Спорт
Бирмингем -Манчестер Јунајтед 1:1

Во мечот од 20. коло на англиското фудбалско првенство Бирмингем и Манчестер Јунајтед одиграа без победник, 1:1.
Јунајтед поведе со голот на Димитриј Бербатов во 58. минута со удар од 18 метри, а изедначи Ли Боујер во судиското надополнување.Невообиачено за него, менаџерот на манчестерските „црвени ѓаволи“, сер Алекс Фергусон, веднаш по звршувањето на натрпеваро остро го критикуваше судијата Ли Мејсон за повреда на фудбалските правил при постигнувањето на изедначувачкиот гол на домаќините. Спред Фергусомн, на израмнувањето му претходел фаул вопозла на Манчестер јунајтед на центарот од теренот, а потоа и според него очигледно играње со рака во нападот непосредно пред постигнувањето на погодокот.На табелата повторно на чело е Манчестер Јунајтед со 38 бодови, исто колку и Манчестер Сити, кој е на второто место. Арсенал е трет со 35 бода. Меѓутоа, Манју и Арсенал имаат по два меча помалку од Манчестер сити, па
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Големо засилување кај Блејзерси: Лилард се врати дома!

Демиан Лилард, еден од најпрепознатливите бекови во НБА лигата, официјално се врати во Портланд Трејл Блејзерс.
Клубот од Орегон потврди дека потпишал тригодишен договор со 34-годишната суперѕвезда, кој според достапните информации ќе заработи 42 милиони долари.
Враќањето на Лилард доаѓа откако неодамна беше отпуштен од Милвоки Бакс, иако во неговиот договор имаше загарантирани 113 милиони долари за наредните пет сезони. Одлуката на Бакс следеше по сериозната повреда на Ахиловата тетива во првото коло од годинашниот плејоф, поради која ќе ја пропушти целата наредна сезона.
Лилард беше избран како шести пик на НБА драфтот во 2012 токму од Портланд, каде ги помина првите 11 сезони од својата кариера и стана клупска легенда. Во 2023 се пресели во Милвоки, но неговата епизода таму беше краткотрајна.
Во минатата сезона, и покрај здравствените проблеми и само 58 одиграни натпревари, имаше просек од 24,9 поени и 7,1 асистенција. На теренот доминираше и покрај проблемите со тромбоза.
Лилард го одбележа враќањето во Портланд со објава на Инстаграм, каде сподели фотографија од соблекувалната на Трејл Блејзерс и кратко напиша:
„RipCityyyyyyyyyyyyyyyyyyyyyyy!“
Овој повраток има и емоционална димензија – Демиан Лилард е најдобриот стрелец во историјата на Портланд со вкупно 19.376 поени и е единствениот играч во НБА историјата со пет натпревари на кои постигнал 60 или повеќе поени.
Во својата кариера во просек бележи 25,1 поен и 6,7 асистенции. Освен што е меѓу 100-те најдобри НБА кошаркари на сите времиња, Лилард може да се пофали и со златен медал од Олимписките игри во Токио како член на репрезентацијата на САД.
Фото: ЕПА
Спорт
Снуп Дог стана косопственик на фудбалскиот клуб Свонси

Познатиот американски рапер Снуп Дог стана малцински сопственик на велшкиот фудбалски клуб Свонси Сити, кој игра во англискиот Чемпионшип. Тој беше и модел за новите дресови на клубот за следната сезона.
„Ова е клуб и град што ме трогнаа – работнички, како и јас. Горд сум што сум дел од Свонси“, изјави Снуп Дог, чие вистинско име е Келвин Бродус.
Снуп Дог се приклучи на сопственичката група предводена од американските бизнисмени Брет Крават и Џејсон Коен. Исто така, неодамна и хрватскиот фудбалер Лука Модриќ стана дел од управата на клубот.
Во чест на приклучувањето на Снуп Дог, негов мурал е насликан на западната трибина на стадионот на Свонси. Од клубот најавуваат дека тој ќе има сè поголема улога во иднина, а неговата глобална популарност ќе помогне во промоција и развој на клубот.
Спорт
(Видео) Федерер го посети Надал

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер го посети својот голем ривал Рафаел Надал во неговата академија на Мајорка.
Fedal ! Ceux qui sont à la Rafa Nadal Academy aujourd'hui sont chanceux.
Roger Federer, en famille, est passé voir son pote Rafa.
🎥IG/manatogo storypic.twitter.com/nQPIosTu8u
— Tennis Legend (@TennisLegende) July 17, 2025
Федерер пристигна во Шпанија во друштво на неговата сопруга Мирка, а во таа прилика се сретна со Рафа, на чие збогување на Ролан Гарос присуствуваше пред два месеци.
Двајцата разговараа на теренот, а таму беа и учесниците на оваа академија.
Roger Federer visits Rafael Nadal's Academy with Mirka 🇪🇸📍Mallorca 🎾 #Fedal pic.twitter.com/SbSBl5jXgI
— hanay (@hanaycp) July 17, 2025
Не е познато дали оваа посета беше „случајна“ или Швајцарецот и Шпанецот се блиску до некоја нова соработка.
Медиумите потсетуваат дека Федерер ја заврши кариерата на Лејвер Купот 2022, додека Надал го одигра својот последен натпревар на Дејвис Купот минатата сезона.