Македонија
Груевски-Ахмети: Енциклопедијата не смее да влијае на меѓуетничките односи
Енциклопедијата не смее да влијае на позитивните меѓуетнички односи во Македонија и не смее да се дозволи да влијае врз перспективите на
Енциклопедијата не смее да влијае на позитивните меѓуетнички односи во Македонија и не смее да се дозволи да влијае врз перспективите на државата во контекст на евро-атлантските аспирации. Ова било нагласено на денешната средба во Скопје меѓу премиерот Никола Груевски и претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети. На средбата, како што е соопштено, коалиционите партнери во Владата дискутираа за актуелните случувања поврзани со контроверзите околу енциклопедијата, која беше објавена од страна на МАНУ Груевски и Ахмети разменија мислења и информации за енциклопедијата, која доживеа сериозни реакции, како од граѓаните, од Албанците и од Македонците, од претставниците на меѓународната заедница, од повеќе научни кругови, и од соседните земји. Владините партнери , како што се наведува, нема да дозволат ниту еден поединец, политичар, граѓанин да искористи вакви моменти и да го наруши меѓуетничкиот соживот во државата и заеднички ќе вложат напор за надминување на состојбите. Во однос на енциклопедијата на МАНУ и реакциите на споменатите субјекти, се констатира дека проблемите мора да се надминат преку дијалог, разговори, меѓусебно почитување и уважување и вложување заеднички напори, со цел да се отстранат сите контроверзи и сомнежи. И двајцата на средбата изразија жалење за навредите и спорните делови од енциклопедијата изработена од страна на МАНУ и препорачаа МАНУ да најде начин да ги надмине овие проблеми и да ги реши отворените прашања. Владата работи интензивно на своите долгорочни перспективи и цели и нема да дозволи било какво попречување на овој пат, и посветено ќе ги штити државните и националните интереси, се наведува во владиното соопштение./крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

