Македонија
Тачи: По Чикаго очекувам кулминација на дволичната политика на Ахмети
По самитот на НАТО во Чикаго Мендух Тачи очекува „дволичната политика на Али Ахмети да добие завршен печат, бидејќи станало јасно оти ДУИ веќе не може да стори ништо во евроинтегративните процеси, изјави претседателот на ДПА Мендух Тачи во Неделното интервју на Радио
„По Самитот на НАТО очекувам дволичната политика на Али Ахмети да добие завршен печат. Од 2008 до денес не заморуваат дека тие се тие што најмногу се заинтересирани за интеграцискиот процес, но веќе ќе биде јасно дека веќе не можат ништо. Двете министерства што ги контролира Ахмети, одбрана и евроинтеграции, очекувам најмалку Ахмети да им се извини на Албанците за дополнителната измама дека Албанци ќе ги водат овие министерства и дека тие ќе успеат да го деблокираат процесот. Работите многу ќе се комплицираат и од економски аспект. Не знам кој и` е планот на владата, но навистина не можам да останам рамнодушен и да ги лажам граѓаните дека ни претстојат добри денови, ни претстојат многу лоши денови“, изјави лидерот на ДПА Мендух Тачи во интервјуто за Радио Слободна Европа.
Претходно во интервјуто Тачи се задржува на протестите во Скопје, коишто според него„флоскулите и зборовите за радикален ислам се повеќе смешни отколку сериозни“.
„Очигледно владата направи некој недоличен договор меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, убиството кај Смилковско езеро да се квалификува со такви зборови. Многу брзо работите ќе станат јасни дека овде нема никаков друг проблем, основниот проблем се односите меѓу Македонците и Албанците. Ништо не е променето на подобро. Сите имавме надеж дека работите ќе се подобрат, особено по 2001 година, но очигледно се е искомплицирано. Мислам дека државата не функционира како што треба, сите овие вештачки експерименти, овој политички речник, недоличен на една сериозна држава, доаѓа од тоа што нема подготвеност од страна на Македонците да ја сфатат идејата дека оваа држава може да опстои само заедно со Албанците“, вели Тачи .
Во врска со влошувањето на меѓуетничките односи пред петкратното убиство, лидерот на опозициската ДПА вели дека тоа бил еден обичен трик на коалициските партнери.
„Малку да ни глумат тензија, да нé убедат дека сме во опасност, да ја убедат или да ја принудат, според нив, меѓународната заедница да нé прими во НАТО. Кога видоа дека овие работи може да станат многу сериозни, мислам дека командуваа да се повлечат луѓето што ги инструираа за вакви манифестации. Една најобична слика пред владата, кога демонстрираа околу 70 Македонци, зборува за тоа дека командантот се повлекол од оваа игра. Оваа игра ја командуваше владата, добро е што имаме сигнали дека се повлекува од овие валкани игри и мислам дека ќе биде подобро сите заедно да работиме, да дојдеме до некој договор, да не употребуваме навреди и тн. Зошто велам владата, не затоа што сум во опозиција. Ве молам, само анализирајте, кој ја спонзорираше со пари Енциклопедијата? Владата. Каде почнаа првите навреди кон Албанците? Во таа Енциклопедија. Другото е само одвивање на работите по тој терк“, истакнува Тачи.
„Јас како лидер на опозицијата на Албанците не можам да прифатам и не ми дозволуваат тие гласови што ги имам да се ставам под чадор на некој друг лидер“, вели Тачи на прашањето дали ќе се приклучи на некој од опозициските блокови.
„Ние не можеме да се приклучиме, затоа што ние уште потврдуваме дека тука има и етничка опозиција, ДПА е етничка опозиција. Ние не можеме да седнеме под некој чадор. Некои други помали албански партии можеби се подготвени на таков компромис. Тоа не значи дека ние не сме подготвени за разговор и соработка, но очигледно во нешто се разликуваме многу. Ние и натаму зборуваме дека позицијата на Албанците е многу дискриминирана, македонската опозиција мисли дека тоа не е така, мислам дека тоа претставува голем проблем за натамошна соработка“, дополнува Мендух Тачи. /крај/рсе/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Почина хирургот и професор Владо Јаневски
По повеќегодишно боледување, на 71-годишна возраст, денеска почина познатиот хирург, професор и доктор Владо Јаневски, сопруг на министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Јаневски важеше за истакнат медицински професионалец кој зад себе остави значаен придонес во хирургијата и медицинската едукација. Во текот на својата кариера, своето знаење и искуство ги пренесе на бројни лекари и хирурзи, кои денес работат во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, како и во приватните здравствени установи.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре, 1 март, во 11:00 часот, во капелата во Бутел.
Македонија
Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани
Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Во моментов воздушниот простор е затворен и не е можна евакуација.
„Согласно последните информации, воздушниот простор останува затворен најмалку до понеделник. По неговото повторно отворање ќе бидат разгледани можностите и моделите за организирање евентуална евакуација, во согласност со околностите и безбедносната состојба“, велат од Министерството.
Оттаму додаваат дека во оваа фаза,препораката до македонските државјани е внимателно да ги следат официјалните известувања на израелските власти, да постапуваат согласно безбедносните протоколи и да останат во засолништа кога тоа е наложено.
„Апелираме до сите наши државјани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион сè до стабилизирање на безбедносната состојба. Во случај на потреба од помош граѓаните можат да се обратат на следните контакти: Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив телефон +972 54 500 8566, телефон +972 54 967 0546 и е-пошта: [email protected], како и во Министерство за надворешни работи и надворешна трговија на телефон +389 75 273 732 / +389 75 268 736 и е-пошта: [email protected]. Министерството, преку Дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив, континуирано ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста за понатамошниот развој“, додаваат од МНР.
Македонија
Муцунски: Стоиме зад нашите американски сојузници
Ние стоиме зад нашите американски сојузници во справувањето со дестабилизирачките закани на Блискиот Исток, објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
– Соединетите Американски Држави јасно ставија до знаење дека дипломатијата е секогаш првата опција – но одвраќањето останува од суштинско значење кога постојат веродостојни ризици. Безбедноста, стабилноста и одговорноста одат рака под рака, се наведува во објавата на Муцунски на платформата „Х“.

-Во исто време, нашите амбасади и конзуларни тимови низ целиот регион се активно вклучени и работат на поддршка и помош на нашите граѓани, обезбедувајќи ја нивната безбедност и обезбедувајќи ја целата потребна конзуларна помош, се додава во објавата на налогот на министерот Муцунски на социјалната платформа „Х“.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на „Truth Social“. Во видеото, Трамп потврди дека САД започнале „големи борбени операции“ против Иран. Тој исто така вели дека целта на кампањата е да се „заштити американскиот народ“ и да се елиминираат непосредните закани што ги претставува иранскиот режим, кој го нарече „злобна група многу ужасни луѓе“.

