беше блокирана станицата на истанбулската подземна железница кај плоштадот Таксим, а привремено беше запрена и пловидбата на фериботовите кои ги поврзуваат азискиот и европскиот брег на Бофорот. Слични мерки биле преземени и во другите градови низ Турција, каде од утринските часови на стратешките позиции се распоредени припадници на специјалната полиција.
И во главниот град Анкара полицијата разбила собир во паркот Гувен на плоштадот Кизилај во близина на зградата на турската влада, каде што пред една година од огнено оружје загина 26-годишно момче во текот на протестите, за што е обвинета полицијата. Демонстрантите се оглушиле на повторените наредби да го напуштат паркот и областа, по што полицијата употребила солзавец и водени топов. Неколку рупи од по неколку десетици демонстранти се засолнале во блиските улички и од таму продолжиле да ја гаѓаат полицијата со разни предмети. Над престолнината патролираат полициски хеликоптери за проценка на ситуацијата.
Медиумите јавуваат дека слична е ситуацијата во Адана, каде што десетици луѓе ја блокирале централната авенија во градот, по што полицијата применила сила. Мирни протести се одржале и во Бурса, Ескишехир и Измир.
Неколку часа пред почетокот на протестите во Истанбул на повик на невладините организации, синдикатите и активисти на цивилниот сектор, премиерот Ердгован предупреди дека силите за спроведување на редот ќе сторат сѐ што е потребно за да ги спречат протестите. „Нема да можете да го заземете Таксим како минатата година, бидејќи мора да го почитувате законот”, порача Ердоган пред илјадници свои приврзаници.
Она што почна како мал еколошки протест против преуредувањето на истанбулскиот плоштад Таксим за што требаше да бидат турнати повеќе стотици стебла во блискиот парк Гези, во јуни минатата година прераснаа во серија жестоки протести ширум земјата против премиерот Реџеп Тајип Ердоган, кого противниците го обвинуваат за се` поголема авторитарност и протежирање на исламските конзервативни вредности. Во тие протести, најголеми антивладини во десетгодишното владеење на Ердоган и неговата Партија на правото и развојот, загинаа вкупно осум лица, од кои еден полицаец, а повеќе од пет илјади беа повредени. Протестите ширум земјата главно замреа, но по некој изолиран протест до денес сѐ уште се одржува во Истанбул и во турската престолнина Анкара./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) „Бранови како трокатна куќа, никогаш не сум видел нешто вакво“: Силна бура ја погоди Далмација, улиците под вода, жителите во очај
Силна бура ја парализираше Далмација, брановите беа високи колку трикатна зграда, дури осум метри, улиците беа поплавени, луѓето беа во неверување.
Според хрватските медиуми, најголемите проблеми биле предизвикани од комбинација од бурни ветрови и изразен низок воздушен притисок, што предизвикало екстремна циклонска плима.
Бранови високи до осум метри биле измерени во близина на Палагружа, додека во близина на Молунт достигнале седум метри.
Nevjerojatne snimke iz Dalmacije: Mareografi zabilježili razinu mora 70 centimetara iznad uobičajene! 🌊🌊
🎥: @pixsell_photo .#n1info #dalmacija #jugo #nevrijeme #n1croatia #croatia #explore pic.twitter.com/LWhRMlF3Ys
— Željko Kisa (@ZeljkoKisa) February 5, 2026
– Не се сеќавам дека некогаш било вака – изјави началникот на противпожарната служба на градот Каштела, Дарко Маретиќ, откако медитеранскиот циклон ја погоди Хрватска со полна сила во средата, носејќи обилни дождови и невообичаено високи температури за ова време од годината.
Додека на северниот Јадран паднаа повеќе од сто литри дожд на квадратен метар, најдраматичните сцени дојдоа од Далмација. Јужната бура предизвика целосен хаос, ги поплави долните делови од брегот и ги отсече островите од копното.
За само час и половина, пожарникарите добија околу педесет пријави за поплавени згради на брегот.
– Нивото на морето се искачи, има висока плима, силна јужна. Не можеме многу да помогнеме додека времето не се смири – рече тој синоќа.
