Контакт

Македонија

На Пелинце одбележана 65-годишнината од Првото заседание на АСНОМ

Објавено пред

Денеска ги славиме двата Илиндена. Оној од 1903 г. на Гоце, на Никола Карев, на Ѓорче Петров, на Питу Гули и вториот Илинден од 1944 г. на Ченто, на Рацин, на Брашнаров, на Кузман. Ако првиот Илинден беше израз на македонскиот непокор, вториот Илинден ја донесе победатa

dobivaj vesti na viber

Ова го истакна претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски на одбележувањето на 65 години од Првото заседание на АСНОМ на Меморијалниот центар во Пелинце.Тој доаде дека тоа се два датума кои ги поставија темелите на македонската држава  и кој го остварија сонот на многу генерации, кој на 8 септември 1991 година се заокружи со создавањето независна суверена Република Македонија, легитимен и препознатлив меѓународен субјект и членка на Обединетите нации.„Ова се моменти кога со гордост се сеќаваме на нашите предци на сите оние  кои со своите животи се вградија во денешна Република Македонија. Ова се моменти во кои се навраќаме на минатото, но со поглед кон иднината и со чувство за одговорност да не ги изневериме нивните  идеали, истакна Вељаноски, додавајќи дека ако во далечната 1903 година илинденците сонуваа за самостојна и независка Македонија денеска ние тоа го живееме.Според Вељаноски денес предизвиците кои стојат пред нас се различни од оние пред кои стоеле Делчев, Карев, Ѓорче Петров, или Ченто, Кузман, Брашнаров, Мирче Ацев и други.  – Нас денес, додаде тој, не ни треба пушка туку ни треба, пред се, посветеност во работата, одговорност, знаење, но да не го заборавиме и единството. Ова е посебно важно кога станува збор за остварувањето на нашите стратешки определби,  а тоа се евроатлантските интеграции, потенцира претседателот на Собранието.Тој потсети дека Република Македонија ги исполни сите услови за членство во НАТО и оти поканата не ја добивме поради апсурдниот спор со нашето уставно име кој го наметна нашиот јужен сосед. – Иако не сме членка на НАТО, Македонија и натаму останува вистински партнер на Алијансата и многу сериозно и одговорно го  дава својот активен придонес во повеќе мировни мисии на НАТО и меѓународната заедница, рече Вељаноски и доаде дека Република Македонија чувствувајки одговорност за  стабилноста во регионот, но и пошироко, за иднината на своите граѓани, прифати под покровителство на Обединетите нации да преговара за овој апсурден спор за изнаоѓање на соодветно решение.Тој потенцира дека решението за спорот не може да задира во националниот, културниот или јазичниот идентитет на македонскиот народ и изрази уверување дека околу ова има  единство меѓу сите политички субјекти, како и во целокупната македонска јавност независно од етничката или верската припадност на секој поединец. – Ниту  оваа Влада и ова парламентарно мнозинство немаат мандат од вас граѓаните на Република Македонија да преговараат за македонскиот национален идентитет. Тоа би било вистинско предавство и на првиот и на вториот Илинден. Тоа би било откажување  од идеалите на сите оние кои на Мечкин Камен ги дадоа своите животи. Тоа би било предавство на споменот на сите оние антифашистички борци кои ги положија своите животи во Февруарскиот поход,  Дебарца, Сремскиот фронт па се до завршните борби против фашистичкиот окупатор. Тоа би било  предавство на Ченто, Брашнаров и на многу други кои заради илинденските определби и вредности подоцна беа осудувани, а многу од нив и трагично ги завршија своите животи. Но на крај тоа би било предавство и на нашите деца и на идните генерации, бидејќи ние немаме друга татковина освен оваа Македонија, бидејќи ние имаме само еден мајчин јазик, а тоа е македонскиот, рече претседателот на Собранието обраќајќи се на одбележувањето на 65-годишнината од Првото заседание на АСНОМ во Пелинце.Пред присутните ја потенцира и визната либерализација, како и верувањето дека до крајот на годинава ќе добиеме и датум за отпочнување на преговорите со Европската унија.„Сево ова покажува дека знаеме и можеме да ги воспоставиме европските стандарди и дека со право очекуваме и како политичари, но и како граѓани од страна на Европската комисија нашите резултати правилно да се вреднуваат, рече претседателот на Собранието, истакнуваји дека реформите што се прават не треба да се сфатат како некакво барање на Брисел туку реформи кои обезбедуваат услови за подобар живот, за подобри економски резултати за подобра иднина на нашите деца овде во татковината.Вељаноски потенцирајќи дека еден од најголемите предизвици со кој во моментов се соочува целиот свет е економската криза, рече дека Република Македонија како субјект присутен во скоро сите светски економски текови,  исто така, е зафатена со оваа криза. – И за ова нема криење, туку одговорно јасно треба да се каже што се презема за ублажување од последиците кои ги носи светската економска криза како и мерките за нејзино надминување. Актуелната Влада презема конкретни мерки за ублажување на последиците од кризата, како и за нејзино долгорочно надминување, рече ВељаноскиИстакнувајќи дека во изминатите 18 години на независност Собранието на Република Македонија се етаблира како вистински законодавен дом и храм на демократијата во кој се слеваат, артикулираат и остваруваат интересите на различни политички субјекти, претседателот на Собранието рече дека во овој период се донесени стотици и стотици закони со кои македонскиот законодавен систем се хармонизира со европскиот. – Сето ова го правиме токму во функција на јакнењето на парламентарната демократија, а имајќи предвид дека ние седиме во Собранието со вашите гласови тоа значи и јакнењето на улогата на граѓанинот и артикулација на неговите интереси и проблеми, рече Вељаноски. „Денеска овде на Пелинце каде што симболично го одбележуваме вториот Илинден, а исто така и во историското Крушево, но и во целата наша татковина, повторно се потсетуваме на нашето минато. Од него верувам секогаш можеме да учиме за да можеме тие идеали, сонувањата на сите илинденци и натаму да ги надградуваме. Ова се моменти кога сите ние, без разлика на нашата етничката или верската припадност, можеме со гордост  да истакнеме дека ние сме нивни наследници и дека тоа историско сеќавање збогатено со нови вредности и нови квалитети им го оставаме на нашите деца и на идните генерации. Со тоа на најдостоинствен начин им оддаваме почит на сите оние познати и непознати илинденци кои своите животи ги вградија во денешна Македонија, рече претседателот на Собранието, кој додаде дека нивните битки и нивните победи сега треба да ги продолжиме и да ги зачуваме нивните идеали, но и да ги оствариме нашите определби и сонувања, а тоа е да станеме дел од големото европско семејство на кое и географски, историски и културно му припаѓаме и заедно со другите граѓани на Европа да ја носиме одговорноста за подобра сегашност и поубава иднина, рече претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.Од Пелинце тој упати повик до сите граѓани на Македонија заедно како што тоа го правеле нашите татковци, нашите дедовци да продолжиме да ја градиме Македонија како успешна, но вечна приказна во која демократијата, човековите права и благосостојбата ќе бидат наше секојдневие кое постојано ќе го развиваме и надоградуваме.„Ако Крушевскиот манифест завршува со повикот за Ура за автономна Македонија, ако во Манифестот на АСНОМ  Македонија е дефинирана како суверен субјект на федеративна Југославија  дозволете одовде сите да ја поздравиме европска Македонија“, рече претседателот на Собранието Трајко Вељаноски на одбележувањето на 65 години од Првото заседание на АСНОМ на Пелинце.На Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце свежо цвеќе положија делегацијата на Собранието, Владата, Претседателот на државата, АРМ, дипломатскиот кор, општините, како и на политичките партии и здруженија на граѓани.Државната делегација, предводена од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, претходно го посети манастирот „Прохор Пчински“, автентичното место каде е одржано Првото заседание на АСНОМ, каде положи цвеќе на поставеното спомен обележје

