Контакт

Спорт

Сања ја скрши ногата

Објавено пред

Бекот на француската репрезентација и англиски Арсенал, Бакари Сања го скрши глуждот во градското дерби против Тотенхем, поради што ќе паузира најмалку три месеца.

dobivaj vesti na viber

Бекот на француската репрезентација и англиски Арсенал, Бакари Сања го скрши глуждот во градското дерби против Тотенхем, поради што ќе паузира најмалку три месеца. Сања настрада бос ударот со противничкиот бек, Беноа Асу-Екото, а според најавата на официјалната интернет страница на Тотенхем, уште денеска ќе биде опериран. Францускиот бек е веќе петтиот фудбалер од одбраната на Арсенал на кој не може да смета менаџерот на „топчиите“, Арсен Венгер, Поради повреди надвор од екипата се и Јохан Дџури, Себастиан Скилачи, Томас Вермален и Лорен Кошчиелни. „Во ваква ситуација, би било глупо да се најавува освојување на шампионската титула. За нас сега е најважно да и’ се приклучиме на групата екипи коишто ловат место за Лигата на шампионите“, изјави францускиот стручњак Венгер. Арсенал беше поразен во градското дерби против Тотенхем со 1:2 и по седум кола се наоѓа на 15-то место со само седум бодови, дури 12 помалку од водечкиот тандем на манчестерските клубови Јунајтед и Сити./крајро/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Јокиќ на две асистенции до трипл-дабл, Гилџес-Александер броеше до 50

Објавено пред

Ноќта меѓу средата кон четвртокот се одиграа 11 натпревари во НБА. Победи меѓу другите, забележаа Денвер, Мајами, Оклахома, Кливленд, Сан Антонио, Минесота.

dobivaj vesti na viber

Дневер Нагетс, втор пат во три дена славеа над Њу Орлеанс Пеликанс, овојпат на својот терен со 144:119.

Никола Јокиќ постигна 38 поени, шутираше 15/28 од поле, 5/13 за тројки, 10 асистенции, осум скока, а најефикасен кај Денвер беше Мајкл Портер Јуниор со 39 поени, а забележа и 12 скока. На другата страна Вилијамсон постигна 28 поени, Марфи 25 со девет асистенции.

Диерон Фокс го имаше своето деби за Сан Антонио Спарс, постигна 24 поени, исто колку и Виктор Вембањама во победата во Атланта 126:125. Французинот ги погоди клучните слободни фрлања со кои гостите од Тексас славеа во Атланта. Како и обично, Тре Јанг беше најдобар кај домашниот тим со 32 поени и 12 асистенции, а Оконгву имаше 30.

Оклахома ги здроби Феникс Санс со 140:109. Шеј Гилџес-Александер продолжува со теророт. Канаѓанецот постигна 50 поени, имаше осум скока и пет асистенции. Тој оваа сезона ги урива сите рекорди, а во последните десет дена постигна 54 поени против Јута и 52 против Голден Стејт.

Во овој момент тој е најсериозниот кандидат за МВП на сезоната.

Резултати:

Атланта – Сан Антонио 125:126
Шарлот – Милвоки 102:112
Детроит – Кливленд 115:118
Бруклин – Вашингтон 102:119
Филаделфија – Мајами 101:108
Торонто – Мемфис 107:138
Минесота – Чикаго 127:108
Денвер – Њу Орлеанс 144:119
Јута – Голден Стејт 131:128
Оклахома – Феникс 140:109
Сакраменто – Орландо 111:130

Прикажи повеќе...

Спорт

Џими Батлер се пресели во Голден стејт Вориорс

Објавено пред

Џими Батлер го напушти Мајами Хит, се пресели во Сан Франциско, во Голден стејт Вориорс.

dobivaj vesti na viber

Овој трејд дојде по прилично напнат месец помеѓу Мајами и Батлер. Затоа што Хит трипати во тој период ја суспендираа својата најголема ѕвезда, а сето тоа започна откако Батлер побара трејд на вториот ден од новата година.

Вориорс ги испратија Ендрју Вигинс, Денис Шрудер, Кајл Андерсон и заштитен пик од првата рунда на драфтот во Мајами.

