Македонија
Димовски ги посети поплавените области во Битолско
Министерот за земјоделство Љупчо Димовски денеска ја посети поплавената Пелагонија при што констатираше дека коритото на реката Црна мора итно да се исчисти во текот на оваа година.
Министерот за земјоделство Љупчо Димовски денеска ја посети поплавената Пелагонија при што констатираше дека коритото на реката Црна мора итно да се исчисти во текот на оваа година.
Нејзиниот водостој, поради врнежите од дожд и снег, сега е повисок за околу два метри од вообичаената кота, поради што не може да ги прифати водите од одводните канали. Еден дел од површините се поплавени поради уништени насипи од страна на несовесни граѓани.
“Ние како влада ќе направиме се за да ја санираме состојбата и во соработка со надлежните институции Министерството за транспорт и врски и Дирекцијата за заштита и спасување во следниот период да влеземе со механизација во коритото на Црна и да интервенираме на деветтиот канал” -изјави министерот Љупчо Димовски, министер.
Комисии од општините Могила и Новаци, на чии територии се наоѓаат најголемиот дел од поплавените површини, веќе излегле на терен да прават проценка на штетата.
Комисијата веќе е формирана и излезена на терен, и според проценките се поплавени околу 1.500-2.000 хектари од индивидуалниот сектор, вели Лазар Котевски, градоначалник на Новаци.
Штетите поради поплавување на најголемата житница во земјава се огромни.
Приоритет за следниот период на Министерството за земјоделство ќе биде побрза трансформација на Водостопанство Пелагонија, најави министерот Димовски.
Досега во пелагониското поле поплавени се околу 10.000 хектари обработливо земјоделско земјиште./крај/тера/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

