Скопје
СДСМ бара седниците на советот на Град Скопје да се пренесуваат преку интернет
Советничката група на СДСМ и опозицијата на денешната седница на Советот на град Скопје побара директни преноси на седниците на Советот преку интернет.
Според нив, со ова ќе се зголеми транспарентноста на работата на Советот, а граѓаните ќе имаат лесен начин да следат како градот ги носи одлуките кои се директно поврзани со нивните интереси.„Ова го бараме, особено имајќи предвид дека седниците на Советот упорно се закажуваат да почнуваат во 13:00 часот, со што вие претставниците на медиумите сте оневозможени до крај да ја следите работата на Советот. Тоа е намерна тактика на Коце Трајановски. Секогаш како први на дневен ред се поставуваат банални теми, како на пример денешните први точки за прием на смукалки, брусилки и скали. Додека во долниот дел на дневниот ред редовно се наоѓаат одлуките од најголемо значење за граѓаните на Скопје, кои најмногу негативно влијаат на квалитетот на животот на скопјани. Со тоа Коце Трајановски редовно ги крие од јавноста срамните одлуки кои ги носи владејачкото мнозинство во Советот“, изјави Дамјан Манчевски, координатор на Советничката група на СДСМ и коалициските партнери во Советот на Град Скопје.Според нивните пресметки, градот во најлош случај би требало да издвои не повеќе од 10.000 евра за да се обезбедат сите технички услови за пренос на седниците во живо преку интернет. „Секоја одлука која ќе значи одбивање на оваа наша иницијатива, ќе значи криење и нетранспарентност на работата на Коце Трајановски и градската власт“, изјави Манчевски./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).

