Македонија
Либерта: Албанците се незадоволни од политичките партии

На прагот од предвремените избори Албанците не се задоволни со тоа како политичките партии – учесници во власта работат
Според резултатите од анкетата на Институтот Либерта, 48.6% сметаат дека ниту една политичка партија не ги брани интересите на Албанците како што треба.Анкетата покажува дека 32.5% сметаат дека во изминативе 20 години, ДПА е таа која најдобро ги бранела албанските интереси, потоа следува ДУИ со 8.2% и ПДП со 5.8%. „Нашето истражување покажува дека 72.2% од Албанците сметаат дека Рамковниот договор (ОРД) не ја постигнал целта, што е показател за албанските политички партии, дека треба да се промени стратегијата, за да се компензира ова незадоволство кај албанската популација, кои тие ја претставуваат. Уште повеќе заради фактот дека 78.5% не се задоволни со начинот како се имплементира ОРД, што е еден алармантен процент за албанските политички субјекти“, рече Едмонд Адеми од овој институт.Анкетата тврди дека 42.5% од испитаниците се сè уште неопределени, а процентот на тие кои во овој момент сметаат дека нема да излезат на гласање е 26.8%.Ким Мехмети смета дека кај Албанците расте бројот на тие што се незадоволни од нивните партии. „Ова е пораз за сите албански партии. Да имате вие процент на тие што нема да излезат на гласање еднаков на тој што ќе излезе, за сите тие партии тоа значи дека тие луѓе дефинитивно дигнале раце од нивното очекување дека нешто ќе сторат. Кога вие имате 42 отсто неопределени тоа значи дека следните избори, ќе ги добие таа партија или таа предизборна коалиција која ќе успее да им понуди нешто што досега не им е понудено, бидејќи мотивот Рамковниот договор веќе не е можен“, рече тој
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Изгасанат е пожарот пред Пинтија, под контрола се пожарите во „Дрисла“ и Трубарево, активен е пожарот на Кожуф

Рано утрово пред четири часот изби тежок пожар во сервис за возила пред Пинтија (над Стаклара во местото наречено Каменик) во кој имаше повеќе автомобили, уље и други запаливи предмети, информира утрово директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Тој додаде дека БППЗ Скопје веднаш излегле на лице место и со 8 возила после тешка борба со огнот, пожарот бил изгаснат пред 6.00 часот.
Според последните информации од ЦУК до 07:00 часот утрово на територијата на Р.С.Македонија има вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои 1 е активен, под контрола се 2 пожари, а изгаснати се 10 пожари.
Активни: 1
1. Општина Гевгелија: Кожуф планина кај с. Петрово (приземен пожар, лисна маса);
ПОД КОНТРОЛА: 2
1. Општина Студеничани: Депонија Дрисла (ѓубре);
2. Општина Гази Баба: с. Трубарево (електричен отпад);
Изгаснати: 10
1. Општина Пробиштип: нас. Калниште – с. Добрево (висока дабова шума и нискостеблеста вегетација);
2. Општина Кочани: м.в. Царев Врв, Осоговски Планини (ниска вегетација и стрништа);
3. Општина Шуто Оризари: ул. Нов Живот (ѓубре);
4. Општина Гази Баба: ул. Перо Наков (ѓубриште);
5. Општина Студеничани: с. Горна Количани (ниска вегетација);
6. Општина Врапчиште: с. Неготино (ниска вегетација);
7. Општина Долнени: с. Лажани (ниска вегетација);
8. Општина Демир Хисар: Грејшки Пат (ниска вегетација);
9. Општина Куманово: градски гробишта (ниска вегетација);
10. Општина Липково: с. Оризаре (стрниште).
Македонија
Мицкоски треба да одговара за ширење страв и паника, по признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите, велат од СДСМ

Панче Тошковски во интервју призна дека нема осомничени дека одреден центар на моќ влијаел да се подметне пожарот во Трубарево и дека нема странски и домашни центри на моќ кои ја палат Македонија. Ова признание на Тошковски e директент демант на изјавите на Мицкоски, велат од СДСМ.
„Дополнително, признанието на Тошковски е потврда дека Христијан Мицкоски ги злоупотребил институциите и безбедносната состојба со цел да ја покрие сопствената неспособност.
Ова е потврда и дека Мицкоски без основа ширел страв и паника во јавноста.
По ова признание на Тошковски, Христијан Мицкоски треба да одговара за предизвикување страв и ширење паника во јавноста без да се базираат на било какви факти и докази.
Ваква злоупотреба на безбедносната состојба само за да си го спасува рејтингот ниеден премиер не се осмелил да прави“.
Оваа влада и овој премиер, оценуваат во СДСМ, се опасност по граѓаните, по нивниот живот, по здравјето, но се опасност и по институциите кои ги множат со нула и по државата во целина.
Македонија
Без вода делови од Центар и Чаир

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, соопшти дека, денеска поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од фи-200 мм, на ул. Бајрам Шабани бр. 7, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Бајрам Шабани, Челопек, Чаирска, Јајце и Ордан Чопела. (Општина Чаир)
· Поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од фи-80 мм мм, на ул. Коле Неделковски бр. 59, од 08:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Коле Неделковски и Киро Крстевски -Платник. (Општина Центар)