Македонија
САД ја очекува Македонија во НАТО
Американскиот претседател Барак Обама со нетрпение го очекува денот кога ќе може да ја поздрави Македонија како членка на Алијансата
Американскиот претседател Барак Обама со нетрпение го очекува денот кога ќе може да ја поздрави Македонија како членка на Алијансата.
Обама, како што јавија агенциите, ова го изјави во говорот при свеченото отворање на официјалниот работен дел од самитот на НАТО во Стразбур и Кел.
“Како што им посакуваме добредојде на Албанија и Хрватска, ова не е последен пат за вакво славење. Јас го очекувам денот кога ќе и посакаме добредојде и на Македонија во Алијансата”.
Според американскиот претседател Барак Обама, вратите на НАТО ќе останат отворени за сите земји кои ги исполнуваат стандардите на НАТО и кои ќе даваат значаен придонес за безбедноста на Алијансата. /крај/се/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на неколку патни правци
Како што извести АМСМ, забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци Крива Паланка – г.п.Деве Баир, Тетово – Попова Шапка и на планинските премини Плетвар, Ѓавато, Стража и Маврово.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција од дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од неколку скопски општини.
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од село Љубин во општина Сарај.
– во периодот од 10.00 до 12.30 часот, корисниците од цела населба Радишани во општина Бутел;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците околу претпоследна и последна 22ка, во село Волково, во општина Ѓорче Петров.
Македонија
Облачно и студено време со повремени локални врнежи од дожд и снег
Времето денес ќе биде претежно облачно и студено со повремени локални врнежи од дожд и снег.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 1 до 6 степени.
Во Скопје облачно и студено со слаб дожд, а во повисоките делови од котлината со слаб снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 4 степени.
До петок ќе се задржи значително облачно, студено и ветровито време со локални врнежи претежно од снег, долж Повардарието со повремен дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во северозападните, северните делови и на крајниот исток. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Од сабота следува период на стабилно, суво и студено време.