Македонија
Собранието расправа за интерпелацијата на Димовска
Опозициските парламентарци на денешната собраниска расправа за интерпелацијата на претседателот на државната антикорупциска комисија тврдеа дека Димовска ја штити власта.
Од опозицијата тврдат дека пријавите за криминал и корупција, ревизорските извештаи за злоупотреба на милионски суми пари, свесното забошотување и штитењето на владините функционери е кршење на законите.
Тоа се обвинувањата од страна на опозицијата поради кои бараат интерпелација на Димовска, за која сметаат дека била задолжена за легализирање на криминалните потези на власта.
„Наместо да ја контролирате работата на владините актуелни министри, влеговте во временска машина и се занимававте исклучиво со функционерите на СДСМ од минатото. За жал тоа ја доведе Македонија во дилема дали воопшто оваа институција треба и да постои“, рече пратеникот од СДСМ Јани Макрадули.
Мирјана Димовска рече дека до Собранието го доставила писмениот договор за интерпелацијата, каде што дава образложение за статусот на ова тело и за тоа што сработиле во изминатиов период.
„Личните навреди се апсолутно неосновани , јас разбирам дека законот е чист и јасен и фактите се чисти и јасни и во поглед на наводниот судир на интереси и во поглед на една констатација која е апсолутно незаснована“, истакна Димовска.
Седницата се очекува да трае до доцните вечерни часови, со оглед на големиот број пријавени дискутанти.Интерпелацијата за Димовска ја поднесе СДСМ до Собранието на Република Македонија на 11 јануари оваа година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.