Додека водата се пумпаше од зградите подалеку од брегот, не можеа да им помогнат на оние покрај брегот додека морето не се повлече. Жителите поминаа бессона ноќ бранејќи го својот имот со вреќи со песок и импровизирани бариери.
– Сè е поплавено. Улиците се под вода. Отидов да помогнам и се најдов во средината на бран. Ми беше жал за луѓето. Морав да помогнам. Никогаш не сум видел нешто вакво – рече еден жител.
Операторот на светилникот ги опиша брановите за „Morski.hr“ високи колку трикатна зграда, додавајќи дека тие не ја напуштаат куќата од безбедносни причини.
– Кога временските услови се толку лоши, мора да внимаваме да не се повредиме. Кога ќе се смири, ќе знаеме дали југот направил штета – рече тој.
Бурата, придружена со бурен југоисточен ветер, кој повремено достигнуваше брзина од 60 км/ч, започна околу 20 часот. Во комбинација со високата плима, нивото на морето се искачи за повеќе од 70 сантиметри, што беше доволно за да го преплави брегот.
На официјалната станица на Државниот хидрометеоролошки завод во Марјан во Сплит, регистриран е јужен налет на ветер од 131,4 км/ч, додека рекордот сè уште го држи налетот од 149 км/ч од февруари 1986 година.
Уште посилен ветер е регистриран во Палагружа, каде што е измерен налет од дури 137 км/ч, додека метеоролошките бови на отворено море регистрирале бранови високи до осум метри.
РЕ-Дигитал
Албанија ја укина забраната за TikTok
Албанија ја укина привремената едногодишна забрана за пристап до платформата TikTok, објавија локалните медиуми, пренесува агенцијата Анадолу.
Албанскиот совет на министри ја поддржа одлуката за укинување на привремената мерка со која се ограничува пристапот до платформата TikTok на територијата на таа земја, наведувајќи дека „прашањата во областа на јавната и социјалната безбедност во дигиталната средина веќе се решени“, објавија локалните медиуми.
Во март 2023 година, Албанија го забрани пристапот до платформата TikTok по убиството на 14-годишниот Мартин Цани во близина на училиштето „Фан Ноли“ од негов врсник. Цани беше избоден пред училиштето по тепачка меѓу две групи што ескалираше преку социјалните медиуми.
Еден месец подоцна, владата одлучи да го забрани TikTok. Таткото на момчето и TikTok тврдеа дека Мартин не ја користел платформата.
„Социјалните мрежи, особено TikTok и Snapchat, секојдневно ги влечат нашите деца во своите лавиринти уште од мали нозе“, рече албанскиот премиер Еди Рама во медиумско појавување по убиството во Тирана.
Одлуката за укинување на забраната за TikTok ќе стапи на сила по објавувањето во „Службен весник“, по што албанските граѓани повторно ќе можат да ја користат платформата.
Регион
Уапсено едно лице осомничено за фрлање бомба во куќата на Здравко Чолиќ
Полицијата уапси едно лице, С. М. (1993), под сомнение дека фрлил бомба врз семејната куќа на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње, додека полицијата интензивно трага по вториот осомничен.
Информацијата ја потврди и српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, истакнувајќи дека станува збор за заедничка акција на полицијата, Вишото јавно обвинителство во Белград и Безбедносната и информативна агенција, пишува N1info.rs.
Уапсеното лице се товари за кривични дела нелегално производство, поседување, носење и трговија со оружје и експлозивни материи, како и предизвикување општа опасност како соучесник.
„Постојат основани сомневања дека С.М., заедно со друго барано лице, дошле во семејниот дом на жртвата во Дедиње на 3 февруари годинава околу 4:52 часот наутро, каде што активирале и фрлиле рачна граната во дворот“, рече Дачиќ.
На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа.
Бомбата во дворот на куќата на пејачот била фрлена во раните утрински часови на 3 февруари. Во нападот нема повредени, но има материјална штета. Чолиќ не бил дома во времето на инцидентот, туку бил во Загреб, каде што работи на нов албум.
Во својата прва изјава за медиумите по инцидентот, Чолиќ потврди за ТВ Уна дека неговото семејство е безбедно. „Сè е во ред во Белград, фала му на Бога сите се добро“, рече тој.
фото/епа

