Скопје
Поставени пет информативни табли во Општина Аеродром
Општина Аеродром постави пет информативни табли, со цел граѓаните и посетителите на општината подобро да се информираат и ориентираат.
Информативните табли се поставени на петте најфреквентни локации во општината: на влезот на општината (кај Железничката станица), пред зградата на Општина Аеродром, во паркот „Аеродром“, пред спортскиот центар „Јане Сандански“ и кај трговскиот центар во населбата Лисиче.
Информативната табла има мапа на општината на која се обележани сите булевари, главни улици, споредни улици, патеки, стопански објекти, паркови, населени области, индустриски објекти, спортски објекти, училишта, градинки, болници, амбуланти, пошти и други јавни објекти. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).