Македонија

Муцунски-Спајиќ: во фокусот посветеноста на европската интеграција на Западен Балкан

Објавено пред

Во пресрет на утрешниот Самит ЕУ – Западен Балкан, денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ.

dobivaj vesti na viber

Двајцата се дел од овогодинешната група добитници на признанието „Млад глобален лидер“ (YGL) на Светскиот економски форум – мрежа која веќе две децении обединува исклучителни личности под 40 години кои предводат позитивни промени ширум светот.

Програмата за млади глобални лидери е симбол на колективна акција и визија, поттикнувајќи нови форми на лидерство во ера на глобални трансформации. Тоа што двајца политичари од Западен Балкан се дел од оваа заедница е потврда за промените што оваа генерација ги носи во регионот, информираат од МНР.

На средбата се разговараше за зајакнување на билатералната и регионалната соработка, како и за потврдување на заедничката посветеност на европската интеграција на Западен Балкан – како дел од визијата за обединета, просперитетна и силна Европа.

Прикажи повеќе...

Македонија

МВР: Од 1 јули летен режим на сообраќај за тешки товарни возила

Објавено пред

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, соопшти МВР.

dobivaj vesti na viber

Забраната се однесува за следните термини:

петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 09:00 до 19:00 часот
недела од 09:00 до 22:00 часот

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.

Специјален сообраќаен летен режим за тешки товарни возила се воведува и на патниот правец А2 Скопје – Охрид – Скопје во периодот од 01.07.2025 до 01.09.2025, и тоа:

Од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот, само во денови со екстремно високи температури определени од Министерството за здравство:

петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 07:00 до 12:00 часот и од 18:00 часот до 24:00 часот и
недела од 07:00 до 22:00 часот

– Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пренасочување на возилата поради сообраќајка на патот Демир Хисар – Кичево

Објавено пред

Од 19:10 часoт има пренасочување на сообраќајот на патниот правец Р1305 Демир Хисар – Кичево поради случена сообраќајна незгода, возилата ќе бидат пренасочени преку с.Единаковци, соопшти АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Според последното известување од АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Мицкоски-Кос: нагласена определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински реформи

Премиерот Христијан Мицкоски, денес во Скопје оствари средба со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, која престојува во...

