Свет
Турција бара свикување на Советот на НАТО во врска соборувањето на авионот во Сирија
Турција побара во вторник да се одржи состанок на Советот на НАТО, на кој тој треба да разговара за ситуацијата во однос на Сирија, каде беше соборен авион кој бил извидувачка мисија, јавува турската телевизија NTV, цитирајќи извори во седиштето на НАТО.
Официјален претставник на НАТО изјавил дека во вторник ќе расправа за ситуацијата со урнатиот турски авион, јавува Reuters.
Турскиот министер за надворешни работи, Ахмет Давутоглу во неделата на државната телевизија ТRT, изјави дека Анкара ќе го информира НАТО во врска со инцидентот со Сирија „во рамките на 4-от член од Договорот за Северноатлантската алијанса“, но не прецизираше дали тоа ќе значи барање заедничка позицијата за „колективната безбедност“.
Тоа веднаш предизвика дебата на социјалните мрежи дали Анкара има намера да го инволвира НАТО во сириската криза.
Турција, инаку, е една од најстарите членки на НАТО и ја има втората по големина армија во овој воено-политички блок.
Давутоглу, исто така, рече дека Турција ќе ги преземе неопходните чекори предвидени со меѓународното право, против Сирија во врска со инцидентот со турскиот авион.
„Кај никој не смее да остане сомнение за овој случај“, рече Давутоглу во неделата во своето обраќање на државната телевизија ТRТ.
„Кои конкретни чекори ќе бидат преземени, ќе биде познато по консултациите со премиерот и состанок на кабинетот. Нив ќе ги објави директно премиерот“, додаде шефот на турската дипломатија.
Давутолгу притоа прецизираше дека владата на Турција ќе го разгледа инцидентот во понеделник.
Според Давутоглу, планираните мерки против Сирија, во недела подоцна ќе ги објави во парламентот премиерот Реџеп Таип Ердоган. Тој традиционално ги соопштува важните внатрешни и меѓународни решенија на состаноците на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП).
Претходно, Ибрахим Калин, помошникот за надворешната политика на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, изјави дека одговорот на Анкара за инцидентот со воениот авион ќе биде „легитимен, силен и решителен“.
„Сирија го прекршила меѓународното право“, напиша во недлата на својот профил на микроблогот Твитер, Калин, но не прецизира кои конкретни мерки против Сирија, има намера да ги преземе турската страна.
Како што се покажа подоцна турскиот воен извидувачки авион од типот „ RF-4E“ кој полета во петокот од воената воздухопловна база Ерхач во југоисточната покраина Малатија во близина на сириската граница, исчезна од радарите половина час по полетувањето во воздушниот простор на Средоземното Море југоисточно од границата со Сирија, во турската провинција Хатај.
Сирија соопшти дека нејзината противвоздушна одбрана соборила турски авиони над нејзините територијални води по неговото навлегување во нејзиниот воздушен простор. Министерот за надворешни работи на Сирија, рече дека не станува збор за непријателски или чин на агресија против Турција, туку тоа била реакција за заштита на суверенитетот на земјата, и го нарече инцидентот „несреќа“.
Меѓутоа, турскиот министер за надворешни работи, Ахмет Давутоглу, изјави дека турскиот воен авион бил соборен од сириската воздушна одбрана во меѓународниот воздушен простор а паднал во територијалните води на Сирија.
Турски извидувачки авион бил на „пробен лет за обука и контрола на функционирањето на националниот радарски систем, и неговата мисија не била насочена против Сирија“, изјави во неделата на државната телевизија ТRT, шефот на турската дипломатија. Покрај тоа, додаде Давутоглу, авионот не бил вооружен.
Министерот за надворешни работи на Турција рече дека летот на турскиот воен авиони ѝ бил познат на Сирија однапред.
„Сирија знаеше дека авионот е турски“, изјави Давутоглу.
Турскиот министер, исто така, изјави дека сирискиот страна не го прдупредила екипажот за планираните дејствија, како што бара меѓународното право.
И двајцата пилоти соборениот авиони сѐ уште не се пронајдени. Во потрагата учествуваат заеднички турски и сириски екипи.
Првично во турските медиуми беше објавено дека станува збор за борбен ловец на турските воздухопловни сили од типот „F-4 Phantom“, а потоа турската страна појасни дека се работи за извидувачки авион од типот „RF-4E“, развиен врз основа на споменатиот тип американски авиони ловци.
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун повика на решавање на ситуацијата преку дипломатски канали и изрази загриженост дека инцидентот со авионот би можел да има сериозни последици за регионот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Почина бебето кое беше извадено од утробата на мртвата мајка во Газа
Почина бебето кое во неделата со царски рез во Газа беше спасено од утробата на мртвата мајка, пишува Би-Би-Си.
Бебето е родено по итен царски рез извршен врз трудница која била убиена во израелски напад врз градот Рафа во Газа.
Освен мајката на Сабрин Ал Сакани, меѓу загинатите се и таткото на новороденото девојче и нејзината тригодишна сестра Малак.
Бебето при раѓањето тежело 1,4 килограми, а се родило во триесеттата недела од бременоста на мајката. Веднаш по царскиот рез беше сместено во инкубатор во болницата во Рафа заедно со уште едно бебе.
Но, девојчето после неколку дена почнало да има сериозни здравствени проблеми. Лекарите го реанимирале, но сепак починало вчера.
16 деца биле убиени за време на два воздушни напади на Рафа минатиот викенд, при бомбардирање на комплекс од станбени згради.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека цел биле борците и инфраструктурата на Хамас и воените комплекси.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.