Свет
Обама подржува изградба на Џамија на местото на Кулите во Њујорк
Претседателот на Сад, Барак Обама го поддржаа предлогот за изградба на џамија и исламскиот културен центар во близина на поранешните кули-близначките, кој беа уништени во нападите на 11-ти септември 2001-та година.
Претседателот на Сад, Барак Обама го поддржаа предлогот за изградба на џамија и исламскиот културен центар во близина на поранешните кули-близначките, кој беа уништени во нападите на 11-ти септември 2001-та година.
Конзервативците се противат на тоа како и повеќето њујорчани. “Како граѓанин, но и како претседател, јас верувам дека муслиманите имаат еднакви права да ја практикуваат својата религија, како и секој друг во оваа земја”, изјави претседателот.
Обама рече дека ова право го вклучува и “правото да се изгради место за богослужба и културен центар, на приватно земјиште во Менхетен, во согласност со локалните закони и регулативи”, објави новинската агенција Ројтерс. Обама ја нагласи потребата за верска толеранција и потсети на загарантирана слобода на религијата од страна на Првиот амандман на америкаснкиот устав, додавајќи дека Ал Каеда не е синоним за исламот.
“Целта на Ал Каеда не е исламот, тоа е одговорна за нарушување на исламот. Тие не се верски лидери, туку терористи кои убиваат невини мажи, жени и деца”, рече американскиот претседател.
Изградбата на културен центар, два блока од местото каде што беа руинираните кули, поддржан е и од страна на градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг, но 53 проценти од њујорчаните се противат, според анкетата спроведена оваа недела, објавена во вторникот, пренесува Ројтерс. Нападот на кулите-близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк уби околу 2.750 луѓе.
Еден од последниот обиди на противници на идејата за да се спречи изградбата на центарот и џамијата ќе бидат и рекламите од типот- “Зошто овде?”, Кој ќе започнат на почетокот на следната недела, прикажани на 26 автобуси во Њујорк.крај/блиц/сс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руски војник осуден на доживотен затвор за убиство на украински воен заробеник
Украински суд денес осуди руски војник на доживотен затвор за убиство на украински воен заробеник, прв таков случај од почетокот на руската инвазија на Украина.
Суд во југоисточниот град Запорожје го прогласи Дмитриј Курашов (27) за виновен за убиството на Виталиј Ходниук, украински војник кој се предаде на руските сили во јануари 2024 година.
Курашов, кој беше заробен од украинските сили заедно со други руски војници кратко по инцидентот, се изјасни за виновен на суд, иако подоцна им рече на новинарите дека е невин и сака да биде вклучен во размена на заробеници.
Неговата казна има симболично значење за Украина, која вели дека руските сили егзекутирале голем број украински воени заробеници, но осомничените обично се надвор од дофатот на украинската правда. Русија негира дека нејзините војници вршат воени злосторства.
Нападот во кој е убиен Ходниук се случил на 6 јануари 2024 година. Според обвинителите и сведоците, Ходниук се предал невооружен, клекнал, а Курашов го застрелал со митралез. Курашов тврди дека истрелите биле испукани од воен лекар по име „Седој“, кој подоцна починал. Рускиот напад бил краток.
фото: принтскрин
Свет
Ненси Пелоси објави дека ќе се пензионира
Ненси Пелоси, првата жена што стана претседател на Претставничкиот дом на САД, изјави дека нема да се кандидира на изборите во 2026 година, што го сигнализира крајот на нејзината четиридецениска кариера како прогресивна демократска икона, честопати критикувана од десницата.
„Нема да се кандидирам за реизбор во Конгресот. Со благодарно срце, се радувам на мојата последна година од службата“, рече Пелоси во видео порака објавена на X.
Претседателката на Претставничкиот дом Пелоси отслужи два мандата, од 2007 до 2011 година и од 2019 до 2023 година.
85-годишната Пелоси, која првпат беше избрана во Конгресот во 1987 година, во интервју за Ројтерс во 2022 година изјави дека жали што не победила на повеќе избори во својата долга кариера за да им ја одземе моќта на републиканците и да се осигура дека „суштество како Доналд Трамп никогаш нема да стане претседател на Соединетите Американски Држави“.
Свет
Папата: Потребно е итно да се достави хуманитарна помош во Газа
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти, денес во Ватикан се сретна со палестинскиот претседател Махмуд Абас, со кого разговараше за итната потреба од прекин на конфликтот во Газа и за доставување хуманитарна помош.
Како што објави Ватикан, pапата ја повтори потребата од решение за израелско-палестинскиот конфликт со две држави.
Во соопштението се наведува дека за време на „срдечните разговори во Апостолската палата, двете страни ја нагласија итноста од обезбедување хуманитарна помош за цивилното население во Газа и ја нагласија важноста од прекин на конфликтот преку решение за две држави“.
Средбата се одржа по повод десетгодишнината од потпишувањето на Сеопфатниот договор меѓу Светата столица и Државата Палестина.
Денешниот разговор беше првата средба меѓу двајцата, бидејќи претходно комуницираа по телефон.
Еден ден пред средбата со папата Лав Четиринаесетти, Абас ја посети базиликата Света Марија Маџоре за да му оддаде почит на гробот на папата Францискo.
Посетата беше неговиот прв чин по пристигнувањето во Рим во средаta попладне.
„Дојдов да го видам гробот на папата Францискo, бидејќи не можам да заборавам што направи за Палестина и за палестинскиот народ. Не можам да заборавам дека ја призна Палестина, без никој да го замоли да го стори тоа“, рече Абас.
Фото: принтскрин

