Македонија
Гавриловска: Во затворите нема штрајк

Директорот на Управата за извршување на санкции, Лидија Гавриловска вели дека во затворите е мирно, затворениците не штрајкуваат и немало никакви најави за штрајк.
Директорот на Управата за извршување на санкции, Лидија Гавриловска вели дека во затворите е мирно, затворениците не штрајкуваат и немало никакви најави за штрајк.
„Не знам за каков штрајк зборувате, осудените лица од „Идризово доставија барање до сите релевантни институции во државата да се размисли за донесување на Закон за амнестија. Не знам од каде излезе таква шпекулација. Во „Идризово“ и во сите затвори е мирно, но тоа не значи дека осудените лица немаат право да бараат одредени поволности, секој лично за себе. Амнестијата е Закон кој што може да опфати повеќе категории на осудени лица, сторители на различни кривични дела со различна должина на казна затвор“ вели Гавриловска.
Според информациите во медиумите, група затвореници побараа намалување на доживотните казни затвор и целосна амнестија за другите затвореници по неодамнешната амнестија на обвинетите во четирите „хашки случаи“. Осудениците најавуваа различни мерки на протест, па дури и бунт./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце чекање и до 40 минути, АМСМ апелира за трпение

Долги колони возила се создаваат на граничниот премин Табановце, каде што за излез и влез во државата се чека и до 40 минути, информира АМСМ.
Од таму додаваат дека зголемената фреквенција на возила е резултат на летните одмори, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е значително зголемен. На останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања.
Иако сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и коловозите се суви, АМСМ апелира до возачите на зголемена претпазливост, особено на делниците низ котлини, речни долини и клисури каде што постои можност од одрони. Како критични делници се посочуваат: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
„Возачите да ја прилагодат брзината, строго да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, бидејќи условите на патиштата бараат дополнителна претпазливост“, порачуваат од АМСМ.
Скопје
Скопје ќе оживее со 100 мурали, Шукова најавува урбана револуција во градот

Кандидатката на СДСМ за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, денеска го претстави амбициозниот проект „Скопје – град на мурали“, кој предвидува создавање на 100 нови мурали низ градот во првата година од нејзиниот мандат. Проектот има за цел да ја трансформира урбаната средина и да го врати животот во запуштените јавни простори, соопштија од Центарот за комуникации на СДСМ.
„Скопје е дом за сите нас и сакаме да го гледаме чист, убав и инспиративен“, истакна Шукова.
Таа додаде дека многу јавни површини денес изгледаат занемарено, со хаотични графити кои ја нарушуваат естетската слика на градот.
Проектот ќе овозможи современа уметност да ја разубави урбаната средина, но и да пренесе пораки за култура, надеж, заедништво и љубов кон градот.
„Овие мурали нема да бидат само боја на ѕидовите, туку симбол на нашите вредности и заеднички дух“, изјави Шукова.
Во изработката ќе бидат вклучени локални уметници и млади креативци, со што се поддржува домашната уметничка сцена и се стимулира активно граѓанско учество. Кандидатката нагласи дека уметноста може да биде моќен инструмент за обединување и создавање на пријателска, одржлива и инспиративна урбана средина.
„Со заеднички напори, ќе го направиме Скопје поубаво и место на кое секој ќе се гордее“, заклучи Шукова.
Скопје
Таксистите добиваат 200 електрични возила, Меџити го претстави проектот кој ќе го чисти воздухот

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес на работен состанок со Унијата за здруженија на таксисти го претстави проектот за субвенционирање на првите 200 електрични возила за таксисти, како дел од напорите на министерството за почист, потивок и поефикасен урбан транспорт за граѓаните на Скопје и целата држава.
„Овој проект претставува конкретен и значаен чекор кон трансформација на урбаниот транспорт и е дел од стратегијата за борба против загадувањето на воздухот и подобрување на квалитетот на урбаниот живот“, истакна Меџити.
„Возилото што денес го претставуваме е електрично, со високи еколошки стандарди, без штетни емисии, без бучава и со висока енергетска ефикасност“, додаде тој, нагласувајќи дека овие возила во неколку фази ќе ги заменат постојните кои користат дизел, бензин или гас – носејќи значителни придобивки за граѓаните, таксистите и животната средина.
Меџити информираше дека просечната цена на едно електрично возило е 28.000 евра, а Министерството ќе субвенционира 15% од сумата, односно околу 840.000 евра за првите 200 возила.
„Според еколошките експерти, замената на овие возила ќе резултира со намалување од над 2.700 тони CO₂ годишно, што е еквивалентно на садење на повеќе од 120.000 садници. Дополнително, ќе има значително намалување на урбаната бучава, особено во густо населени зони“, нагласи Меџити.
Тој додаде дека Министерството веќе ја иницирало програмата „Car Sharing“ со првите 100 електрични возила за јавна употреба, како и воведување на електрични тротинети и велосипеди во неколку градови.
„Во соработка со Европската Унија преку програмата ‘EU for Clean Air’, реализирана е донација од 6 електрични автобуси за Град Скопје, се зголемени капацитетите за мониторинг на квалитетот на воздухот и се засадени десетици илјади садници низ целата земја“, заклучи Меџити.