Контакт

Скопје

На 26-ти април ќе се организира референдум за ГТЦ

Објавено пред

Со 12 гласа „За“ и 11 „Воздржани“, Советот на општина Центар донесе одлука за распишување референдум за задржување на автентичниот изглед на Градскиот трговски центар.
 

dobivaj vesti na viber

Со 12 гласа „За“ и 11 „Воздржани“, Советот на општина Центар донесе одлука за распишување референдум за задржување на автентичниот изглед на Градскиот трговски центар.

 

Советниците од коалицијата предводена од СДСМ гласаа за тоа на граѓаните на Центар да им се даде право самите да одлучат за изгледот на ГТЦ, додека советниците на коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ гласаа воздржано.

 

„Дали сте за тоа да се задржи автентичниот изглед на фасадата на Градскиот трговски центар?“, ќе биде прашањето за кое ќе одлучуваат жителите на Центар, на 26-ти април.

За денешната седница имаше голем интерес од невладиниот сектор и од жителите на Центар, кои го следеа текот на седницата, во салата на Советот на Центар.

 

Во име на граѓанската иницијатива “Го сакам ГТЦ“ и во име на присутните претставници на граѓанскиот сектор, говореше Даница Павловска, која посочи дека референдумот за ГТЦ ќе биде прв организиран во град Скопје.

 

„ГТЦ е културно наследство, а референдумот е најдемократски начин и механизам за третирање на проблемите и интересите на граѓаните. Демократичноста е во прашање, со ова граѓаните стануваат свесни за својата моќ“, рече Даница Павловска.

 

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, кој до Советот ја поднесе предлог одлуката за распишување референдум за ГТЦ, рече дека ова е историски ден за општина Центар и се надева дека ова ќе стане пракса и во другите општини.

Осумдесет проценти од граѓаните во Центар ја поддржуваат можноста за референдум и веруваат дека и тие треба да бидат вклучени во одлучувањето. Поддршка за овој референдум има и од 17 невладини организации.

 

„Референдумот ги обединува граѓаните, ја зголемува довербата во институциите и е коректив на одлуките на властите. Да ги оставиме партиските интереси, политиката не треба да доминира, оваа одлука е во интерес на граѓаните. Го сакам ГТЦ“, изјави Жерновски.

 

Координаторот на советничката група предводена од СДСМ, Игор Алаџајков, ги повика сите советници да дадат шанса ГТЦ да остане во своето автентично руво.

 

„На ГТЦ му треба обнова и реконструкција, но не со ефтин кичерај и стиропор, туку со енергетски ефикасна фасада. Имаме историска шанса на граѓаните да им дадеме можност сами да одлучуваат“, рече Алаџајков.

 

Координаторот на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Томислав Лазаров рече дека не се против одржување на референдум, но праша дали општина Центар има право да си го припише ГТЦ.

 

„Средствата за изградба на ГТЦ биле собрани од повеќе државни фирми и тоа е интерес на цела држава. Сега во ГТЦ нема функционалност. За ова, треба да се одлучува на повисоко и пошироко ниво“, рече Лазаров.

 

Градоначалникот Жерновски кажа дека ова право е предвидено во Законот за градење, каде што стои дека Советот на општините во град Скопје, со одлука може да го утврдат изгледот на некоја фасада. Посочи дека и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, денеска ја поздравил одлуката за распишување референдум, бидејќи и самиот рекол дека тоа е “нивно демократско право“.

 

„Зошто за најголемиот буџетски проект Скопје 2014, кој чинеше наместо првичните 80 милиони – половина милијарда евра, одлуките ги носеше Советот на општина Центар? ГТЦ е на територија на општина Центар. Јас упатив покана до градоначалникот Трајановски да се приклучи на оваа иницијатива, но досега нема одговор. Нека одлучат граѓаните како ќе изгледа ГТЦ“, одговори Жерновски.

 

Сашо Трпески, советник од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, рече дека и тој е за изјаснување на граѓаните, но заедно со останатите, оние кои дале средства за изградба на ГТЦ.

Томислав Лазаров од ВМРО – ДПМНЕ, праша колку ќе чини референдумот, на што градоначалникот Жерновски одговори дека ставката е предвидена во буџетот и ќе чини помеѓу 2,5 и 3 милиони денари.

 

Даница Павловска посочи дека ГТЦ е изграден од средствата за солидарност по земјотресот на Скопје.

