Македонија
Верниците потпишуваат смена на реисот, за ИВЗ Рамадани е вехабист
По петочната молитва стотици верниците од Иса бег џамијата се потпишуваа на петицијата за смена на поглаварот на Исламската верска заедница(ИВЗ) Сулејман Реџепи. За ИВЗ пак, Рамадани е прост вехабист и екстремист
„Ова е легитимен протестот за смена на Сулејман Реџепи, со кој што ќе покажеме дека не сакаме таков водач. Голем е одзивот на верниците на пунктот кој е поставен пред Иса-Бег џамијата. Немаме точна бројка на потписи, но има голем број верници кои се потпишуваат“, изјави распуштениот оџа Рамадан Рамадани.Освен таму, пунктови каде ќе може да се потпишат муслиманските верници се поставени во Стара чаршија, на Бит пазар, кај Чаирчанка.Муфтивството на ИВЗ, пак, стои на ставот дека Рамадан Рамадани ја освоил позицијата со оружје.„Му порачуваме на Рамадан Рамадани да ја напушти Иса-бег џамијата и да не ја злоупотребува за вехабистички и политички цели. Него треба да му биде јасно дека тој може да ги оствари своите цели само ако целото општество е со вехабисти“ изјави Скендер Бузаку од ИВЗ.Во четврток актуелното раководство на ИВЗ и официјално распуштениот оџа Рамадан Рамадани си упатија тешки обвинувања за тоа кој ја освоил позицијата со оружје.Здружението на улемаи при муфтивството на Исламската верска заедница му порача на Рамадан Рамадани да стои подалеку од расколот и насилството, особено сега пред месецот Рамазан, додека Рамaдани се подготвува за смена на поглаварот. Ако не успее легитимно најавува и протести.Жестоките превирања на релација ИВЗ и приврзаниците на Рамадан Рамадани пред неколку недели прераснаа во инцидент. Наместо петочна молитва, скопскиот муфтија беше избркан со клоци и тупаници. Приврзаниците на Рамадани го претепаа скопскиот муфтија и поранешниот пратеник Ештреф Алиу.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студено време, преку денот облачно со услови за слаб снег
Времето утрово е студено со појава на магла по одделни котлини. Преку денот ќе биде променливо облачно наместа со услови за провејување на слаб снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од -1 до 7 степени, информираат од УХМР.
Во Скопје наутро студено со појава на слаба магла, преку денот претежно облачно и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Од петок ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските температури насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени. По котлините ќе има појава на магла и пониски дневни температури.
Скопје
Без вода утрово жителите на Ленинова
Поради дефект, жителите на улицата Ленинова утрово ќе останат без вода.
„Поради дефект на приклучна цевка од Ф 1” (Цол) на улицата Ленинова бр.77, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од Ленинова ( потегот од бул.Митрополит Теодосие Гологанов до ул.Никола Тримпаре од 09:00 часот до санирање на дефектот. (општина Центар)“, соопшти Водовод.
Македонија
Муцунски и специјаниот пратеник Матисен разговараа за евроинтеграциите и регионалните предизвици
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на средба го прими специјалниот претставник за Западен Балкан на Кралството Норвешка, Еирик Матисен.
На средбата, министерот Муцунски ја истакна активната улога на Норвешка на Западниот Балкан, чија поддршка за интеграцијата на земјите во европските и евро-атлантските структури овозможува долгорочен и одржлив развој на регионот. Тој упати благодарност за важната развојна и експертска помош што Норвешка ја обезбедува во повеќе клучни области и изрази очекување дека оваа поддршка ќе продолжи и во иднина.
Специјалниот претставник Матисен изрази задоволство од цврстото партнерство помеѓу двете земји во рамки на НАТО Алијансата, нагласувајќи го фактот дека Република Северна Македонија е лидер во регионот од аспект на регионалната и светската безбедност. Тој ја истакна и силната поддршка што земјата ја дава за Украина како доказ за нејзината посветеност.
Во фокусот на разговорите беа и актуелни теми од регионот и пошироко. Соговорниците изразија задоволство од позитивниот развој на билатералните односи и ја потврдија својата посветеност за натамошно унапредување на политичкиот дијалог и соработката.