Македонија8 часа

Достапни се лековите за третман на онколошки заболувања, сите пациенти ја добиваат потребната терапија, вели директорот

Од Клиниката за радиотерапија и онкологија информираат дека сите пациенти ја добиваат потребната терапија и дека се достапни лековите за...

Македонија9 часа

Нема повредени лица во запалениот глисер во Охридското Езеро

Денеска во 10,30 часот, во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека на пловен објект глисер кој...

Македонија11 часа

(Видео) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

СДСМ од првиот ден предупредуваше дека Владата на ВМРО ДПМНЕ ја става државата во заложништво на други држави – наместо...

Македонија11 часа

Директор и вработени во Општината и во Министерството пустошеле во Националниот парк Маврово, заработиле над 3 милиони денари

Полицијата поднесе кривична пријава за вработен во Општина Маврово Ростуше, директор во ЈУ Национален парк Маврово, раководител на одделение за одржливо...

Македонија13 часа

Пожар на глисер во Охрид

Утрово се запали глисер во Студенчишкиот Канал во Охрид. Според првичните информации, пламенот се појавил кога сопственикот го стартувал моторот,...

Македонија13 часа

Муртезани: 150 институции и над 800 експерти ќе учествуваат во подготовката на преговарачките позиции со ЕУ

Пред една година започнавме со јасна цел: да ѝ дадеме нов импулс на европската агенда на земјава. Денес, по 12...

Македонија13 часа

Опасен пожар во близина на границата со Грција: се слуша пукање од муниција, постои опасност од неоткопани гранати

Пожар се шири во близина на границата со Грција. Од Центарот за управување со кризи велат дека пожарот се развива на...

Македонија15 часа

Латас го спомена таткото на Костадин Костадинов, па доби закана: „Цела фамилија те чекаме, со наш суд“

Навреди и закани помеѓу Драган Павловиќ-Латас и струмичкиот градоначалник од СДСМ, Костдин Костадинов, откога новинарот во јавно излагање на поткаст...

Македонија16 часа

Десетгодишно девојче од Македонија се удави во Италија

Десетгодишно девојче од Македонија се удави во реката Пјаве, во близина на Тревизо. Како што јавуваат италијанскитее медиуми, девојчето се...

Регион17 часа

Полицијата во Белград ги отстрани блокадите: оштетено полициско возило, повеќе уапсени

Српското Министерство за внатрешни работи објави дека полицијата ги отстранила сите блокади на патиштата во Белград во текот на ноќта....

Свет17 часа

(Видео) Маж намерно запалил пожар во Ајдахо, па убил двајца пожарникари: пронајден мртов

Двајца пожарникари беа застрелани и убиени додека се бореа со шумски пожар во северниот дел на Ајдахо, соопшти канцеларијата на...

Европа18 часа

Кремљ: Брзината на преговорите за завршување на војната во Украина зависи од ставот на Киев

„Брзината на преговорите за завршување на војната во Украина зависи од позицијата на Киев, ефикасноста на американското посредништво и ситуацијата...

Македонија19 часа

Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Свет19 часа

Трамп: Иранците не знаеја дека доаѓаме

Американскиот претседател Доналд Трамп не верува дека Иран бил во можност да обезбеди или премести дел од својот збогатен ураниум...

Македонија1 ден

Мицкоски ја доби тужбата против Славјанка Петровска за клевета

Граѓанскиот суд во Скопје донел правосилна пресуда во корист на премиерот Христијан Мицкоски, утврдувајќи дека пратеничката од СДСМ и поранешна...

Регион1 ден

Приведени 77 лица по протестите, 48 полицајци повредени, Вучиќ вети дека нема помилување за насилство

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска порача дека нема да потпише никакво помилување или аболиција за оние кои учествувале во...

Македонија1 ден

Димитриевски по реизборот: Ќе градиме нови лидери за нова Македонија

На вториот Конгрес на партијата Движење ЗНАМ за наша Македонија, Максим Димитриевски денеска едногласно повторно ја доби довербата од делегатите...

Македонија1 ден

Јаневска: Учебници на 1 септември, повисоки плати, 7 нови училишта и обнова на студентските домови

Во првата година од мандатот на министерката за образование и наука, Весна Јаневска, се испорачани значајни резултати – учебници на...

Топ1 ден

Избоден 15-годишник на Бит Пазар, 13-годишниот напаѓач е негов роднина

15-годишно момче било повредено со остар предмет синоќа во регионот на Бит Пазар, а според пријавата, нападот го извршил негов...