Контакт

Свет

Уапсено момче со нож во близина на норвешкиот премиер

Објавено пред

Норвешката полиција уапсила момче со нож во џебот на местотo каде се собрале преживеаните од масакрот на кое пристигна и норвешкиот премиер Јенс Столтенберг, јави државната телевизија NRK.

dobivaj vesti na viber

Норвешката полиција уапсила момче со нож во џебот на местотo каде се собрале преживеаните од масакрот на кое пристигна и норвешкиот премиер Јенс Столтенберг, јави државната телевизија NRK.Младичот на полицијата и’ објаснил дека кај себе го чувал ножот, бидејќи со него се чувствувал побезбеден, пренесува агенцијата NTB.Истиот извор на телевизијата потенцирал дека уапсеното момче било член на лабуристичката младина, движењето чиишто 84 припадници беа убиени во нападот врз кампот на социјалдемократската работничка младина на островот Утеија близу Осло, само неколку часа откако во центарот на норвешката престолнина одекна експлозија во којашто загинаа седум лица. Полицијата засега не дава коментари за медиумите во врска со овој случај. Младите лабуристи  во саботата се собраа на островот Утеија за да покажат дека нема да се повлечат пред тероризмот, изјави нивното раководство. „AUF (Движењето на младите лабуристи) нема да молчи. По неразбирливиот акт на омразата нашата порака е дека AUF и неговите идеи, како и секогаш, ќе преживеат. Нема да се повлечеме, ќе се вратиме на Утеија“, изјави Ескил Педерсен, водачот на младите норвешки лабуристи на прес-конференција. Според последните информации осомничениот за масакрот и за претходната експлозија во центарот на Осло, во почетокот на мај купил шест тони земјоделско ѓубриво/ Тоа според портпаролката на компанијата од која е купено ѓубривото на 4-ти мај, била стандардното количество.  Андерс Бехринг Брејвик, кој е осомничен за нападите тогаш се претставил како директор на „Брејвик Геофарм“, биолошка фарма./крај/нбт/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Итни мерки по експлозијата што ја оштети инфраструктурата на каналот Ибар-Лепенец во Зубин Поток (ВИДЕО)

Објавено пред

Косовскиот совет за безбедност презеде итни мерки по експлозијата што ја оштети инфраструктурата на каналот Ибар-Лепенец во Зубин Поток. Сомнежите на надлежните се дека станува збор за напад кој предизвика значителна штета, загрозувајќи го снабдување со вода и електрична енергија. Не се пријавени жртви.

dobivaj vesti na viber

Владата на Косово ги координираше напорите за обновување на снабдувањето, со што се обезбеди стабилно снабдување со електрична енергија, а водоснабдувањето беше заменето со вода од други извори.

Косовскиот премиер Албин Курти ја обвини Србија за нападот, додека Белград се уште не се огласил на тврдењата на Курти.

Експлозијата што се случи во петокот вечерта, предизвика сериозна штета на каналот Ибар-Лепенец, кој е клучен за снабдувањето со вода и електрична енергија во Косово.

Каналот обезбедува вода за пиење за северот на Косово, Приштина и околината, како и за термоелектраните во Обилиќ, кои користат вода од акумулацијата на езерото Газиводе за ладење.

Овој инцидент е трет напад во последните 72 часа на северот на Косово, каде што живее мнозинско српско население.

Слични напади претходно беа извршени врз полициски станици и општински згради во Звечан.

Косовската полиција ги засили безбедносните мерки, вклучувајќи и поголемо присуство на полициски службеници на терен, особено на северот од земјата.

Прикажи повеќе...

Свет

Зеленски е подготвен за примирје ако Украина се приклучи на НАТО со територијата што сега ја контролира

Објавено пред

Украинскиот претседател Волдимир Зеленски навести дека може да се постигне договор за прекин на огнот доколку украинската територија, која сега е под негова контрола, биде земена „под чадорот на НАТО“, што ќе му овозможи да преговара за враќање на остатокот од територијата на дипломатски начин.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за „Скај њуз“, Зеленски беше замолен да одговори на медиумските извештаи дека еден од плановите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да стави крај на војната би можел да биде Киев да и ги предаде на Москва териториите што ги окупира, во замена за пристапување на Украина во НАТО.

