Свет
Ирак стравува од прелевање на сириската криза
Уривањето на турски воен авион од страна на сирија е знак за сериозна ескалација на сириските судири, изјави ирачкиот министер за надворешни работи, Хошијар Зебари.
Тој изрази стравување дека кризата би можела да се прелее од соседната земја во Ирак, откако Турција најави дека ќе преземе се што е потребно.„Наша главна преокупација е прелевањето на кризата во соседните држави“, рече Зебари, на заедничката конференција со своите колеги од Шведска, Бугарија и Полска, кои се во посета на Багдад. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ОН: Отстранувањето на експлозивните направи во Газа ќе трае 14 години
Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA) соопшти дека отстранувањето на бомбите и другите видови неексплодирани убојни средства во Газа може да потрае 14 години.
Според проценките на ОН, за време на војната низ Газа биле создадени 37,5 милиони тони урнатини, а поголемиот дел од нив бил расфрлан со бомби и други видови муниција кои не експлодирале, пишува ТАСС.
OCHA изјави дека околу два милиони луѓе, или половина од населението на Газа, нашле засолниште во Рафах, кои имаат потешкотии да пристапат до основните потреби како што се здравствена заштита, чиста вода и санитарни објекти.
Свет
Со возило удрил во куќа, па почнал да напаѓа луѓе со меч во Лондон, има повредени
Неколку лица, меѓу кои и двајца полицајци, се повредени во нападот што се случи во североисточен Лондон во близина на фреквентна станица на метрото.
Како што објави SkyNews, маж кој носел меч најпрво удрил со своето возило во куќа, а потоа со мечот ги повредил минувачите и полицајците кои се обиделе да го задржат.
Се се случило околу 7 часот утринава, а на терен се голем број полицајци.
Метро станицата Хаинолт веднаш била затворена, пренесува Телеграф.
Регион
„Мислев дека регалот ќе падне врз мене“ – жена од Србија сведочи за силниот земјотрес
Земјотресот беше многу силен. Кратко, но силно, вели вознемирената Мила Петровиќ од Кладово – место кое утрово го погоди силен земјотрес.
Како што опишува преплашената жена, земјотресот ја исплашил и неа, но и останатите жители на Кладово.
„Мислев дека регалот ќе падне врз мене. Немаше време за бегство никаде. Сè се тресеше многу. За среќа, тоа беше кратко. Кога се смири, сите излегоа на улица“, раскажува таа за Телеграф.рс.
Земјотресот бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 11 километри.
Колку бил силен, сведочи и фактот што бил почувствуван во Заечар, Неготин, Доњи Милановац, Бор и други градови на истокот на Србија, а некои граѓани го почувствувале и во Ниш.
„Почувствував земјотрес, се тресеше мебелот во куќата“, „Бев во кревет кога почна тресењето“, напишаа граѓаните.