Свет
Скарпхедисон: Членството во ЕУ би ја спречило исландската криза
Доколку Исланд беше член на Европската Унија или на еврозоната, денешната криза во таа земја и колапсот на банковниот систем не би се случеле, оцени исландскиот министер за надворешни работи Осур Скарпхедисон, објаснувајќи зошто неговата земја сака да влезе во ЕУ.
Доколку Исланд беше член на Европската Унија или на еврозоната, денешната криза во таа земја и колапсот на банковниот систем не би се случеле, оцени по состанокот со хрватскиот министер Гордан Јандроковиќ, исландскиот министер за надворешни работи Осур Скарпхедисон, објаснувајќи зошто неговата земја сака да влезе во ЕУ.
Хрватскиот министер Гордан Јандроковиќ му честита на Исланд поради отворените преговори во европскиот парламент и вети хрватска помош и му се заблагодари за помошта на Исланд околу влезот на Хрватска во Северноатлантскиот сојуз.
„Големи се шансите дека Хрватска ќе влезе во Европската унија пред Исланд и ние ќе ги поддржиме исландските пријатели“, рече Јандроковиќ по состанокот со министерот Осур Скарпхедисон.
Двајцата министри разговарале и за можната соработка и инвестиции. „Исланд има искуство во искористување на геотермалната енергија и Хрватска тоа искуство секако дека ќе го искористи и ги повикуваме исландските инвеститори“ рече Јандроковиќ.
Исландскиот министер рече дека Хрватска има многу геотермални потенцијали, повеќе и отколку што нејзините граѓани ги познаваат.
„Ние веруваме дека можете од тие извори да добивате пет до десет отсто повеќе енергија“, додаде тој.крај/хина/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украинската армија нападна складиште за нафта во рускиот град Енгелс
Одбранбените сили на Украина во текот на ноќта ја погодија базата за складирање нафта „Комбинат Кристал“, која се наоѓа во градот Енгелс, во руската област Саратов, објави на Фејсбук Генералштабот на вооружените сили на Украина, пренесува Укринформ.
Гувернерот на таа област Роман Бусаргин претходно денеска изјави дека руските градови Саратов и Енгелс биле нападнати од украински беспилотни летала во текот на ноќта, но според прелиминарните информации, во нападот нема повредени.
Рускиот гувернер на Телеграм објави дека противпожарните екипи и итните служби биле испратени на местото на несреќата.
Свет
Училиштата во Лос Анџелес затворени поради пожар, повеќе од 200.000 корисници без струја
Канцеларијата за образование на округот Лос Анџелес соопшти дека училиштата во 19 окрузи во тој дел на Калифорнија денеска се затворени поради ширењето на пожарот.
На повеќе од 30.000 луѓе им е наредено да се евакуираат во јужна Калифорнија по избувнувањето шумски пожар во населбата Пацифик Палисадес во близина на Лос Анџелес, кој досега остави една жена пожарникар тешко повредена, а неколку други со изгореници објави „Еј-би-си њуз“.
Најмалку 220.916 корисници се без струја во округот Лос Анџелес поради пожарот, кој зафати повеќе од 2.900 хектари земја.
Како што е соопштено, поради силните ветрови во Санта Ана, пожарот во Пацифик Палисадес се шири со брзина од пет фудбалски игралишта во минута.
Свет
Земјотрес со јачина од 5,5 степени ја погоди Кина
Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот Чинхаи во северозападна Кина.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 35 километри, на 433 километри југозападно од Сининг, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Според досега расположливите податоци, 126 лица загинаа, а 188 се повредени во земјотресот со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала што вчера го погоди хималајскиот регион на Тибет во југозападна Кина, јави кинеската државна телевизија CCTV, пренесе „Ројтерс“.