Зеленски рече дека членството во НАТО ќе мора да им се понуди на неокупираните делови на Украина, за да се стави крај на „жешката фаза на војната“, и дека со поканата за членство, НАТО ќе мора да ги признае меѓународно признатите граници на Украина.

„Ако сакаме да ја запреме жешката фаза на војната, треба да ја земеме под чадорот на НАТО територијата на Украина што ја имаме под наша контрола“, рече Зеленски.

„Треба да го направиме тоа брзо, а потоа Украина може да ја врати (окупираната) територија преку дипломатски средства“, додаде тој.

Зеленски рече дека прекинот на огнот е потребен за „да се гарантира дека (рускиот претседател Владимир) Путин нема да се врати за да заземе повеќе украинска територија.

Тој рече дека НАТО треба веднаш да го покрие делот од Украина што останува под контрола на Киев, што, како што додаде, на Украина и е потребно многу.

Во првото интервју за британските медиуми по победата на Трамп на изборите, Зеленски беше прашан што мисли за него и рече дека Украина мора да соработува со новиот претседател за да има некој што ги поддржува.

„Сакам да работам директно со него, бидејќи тој има различни гласови од луѓето околу него, и затоа треба да не дозволиме никој околу нас да ја уништи нашата комуникација“, рече тој.

Во ова интервју, Зеленски за првпат навести дека договорот за прекин на огнот може да вклучи руска контрола над украинската територија. За време на конфликтот, Зеленски никогаш не кажа дека ќе ѝ отстапи на Русија кој било дел од окупираната украинска територија, вклучувајќи го и Крим, кој Русија го зазеде во февруари 2014 година и официјално го анектираше следниот месец, пишува „Скај њуз“.

Околу една петтина од територијата на Украина е под руска контрола.

Прикажи повеќе...

Свет

Ердоган: Судбината на 194 земји не може да се препушти во рацете на пет држави

Објавено пред

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска повика на голема ревизија на Обединетите нации, јавува агенцијата „Анадолија“.

dobivaj vesti na viber

„ОН треба целосно да се реформираат. Светот не може да биде оставен на милост и немилост на пет постојани земји (членки на Советот за безбедност). Судбината на 194 земји не може да се остави во рацете на овие пет постојани членки“, рече Ердоган во Обраќање на Светскиот форум на ТРТ во Истанбул.

Ердоган го осуди системот на петте постојани членки на Советот за безбедност, според кој тие можат самостојно да стават вето на важни одлуки, велејќи: „Светот е поголем од петте“.

„Руско-украинската војна, која наскоро ќе влезе во својата четврта година, ни ја покажа слабоста на меѓународниот систем“, додаде тој.

Ердоган нагласи дека во Газа не се тестирани само хуманитарните вредности, туку и веродостојноста на глобалниот систем и на ОН. Тој смета дека чувството на вина за холокаустот ги принудило западните земји да се воздржат од критикување на Израел, кој „врши геноцид во Газа повеќе од една година“.

Тој изрази надеж дека примирјето меѓу Израел и Хезболах ќе остане трајно, но нагласи дека итно е потребен прекин на огнот во Газа.

„Итното воспоставување на одржлив прекин на огнот во Газа е неопходно пред човештвото да изгуби уште повеќе од своите вредности. Подготвени сме да сториме се за да го запреме геноцидот во Газа и да ја отвориме вратата за траен мир“, заклучи тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

МВР ќе ги награди полицајците кои ги фатија разбојниците во „Нептун“

На денешната прес-конференција, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски објави детали за вчерашното разбојништво во позната продавница за бела техника....

Македонија2 часа

Најдено е детето кое се изгуби во Чаир

Најдено е детето кое се изгуби денес во Чаир. Од семејството за Макфакс соопштуваат дека детето е најдено. За момчето...

Македонија2 часа

Мицкоски не гледа причина за лидерска средба, ама најави дека ќе размисли

Премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи го денешното барање на СДСМ за лидерска средба, нагласи дека во моментов не гледа причина за...

