Спорт
Затаи магијата на Орландо
Во Амвеј центарот во Орландо, домашниот тим направи првокласно изненадување во непријатна смисла, откако загуби од Детроит Пистонс, тим кој оваа сезона е закован на дното, на Централната дивизија. Детроит славеше со 103:96, а тројца играчи кај Пистонс, Трејси Мекгрејди, Тајшаун Принс и Остин Деј постигнаа по 20 поени. Во домашната екипа Двајт Хауард постигна 20 поени и 16 скокови, а Рајан Андерсон 21 поен. Потфрли Хедо Туркоглу со само 4 поени за 35 минути игра и со само два прецизни шута од 11 обиди.Останати резултати:Њу Џерси – Кливленд 103:101 (Брук Лопез 28 п. 7 ск. / Антаун Џејмисон 26 п. 8 ск.).Торонто – Мемфис 98:100 (Андреа Барњани 29 п., Демар Дерозен 25 п. 9 ск. / Руди Геј 21 п. 7 ск., Зек Рендолф 17 п. 12 ск., Марк Гасол 17 п. 8 ск. 4 ас.).Филаделфија – Феникс 105:95 (Тадеуш Јанг 24 п. 7 ск., Елтон Бренд 22 п. 9 ск. / Џеред Дадли 23 п. 7 ск.).Њујорк – Вашингтон 115:106 (Амари Стедмаер 30 п. 9 ск. 5 ас. Вилсон Чендлер 25 п. 7 ск. / Ник Јанг 22 п., Џон Вол 18 п. 7 ск. 9 ас.)Њу Орлеанс – Оклахома 91:89 (Крис Пол 24 п. 9 ск. / Кевин Дурант 22 п. 8 ск., Расел Вестбрук 18 п. 10 ас.) Минесота – Хјустон 125:129 (Кевин Лав 24 п. 17 ск. 7 ас. / Кевин Мартин 34 п., Луис Скола 20 п. 12 ск.).Чикаго – Милвоки 92:83 (Курт Томас 22 п. 9 ск. 5 ас., Дерик Роуз 21 п. 10 ас. / Крис Даглас Робертс 30 п. Андрју Богут 8 п. 18 ск.).Портланд – Сакраменто 81:96 (Весли Метјус 21 п. / Тајрек Еванс 26 п. 6 ск. 6 ас.).Голден Стејт – Сан Антонио 102:113 (Дејвид Ли 31 п. 12 ск. Монта Елис 25 п. / Ману Џинобили 20 п. 7 ас., Тони Паркер 18 п. 11 ас.). крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јирген Клоп има нова работа
По успешната тренерска кариера, која ја замени со работата на раководител на фудбалски операции во Ред Бул, Јирген Клоп повторно ќе биде веднаш до теренот.
Славниот Германец нема да биде на клупата, туку ќе биде стручен аналитичар за платформата „MagentaTV“ за Светското првенство во 2026 година. Истата работа ја работеше за „ZDF“ на Светското првенство во 2006 година и на Европското првенство во 2008 година. За време на Светското првенство во 2010 година, беше ангажиран како стручен коментатор за „RTL“.
Светското првенство во САД, Канада и Мексико ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули.
Како тренер, Клоп го воведе Мајнц од втората лига во Бундеслигата, а со Дортмунд двапати беше шампион на Германија и ја водеше до финалето на Лигата на шампионите.
Од 2015 година до крајот на сезоната 2023/24, тој беше тренер на Ливерпул. Во својот мандат, тој му донесе осум трофеи на клубот, вклучувајќи ја и првата титула во Премиер лигата од 1990 година, а во 2019 година го предводеше Ливерпул до трофејот во Лигата на шампионите.
Спорт
(Видео) Мартинез го правда Роналдо за црвениот картон, виновен му е селекторот на Република Ирска
Португалија не ја искористи првата шанса да го завери пласманот на Светското првенство. Португалците доживеаја шокантен пораз во Даблин од Република Ирска (2:0). Португалците со победа во последната рунда над Ерменија ќе се пласираат на СП, додека на Ирците, за пласман во баражот ќе им биде потребна победа над Унгарија во Будимпешта.
Поразот на Португалија во Даблин, го обележа исклучувањето на Кристијано Роналдо. Капитенот на Португалија, без топка удри противнички играч, па доби црвен картон.
After seeing this angle I dont even blame Cristiano Ronaldo
F*uk Ireland … we will be there to see your tears on Sunday. pic.twitter.com/goekbl7ygl
— fan (@NoodleHairCR7) November 14, 2025
Португалскиот селектор Роберто Мартинез, по натпреварот застана во одбрана на својот капитен Кристијано Роналдо.
„Главната причина зошто Кристијано доби црвен картон е неговата огромна страст и фрустрација кога не победува, а тоа го сакаме од сите играчи. Исто така, многу е тешко за централен напаѓач во шеснаесетникот кога чуварите постојано го влечат. И потоа, тренерот (селектор на Ирска) се обидува да изврши притисок врз судијата, играч кој е многу силен паѓа на теренот со многу драма. Мислам дека снимката изгледа полошо од она што всушност го направи“, го правдаше Мартинез својот капитен.
Селекторот на Португалија дополнително го оправда потегот на својата ѕвезда.
„Беше тешко, тој се грижи за тимот, беше влечен и турнат многу пати, а кога се обиде да се оддалечи од играчот, направи потег кој, според мене, не беше толку лош како што покажуваат камерите. Ден пред натпреварот, нивниот тренер рече дека Роналдо се обидува да влијае на судиите, а потоа нивниот силен стопер заврши на земја во толку многу драма… Сега сакаме да го добиеме следниот натпревар поради Роналдо.“
Foto/ EPA
Спорт
Милевски задоволен од сите фудбалери, незадоволен од состојбата на теренот
Македонската репрезентација одигра 0:0 на пријателскиот натпревар против Летонија, во последниот тест пред квалификациски дуел со Велс во вторник во Кардиф.
Селекторот Благоја Милевски на прес-конференцијата по натпреварот ги сподели своите впечатоци и изрази задоволство од тоа што тимот го покажа на тактички план, а недостигаше реализација за победа.
„Сè што си поставивме како цел за овој натпревар, освен победата, беше исполнето. Сакав да видам како ќе изгледа екипата во нова формација, со нови тактички задачи и во ситуации на кои досега не сме работеле. Од таа перспектива сум навистина задоволен. Жал ми е што условите за игра не беа подобри. Се надевам дека наскоро ќе се направат напори да играме на поквалитетен терен, за да бидеме поефикасни во завршницата. Во последната третина, кога противникот е поставен во густ блок, потребно е прецизно завршно додавање, а денес против Летонија тоа го немавме. И покрај тоа, создадовме неколку шанси, но не успеавме да ги реализираме. Задоволен сум, сите фудбалери, без разлика дали се стандардни или влегуваат од клупа, ја оправдаа довербата. Тоа ми дава сигурност дека можам да сметам на секој од нив“, изјави селекторот Благоја Милевски.
Извор/ Фудбалска федерација на Македонија

