Свет
Европа погодена од поплави во последните месеци
Обилните врнежи и наглото топење на снегот се главни причини за поплавите што во последните неколку месеци погодија повеќе делови на Европа
Обилните врнежи и наглото топење на снегот се главни причини за поплавите што во последните неколку месеци погодија повеќе делови на Европа.
Повеќе 40 луѓе ги загубија животите во незапамтените поплави и лизгање на земјиште на португалскиот остров Мадеира во февруари предизвикани од повеќечасовните обилни дождови. Најголемиот дел од жртвите загинале од рушевините на своите куќи. Хоспитализирани беа 100-тина луѓе. Ветерот со брзина од 100 километри на час и силните наноси од вода и кал носеа пред себе автомобили, мостови и откорнати стебла. Голем број улици беа блокирани, а некои места беа отсечени од светот. Некои делови на островот се без струја, а во прекин се и телефонските врски. Најкритично беше во градот Фуншал, каде улиците целосно беа поплавени, а многу семејни куќи беа затрупани од земја.
Наглото топење на снегот на почетокот на јануари во Хрватска предизвика повеќе делови на земјата да бидат поплавени. Состојбата беше најлоша во долината на Неретва, каде што поради високиот водостој на реката во неколку места беше прогласена вонредна состојба.
Повеќе од 3.400 луѓе беа евакуирани во областа Скадар во северна Албанија во средината на февруари, која по тешките дождови беше погодена од поплави. 8.680 хектари земјиште беа поплавен во северниот дел на Албанија поради големите дождови што ги принуди властите да ги отворат браните на хидроелектраните. Поплавени беа и делови на автопатот Скадар-Тирана и Скадар-Кукс.
Еден човек загина во поплавите кои во ноември лани ја зафатија југозападна Србија. Во неколку српски градови беше прогласена вонредна состојба. Стотици луѓе беа евакуирани, а надојдените реки поплавија стотици куќи и други објекти. Надојдената вода урна неколку мостови, а отсечени беа и голем број патишта. Илјадници домаќинства во неколку градови останаа без вода за пиење.
Грција, исто така, кон крајот на минатата година беше погодена од поплави во кои загина едно лице. Телото на 41-годишниот маж беше извадено од Егејско Море во реонот на градот Волос. Тој се удавил откако се превртел неговиот чамец.. Во надојдената вода на реката Есон во реонот на Пиерија потонаа повеќе автомобили од кои се спасени десет лица. Поради обилните дождови, поплавени беа многу куќи и продавници, а инфраструктурата, складиштата и системот за наводнување претрпеа значителна материјална штета во областите Пиерија и Иматија. Голем дел од патиштата во овие области беа затворени.
Поплавите што ги зафатија североисточните делови на Турција во ноември, предизвикуваа големи хаварии. Бројот на жртвите постојано растеше од се почестите лизгања на земјиштето, како и од уривање на домовите. Луѓето беа немоќни да го спречат лизгањето на земјиштето, предизвикано од поројните дождови. Сликите од градот Трабзон, пак, покажуваа поплавени продавници и мошне оштетени патишта и згради. Уште четири луѓе загинаа во североисточна Турција по силните поплави. Во соседната област Ризе обилните врнежи од снег ги затворија патиштата. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Уапсен е и третиот осомничен за нападот врз куќата на Здравко Чолиќ: побегнале со скутер
Третиот осомничен за бомбашкиот напад врз куќата на Здравко Чолиќ, вечерва е уапсен во ефикасна акција на Одделот за криминалистичка полиција, Полициската управа за градот Белград, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, пишува „Курир“.
Сомненијата според написите се дека двајцата претходно уапсени, биле директни сторители, додека третиот им набавил експлозивни направи, не само за нападот врз куќата на Здравко Чолиќ, туку и за нападот врз Палилула на 20 ноември 2025 година, пишува „Курир“.
Бомбата експлодирала во просторот помеѓу куќите што му припаѓаат на семејството на жртвата и друго семејство, а осомничените се вратиле назад кон возилото.
