Македонија
Груевски: Обединети и сплотени полесно ќе стигнеме до нашата зедничка цел
Премиерот Груевски на 38-ма Светска македонска средба во Трново со порака за обединување. Традиционално манифестацијата Светска македонска средба, е во организација на Матицата на иселениците од Македонија, Светскиот македонски конгрес и Сојузот на Македонците од Егејот „Македон“
Дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во битолското село Трново денеска беше и годинава исполнет со гости од сите краишта на Македонија и Македонци кои живеат во соседните држави и во светот. На големиот народен собир Премиерот Никола Груевски во своето обраќање пред присустните потсети дека Илинден е денот кога се зборува за жртвата и одговорноста, за посветеноста на делото и идеите, за патриотизмот и за единството на еден народ.„Овој ден е многу важен за Македонците секаде низ светот, затоа што денеска го прославуваме споменот за илјадниците херои кои како што рекол Гоце Делчев, ја дале својата жртва кога тоа било најпотребно. Денес е денот кога пред 106 години македонскиот народ го обзнани фактот дека Македонците ја создадоа првата Република на Балканот. Тогаш се роди и Манифестот кој го промовираше единството на различностите, педесет години пред Шуман и Аденауер да ги обединат народите на Европа“, потенцираше Груевски.Премиерот ја нагласи важноста на овј ден за македонскито народ, зашто како што кажа – токму на Илинден се оствари вековниот сон на македонскиот народ за своја држава. Груевски се осврна и на коснтитуирањето на современата македонска држава во манастирот „Свети Прохор Пчински“, кога делегации од сите делови на Македонија ја констиуираа државата на македонскиот народ со сите националности што живеат во неа. „Вечно ќе останат запаметени зборовите на големиот Македонец и визионер Панко Брашнаров, кој отворајќи го првото заседание на АСНОМ кажа дека денеска се роди нова, светла и слободна македонска држава“, рече премиерот Груевски.Тој посочи дека и по повеќе од век од првиот и 65 години од вторито Илинден, со гордост, радост и љубов кон својата држава и народ, Македонците го прославуваат „… најголемиот празник на нашата татковина, денот кога со чувството на должност кон минатото и кон нашите претци, го прославуваме илинденското и антифашистичкото слободарско дело.“Груевски не пропушти да ги спомене и предизвиците што стојат пред денешните поколенија Македонци.„Без разлика на политичката определба или етничката, религиозната и друга припадност, без разлика дали нашето место на живеење е Македонија или надвор од неа, мора да се обединиме и да се посветиме кон остварувањето на нашата заедничка цел, а тоа е развиена, просперитетна и европска Македонија“, порача премиерот Груевски.„Од одлуките на политичарите зависат судбините на стотици семејства. Сите светски државници го делат истото мислење дека е потребно заедничко дејствување, посветеност и соработка за да го совладаме заедничкиот непријател, а тоа е глобалната економска криза, светската економска криза чии последици ги почувствуваа и нашите граѓани, но знам дека од неа ќе излеземе посилни“, нагласи Груевски.Евроинтеграциите исто така беа дел од обраќањето на премиерот за што тој истакна дека последниве години се постигнати извонредни резултати, што го потврдија и двајцата највисоки претставници на Европската Унија при нивните неодамнешни посети на Република Македонија, Оли Рен и Хавиер Солана, а исто е и мислењето и на другите светски државници кои го изложија во нивните честитки по повод Илинден упатени до македонскиот државен врв. „Република Македонија е во завршна фаза за исполнување на европските одредници, и во наредниот период ќе направиме максимум за да обезбедиме позитивен извештај и почеток на преговори со ЕУ, бидејќи тоа е историска битка на нашата генерација, и тоа ќе го направиме,а дека тоа е така, потврда е најавената визна либерализација за Република Македонија како големо признание за сите граѓани и институции во земјава.“, беше дециден Груевски. Груевски крајот од своето обраќање им го посвети на Македонците од дијаспората, потсетувајќи дека со заложбите на неговиот кабинет и паритијата ВМРО-ДПМНЕ, Македонците кои живеат насекаде низ светот сега можат да гласаат на сите избори што ќе се одржуваат во нивната татковина, потсетувајќи дека решението за оваа одредба беше донесено и покрај големите противења на дел од домашните партии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство
Предлог-законот за заштита од пушењето, подготвен од Министерството за здравство, предвидува забрана за пушење во затворени јавни и работни простории, во согласност со европските стандарди и препораките на Светската здравствена организација. Со ова се воспоставува јасно и универзално правило кое ги штити сите граѓани, без исклучоци и без сиви зони, велат од Министерството за здравство.
Според јавноздравствените стандарди, пушењето е личен избор, но заедничкиот затворен простор не смее да биде место каде тој избор се претвора во ризик за здравјето на другите.
„Законот не уредува дали некој ќе пуши, туку јасно определува каде тоа не смее да се практикува, со цел заштита на здравјето на сите присутни. Квалитетот на воздухот во затворени простории е директно поврзан со здравствените исходи. Чистиот воздух значи помалку иритации на дишните патишта, помалку астматични напади и намален ризик од развој на хронични заболувања.
Предлог-законот ја третира изложеноста на тутунски чад како прашање на безбедност и здравје при работа, а не како прашање на животен стил. Во угостителските објекти, токму персоналот е најдолго и најинтензивно изложен на чад од цигари и други тутунски и никотински производи, поради што државата има јасна обврска да го заштити правото на вработените на здрава и безбедна работна средина.
„Искуствата од европските земји кои веќе воведоа вакви законски решенија, како Ирска и Велика Британија и многу други, покажуваат дека овие мерки не претставуваат удар по угостителството и неговите приходи, туку транзиција кон поуреден, поквалитетен и попредвидлив амбиент во угостителските објекти“, појаснува министерот за здравство, Азир Алиу.
Тој додава дека ваквите мерки овозможуваат поголема посетеност од семејства, туристи и граѓани кои преферираат чист воздух, што на долг рок претставува директен бенефит и за самите угостителски објекти.
Македонија
Променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините врнежи од слаб снег. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со појава на магла. Во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје за празникот Водици
На 19.01.2026 (понеделник) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје.
Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.
СВР Скопје апелира со сите учесници во сообраќајот да ги прочитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

