Македонија
Уставен суд: Ќе се лустрира периодот од 1945 до 1991 година
Лустрацијата може да се врши за периодот од 1945 до 1991 година, а не до 2008. година, одлучи денеска Уставниот суд, на седница на која се расправаше за спорните одредби од Законот за лустрација.
Лустрацијата може да се врши за периодот од 1945 до 1991 година, а не до 2008. година, одлучи денеска Уставниот суд, на седница на која се расправаше за спорните одредби од Законот за лустрација. Според Уставниот суд, кој укина делови од членот 2 и членот 8, во периодот по 1991. година во земјата важат демократски вредности и постојат правни механизми со кои може да се утврди одговорноста на лицата што соработувале со безбедносните служби. Освен тоа, се укина и делот од членот со кој лицето што врши или е кандидат за вршење јавна функција не доставило пријава до Комисијата за лустрација, треба да биде објавено со име и презиме во Службен весник. „Објавувањето во Службен весник од страна на Комисијата дека одредени лица не доставиле писмена изјава, значи јавно жигосување на лицата само затоа што не поднеле писмени изјави, а истовремено, објавувањето може да предизвика последици за тие луѓе во сите сфери на нивното живеење, не само во делот на вршењето на јавната функција“, стои во образложението на Уставниот суд. На денешната седница целосно се укинати и членовите 13 и 34, бидејќи според уставните судии, со членот 13 повторно се врши јавна осуда врз лица што се кандидати за јавна функција. Со укинувањето на членот 34, од лустрацијата се изземаат функционерите во политичките партии, здруженијата и фондациите, како и лицата во верските заедници и религиозните групи, бидејќи, како што смета Судот, тие не се вршители на јавни функции. Уставниот суд смета дека со примената на овие членови државата се меша во работењето на партиите, здруженијата или верските заедници. На денешната седница не се расправаше по иницијативата на Демократската партија на Албанците(ДПА) и Здружението Реалити, во врска со уставноста на одлуката за воведување на македонски јазик од прво одделение за учениците Албанци. Уставниот суд ја симна оваа точка од дневен ред со образложение дека не добил одговор за одлуката од страна на Министерството за образование и наука. /крај/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