Македонија2 часа

Со пушки во раце учениците во Челопек имале приредба во униформи на воени групации, Јаневска најави санкции

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска преку објава на нејзиниот профил на Фејсбук најавува поведување постапка против раководството и...

Топ4 часа

Македонски државјанин за пари заминал во Москва да и се приклучи на руската војска

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам во соработка...

Топ7 часа

Фатен е малолетникот што ја откорна таблата од Конзулатот на Србија во Куманово (ВИДЕО)

Полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 17-годишен малолетник од Куманово, постапувајќи по добиена пријава на 29.11.2024 во 09.05...

Македонија9 часа

Во тешка сообраќајка загина поранешниот директор на затворот „Идризово“, Живко Пејковски

На 61-годишна возраст, вчера во сообраќајна незгода загина Живко Пејковски, поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на...

Македонија21 час

Град Скопје: Заклучокот за приватните превозници е изгласан без кворум, нема да поддржиме акт со елементи на кривично дело

Градоначалничката Данела Арсовска одбива да изврши измени во одлуката за исплата на надоместокот за изминат километар на приватните превозници. Град...

Македонија22 часа

Славески ја обвини Арсовска и нејзината администрација за опструкции за решавање на проблемот со приватните превозници

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески вели дека по налог на градоначалничката Данела Арсовска, администрацијата го опструира и отворено...

Македонија1 ден

Се бара притвор за три лица за уништувањето на македонското знаме

Обвинителството поднесе предлог за притвор за три лица за уништувањето на македонското знаме синоќа во централното градско подрачје. Од тука...

Топ1 ден

Две млади лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа кај Дебарца

Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово во атарот на селото Ботун, во општина Дебарца, пришто животот го загубија момче и...

Македонија1 ден

За вчерашните инциденти со македонското знаме уапсени четири лица, изјави Тошковски

Во текот на вечерта се уапсени осум лица, од кои четири за предизвикување верска и национална омраза, извести министерот за...

Македонија1 ден

„Влен“: Масовната прослава ги поттикна дестабилизаторите, најостро го осудуваме палењето знамиња

„По досега невидената прослава на 28 ноември, додека албанската песна и оро одекнуваа низ целата земја, очигледно оваа празнична атмосфера...

Македонија1 ден

Алијансата за Албанците: Извршителите на овие грди дела не му направиле чест ниту на знамето ниту на својот народ

„Сите знамиња на народите во светот заслужуваат почит. Остро го осудуваме сквернавењето на државното знаме и палењето на албанското знаме,...

Македонија1 ден

ДУИ: Го осудуваме индивидуалниот чин на палење на државното знаме како реакција на несоодветната интервенција на полицијата

„Демократската унија за интеграција остро ја осудува полициската интервенција без преседан за време на прославата на Денот на албанското знаме,...

Македонија1 ден

За сквернавењето на македонското знаме е известен јавниот обвинител: се преземаат дејства за расчистување на настанот

Во текот на вчерашниот ден додека се славеше Денот на албанското знаме на две места е снимено сквернавење на македонското...

Македонија1 ден

„Вчерашниот чин на кинење и сквернавење на македонското знаме е крајно вандалски и ние сме згрозени“, велат од Сојузот на борците

„Секогаш и во времето на НОБ заедно сме се бореле за слободата. Вчерашниот чин на кинење и сквернавење на македонското...

Македонија1 ден

„Да газиш и да кинеш, да уништуваш знаме на држава која те израснала, образовала, платила и плаќа, вложува во тебе – е злосторство и треба да одговараш“, рече Димитриевски

Денеска како човек но и градоначалник на сите граѓани во Куманово од почит кон моите сограѓани од Албанската заедница го...

Македонија1 ден

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме, нарушувањето на јавниот ред и мир, како и употребата на...

Македонија2 дена

Приватните превозници задоволни од предлогот за зголемување на цената по километар, се очекува од понеделник да се вратат во сообраќај

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје и приватните превозници се договорија за повисока цена за изминат километар. Координаторот на советничката...