Свет
Забранети социјалните мрежи на кинеските војници
Кинеската војска денеска објави дека 2,3 милиони нејзини војници повеќе нема да имаат пристап до социјалните мрежи и ќе им биде забрането креирање на свои веб сајтови и блогови, бидејќи непријателите би можеле да ги откријат воените тајни, пренесува агенцијата „Франс прес“.
Кинеската војска денеска објави дека 2,3 милиони нејзини војници повеќе нема да имаат пристап до социјалните мрежи и ќе им биде забрането креирање на свои веб сајтови и блогови, бидејќи непријателите би можеле да ги откријат воените тајни, пренесува агенцијата „Франс прес“. Народно ослободителната војска своите припадници ги известила дека одредбата строго ќе се применува поради „заштита на воените тајни на чистотата и солидарноста“, на најбројните вооружени сили на светот. Комуницирањето на војниците преку интернет може да му помогне на непријателот да ги утврди локациите на воената база, на кинеското воено раководство. Уште полошо од тоа е ставањето на слики на интернет, бидејќи така непријателот може да дознае повеќе детали за воената опрема и способност на кинеските војници. „Полицајците и војниците мора да бидат свесни за вистинските опасности кои доаѓаат од пријателот преку жица“, пишува во еден кинески весник. Минатата недела истиот весник објави дека Кина формирала елитна единица задолжена за спречување на кибернетските напади. Но, целта на единицата не е да се создаде „армија на хакери“, се вели во весникот./крај/хи/пк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда во Турција
Едно лице е тешко повредено во експлозија во станбена зграда во турскиот град Текирдаг, во северозападна Турција.
Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата во станот на последниот кат од петкатницата, а како што неофицијално дознава телевизијата ТРТ, најверојатно е дека експлодирала плинска боца.
Од силината на експлозијата оштетени се ѕидовите во станот, а искршени се прозорците.
Регион
Данка денес ќе правеше две години: тажната судбина на девојчето за кое плачеше цел регион
Малата Данка Илиќ, денеска, 6 мај, ќе наполнеше две години.
Пред точно 40 дена исчезна Данка.
Тогаш за прв пат се активираше системот „Најди ме“ и започна потрагата. Покрај полицијата се вклучија и луѓе, па веќе првата вечер по девојчето трагаа повеќе од 100 луѓе. По неа трагаа жителите на Бањско поле, соседи, пријатели, противпожарна единица, како и припадници на Планинарската спасувачка служба и полицијата. Кучиња трагачи беа на пат, беспилотни летала летаа над теренот, вклучени беа хеликоптери, а теренот беше дури и прегледан со термални камери.
Мештаните тој ден рекоа дека околу куќата на Илиќ имало неколку дупки длабоки меѓу еден и два метри и дека се наполниле со подземна вода. Сите беа загрижени дека девојчето залутало и паднало со едно од нив.
Единиците на полицијата во раните утрински часови го пребараа теренот, а потрагата се уште беше отежната поради силниот дожд.
Неколку дена подоцна беше откриено дека Данка Илиќ е убиена. Осомничени за делото се Срѓан Јанковиќ (50) од село Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од Злот, работници на Бор „Водовод“ кои се уште не ја откриваат локацијата на која го пренеле телото на девојчето од дивината. Во притвор е и таткото на Драгијевиќ, Радослав (73), осомничен дека му помагал на синот да го премести телото на девојчето. Под истрага бил и најмладиот Драгијевиќ – Далибор (40). Но, тој почина на 7 април во притвор на полицијата на Бор.
Свет
Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје
Владимир Путин му наредил на Генералштабот да се подготви за вежби за употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
„Со цел да се зголеми подготвеноста на нестратешките нуклеарни сили за извршување на борбени задачи, Генералштабот започна со подготовки за одржување вежби со ракетните формации на Јужниот воен округ“, се наведува во соопштението.
Како што се посочува, маневрите ќе се одржат во блиска иднина и ќе ги опфатат и авијацијата и морнарицата.
„Целта на вежбата е да се одржи подготвеноста на персоналот и опремата на единиците за борбена употреба на нестратегиско нуклеарно оружје за одговор и обезбедување на територијалниот интегритет и суверенитет на државата“, наведуваат од Министерството.
Тие додаваат и дека тоа е „одговор на провокативните изјави и заканите на одредени западни функционери“ против Русија.