Исто така, на 3 февруари 2026 година, тие неовластено носеле една рачна граната, па користеле такси, а потоа стигнале до семејната куќа на Чолиќ каде околу 4:52 часот наутро осомничениот што го барале активирал и фрлил рачна граната во дворот на семејната куќа, додека еден од осомничените се погрижил да не помине никој и снимал со мобилен телефон.
Рачната граната експлодирала, по што осомничените се оддалечиле од местото на настанот, според медиумот.
Свет
Фицо: Немам телефон и не знам ништо за Банон и Епстин
Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави во парламентот дека нема сознанија за можни контакти на членови на неговата придружба со американските политички и јавни личности Стивен Банон и Џефри Епстин, нагласувајќи дека не користи класични форми на дигитална комуникација и не е одговорен за преписката на други луѓе.
Одговарајќи на прашањата на пратениците, Фицо нагласи дека не поседува мобилен телефон, дека не испраќа пораки и дека, како што рече, дури и избегнува електронска пошта. Според него, нема информации за лицата споменати во дискусијата, ниту за можни контакти што биле предмет на интерес на пратениците.
Во исто време, словачкиот премиер објави дека Братислава ќе ја оспори одлуката на Европската Унија да ја забрани испораката на руски гас од 2027 година. Фицо процени дека таквата мерка би предизвикала сериозна економска штета не само за Словачка, туку и за поширокиот регион.
Тој особено го критикуваше фактот што одлуката е донесена со квалификувано мнозинство во рамките на Европската комисија, иако, според него, станува збор за прашање за кое е потребен консензус од сите членки на ЕУ.
Фицо рече дека Словачка ќе продолжи да води независна надворешна политика, нагласувајќи дека очекува конкретни економски и дипломатски придобивки за земјата од таков курс.
Свет
Франција и Канада отвораат конзулат во Гренланд
Франција и Канада ќе отворат конзултати во главниот град на Гренланд, Нуук, во петок, продлабочувајќи ја соработката на Арктикот во време на зголемени геополитички тензии откако американскиот претседател Доналд Трамп јасно го покажа својот интерес за стекнување на стратешки важниот остров, објавија медиумите.
Дипломатските потези ја сигнализираат посветеноста на двете нации за зајакнување на нивното присуство на Арктикот и партнерство со Гренланд, полуавтономната данска територија што стана жариште за тврдењето на Доналд Трамп дека американската контрола врз островот е приоритет на националната безбедност.
Притисокот на Трамп да го анектира Гренланд, каде што САД веќе имаат конзулат, ги вознемири европските сојузници и поттикна дебата за суверенитетот и безбедноста на Арктикот. Канадската министерка за надворешни работи, Анита Ананд, и генералната гувернерка Мери Сајмон, ќе го посетат Гренланд во петок за да присуствуваат на отворањето на канадскиот конзулат.
Ананд треба да се сретне со данскиот министер за надворешни работи, Ларс Локе Расмусен, и министерката за надворешни работи на Гренланд, Вивијан Мотцфелд, во Нуук за да разговараат за соработката во безбедноста на Арктикот.
Канада објави во декември дека ќе отвори конзулати во Гренланд и Анкориџ, Алјаска, за да го зајакне своето присуство на Арктикот. Премиерот Марк Карни, исто така, вети дека ќе го зајакне военото и безбедносното присуство на Канада на Арктикот.
Франција, која има само девет свои државјани на Гренланд, ќе биде првата земја од ЕУ што ќе отвори конзулат на островот. Париз „ја повторува својата посветеност на почитување на територијалниот интегритет на Кралството Данска“, соопшти француското Министерство за надворешни работи во петокот.
Францускиот претседател Емануел Макрон ги објави плановите за отворање конзулат за време на неговата посета на Гренланд минатата година, како знак на солидарност, откако Трамп изрази интерес за анексија на Гренланд.

