Свет
Сајбер војна меѓу Вашингтон и Пекинг
САД првпат предупреди дека кинеската војска користи експерти за тајни сајбер напади на компјутерите на американските компании и државната агенција
Пентагон во извештајот објавен оваа недела исто така наведува дека кинеската армија користи посебни единици за развивање на компјутерските вируси, кои ги напаѓаат непријателските системи и мрежи, пренесува агенцијата Associated Press.Пентагон наведува дека постојат и многу тешкотии во разбивањето на сајбер шпионажата, како и дека понекогаш е многу тешко да се докаже дека тие напади доаѓаат од Кина.Поранешниот шеф за безбедност рекол дека позади тие сајбер напади стои кинеската влада, како и дека постојат хакери во Кина кои не се поврзани ни со војската, ни со владата, но исто така ги напаѓаат американските компании и агенции.Кинеските власти предупредија дека новиот извештај на Пентагон би можел подлабоко да ги наруши односите на двете земји, но директно не ги споменале темите за сајбер нападите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Јапонскиот аеродром Кансаи не изгубил ниту еден багаж за 30 години работа
Јапонскиот меѓународен аеродром Кансаи (КИКС) прославува 30 години работа без да изгуби ниту еден багаж, соопштија од аеродромот.
Седмиот најпрометен јапонски аеродром соопшти дека не изгубил ниту еден патнички багаж од отворањето во септември 1994 година, објави Си-Ен-Ен.
На тој аеродром годишно во просек минуваат од 20 до 30 милиони патници.
Свет
Маж со нож нападнал луѓе во центарот на Осло, полицијата веднаш го уапсила
Норвешката полиција соопшти дека уапсила маж кој избодел едно лице со два ножа и нападнал неколку лица во центарот на Осло.
Инцидентот се случил пред местото на метрото кога расправија излегла од контрола и неименуван маж на возраст од триесет години избодел еден маж во раката и нападнал уште неколку луѓе во близина.
Полицаецот потоа го извадил пиштолот и му наредил на напаѓачот да ги спушти ножевите, пренесува Ројтерс.
Полицијата смета дека нападот не бил мотивиран од тероризам.
Свет
Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили
Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба.
Во интервју за Форин Полиси, тој рече дека Украинците најмногу страдаат од руските ракетни напади и дека руските балистички ракети се „вистинско зло“.
Наведувајќи дека руските сили користат балистички ракети главно за напади врз енергетскиот систем на Украина, Кулеба оцени дека која било друга земја, доколку претрпи таква штета на енергетските капацитети, ќе изгледа многу полошо од Украина.