 

Референдумот ќе се смета за успешен ако за него гласале мнозинството од вкупниот број граѓани, но на гласање треба да излезат половина од вкупниот број граѓани запишани во изводот од Избирачкиот список на општина Центар.

 

Одлуката на референдумот е задолжителна, доколку на референдумот се донесе одлука да се задржи сегашниот изглед на фасадата на ГТЦ.

 

Советот на општина Центар е должен, во рок од 60 дена од објавување на резултатите од референдумот, да донесе одлука за утврдување на изгледот на фасадата на ГТЦ, во согласност со одлуката на референдумот./крај/со/бб

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“

Објавено пред

Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.

„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.

Прикажи повеќе...

Македонија

Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;

– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.

dobivaj vesti na viber

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет15 часа

(Видео) Извлечени 51 лице заглавени на жичница на планината Улудаг во Турција

Технички дефект на жичницата на планината Улудаг, во близина на северозападниот турски град Бурса, предизвика блокирање на 51 лице кои...

Македонија16 часа

По реакции од граѓани, се чисти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење на...

Македонија16 часа

Скопјани бараат од Цементарница Усје да работи според еколошките стандарди

Еколошките активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ и граѓани денеска протестираа поради загадувањето на воздухот и бараа од Цементарница „Усје...

Македонија20 часа

Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за...

Свет20 часа

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз...

Македонија21 час

Од утре внимавајте, Безбеден град почнува официјално да казнува со суми од 20 до 500 евра и одземање на возачката дозвола

Од утре официјално започнува примената на системот Безбеден град, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во...

Свет22 часа

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

Украинската противвоздушна одбрана соборила 64 од 85-те дронови што Русија синоќа ги лансирала, соопштија утрово Воздухопловните сили (ВВС) на Украина....

Свет22 часа

Државна секретарка од Црна Гора сакала да се самоубие поради секс скандал

Мирјана Пајковиќ, до неодамна државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора, поднесе оставка откако нејзините...

Свет1 ден

Нови откритија за Епстин и елитата: објавени документи за контакти со Бил Гејтс, политичари, принц – тврдел и дека цимерот во затворот сакал да го убие

Американското Министерство за правда објави нови милиони документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, со што повторно се отворија прашањата...

Македонија2 дена

Заврши мониторингот за Македонија од страна на Советот на Европа, за Мицкоски тоа е историски момент и признание за нивото на демократија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека заврши мониторингот за Македонија од страна на...

Македонија2 дена

ССМ следната недела ќе го блокира Собранието: Пратениците ќе мораат на работа пеш и без патни трошоци, ќе ги удриме по џебот како тие нас

Прва институција која ќе ја блокираат работниците како продолжение на протестот за 600 евра минимална плата и зголемување од 100...

Свет2 дена

Кремљ: Путин се согласи на привремен прекин на огнот

Кремљ соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин, се согласил да ги запре нападите врз украинските градови до 1 февруари. Портпаролот...

Македонија2 дена

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Само во 2024 година, во рамки на изборната кампања за претседателските избори, една од фирмите на синовите на Цвета Ристовска...

Македонија2 дена

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“

Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред...

Македонија2 дена

Изгласана Резолуцијата за затворање на постмониторинг дијалогот со Македонија: „Ова е потврда за напредокот на државата“

Во текот на јануарската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествуваат пратениците Иванка Василевска, Беким Ќоку...

Свет2 дена

Мишел го критикува Руте: Престани да бидеш американски агент и обедини го НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, треба да престане да биде „американски агент“ и да го обедини расцепканиот воен сојуз...

Топ2 дена

Кривична пријава за „проневера во службата“ против претседател на ловечко друштво од Струмица

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против 41-годишниот Д.Р. од Струмица, поради постоење на основи на...

Свет2 дена

Стармер ја посети Кина, односите меѓу двете земји се зајакнуваат; Трамп: Она што го прават е многу опасно

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „многу опасно“ за Велика Британија да соработува со Кина, додека британскиот премиер Кир...

Свет2 дена

САД се закануваат со царини за увозниците на нафта за Куба: „Очекувам Куба наскоро да пропадне“

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со нови царини за земјите што испорачуваат нафта на Куба, засилувајќи го притисокот врз...

Свет2 дена

Нова анкета: Довербата во Трамп опадна, поддршката губи и кај републиканците

Една година по неговиот втор мандат, ставовите на Американците за претседателот Доналд Трамп, кои и претходно беа повеќе негативни отколку...