Денис Шрудер потоа беше разменет од Мајами во Јута, а Торонто требаше да го добие Кајл „Слоу Мо“ Андерсон, сепак, тој трејд пропадна и тој остана со Хит.

Како што напредуваа работите, Пи Џеј Такер беше испратен во Мајами каде што повторно ќе има можност да работи со Пет Рајли.

Вигинс, Такер и Андерсон се нови членови на Мајами Хит.

Вориорс веднаш со Батлер потпишаа двегодишен договор за 120 милиони долари.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Ејбрахам и дебитантите на Милан ја елиминираа Рома

Објавено пред

Фудбалерите на Милан ја совладаа Рома со 3:1 и се пласираа во полуфиналето на Купот на Италија.

dobivaj vesti na viber

На Рома и пресуди поранешниот фудбалер, Тами Ејбрахам, која постигна два гола во првото полувреме.

Англискиот напаѓач погоди во 16. и 42. минута, а две асистенции запиша капитенот Тео Ернандез.

Надеж на „волчицата“ и даде Арттем Довбик со гол во 54. минута, но во 72. минута, дебитантите во дресот на Милан ставија точка на натпреварот.

Сантијаго Хименез му асистираше на Жоао Феликс, кој го постигна третиот гол за Милан.

Противник на Милан во финалето ќе му боде победникот од дулот Лацио – Интер.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

(Видео) Русите преку ноќ уништија еден од најголемите пазари во Европа

Руската војска доцна синоќа изврши напад со беспилотни летала на голем пазар во киевскиот кварт во Харков. „Нападот беше насочен...

Свет2 часа

Америка: Панама попушта со нашите бродови; Панама: Тоа е лага

Американскиот Стејт департмент вчера објави дека бродовите на американската влада сега можат да минуваат низ Панамскиот канал без надомест. „Владата...

Регион2 часа

(Видео) Црвената плажа повеќе не постои по големото лизгање на земјиштето: земјотресите го менуваат изгледот на Санторини

Серијата земјотреси кои го потресуваат архипелагот Додеканези трајно го менуваат изгледот на Санторини, еден од најубавите острови во Грција, кој...

Европа3 часа

(Видео) Се урна хеликоптер во Италија: познат бизнисмен меѓу загинатите

Во хеликоптерска несреќа во близина на Парма во северна Италија вчера загинаа три лица, меѓу кои и директорот на компанијата...

Свет3 часа

(Видео) Трамп, опкружен со деца, потпиша забрана за трансродовите жени во женскиот спорт

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за забрана на трансродовите жени да се натпреваруваат во женски спортови. Регулативата содржи...

Македонија18 часа

Кривичниот суд за случајот со Фросина: Јавноста да не подлегнува на провокации и шпекулации, како и стигматизирање и линч на еден судија

Судиите и подружницата на Здружението на судиите на РСМ при Основниот кривичен суд Скопје изразува длабоко жалење за загубениот млад...

Македонија19 часа

Кривична за поранешниот директор на СОЗР за поткуп, фалсификување, проневера: Финансиската полиција со детали

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице, поранешен директор на Службата...

Македонија19 часа

Судскиот совет ќе формира комисија за постапките што се воделе против Јованов, кој ја прегази Фросина: „По увидот во сите списи, ќе кажеме дали има пропуст“

Судскиот совет ќе формира комисија, која ќе утврдува дали имало пропусти во претходните постапки што се воделе против 20-годишникот Васил Јованов,...

Македонија19 часа

Денес во 16.30 часот тргнува првиот воз од Скопје за Куманово, ќе се патува 41 минута

Скопје и Куманово, по две и пол години прекин, повторно ќе бидат железнички поврзани. Министерот за транспорт и врски Александар...

Македонија21 час

Акција во МВР: се истражува Одделот за општи и заеднички работи

МВР со потврда дека се спроведува полициска акција поврзана со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во ова...

Македонија21 час

Претрес во домот на поранешниот директор на СОЗР, се обезбедуваат докази за поткуп и проневера

Основното јавно обвинителство Скопје заедно со Управата за финансиска полиција презема дејства за обезбедување докази во предмет за кривични дела...

Македонија22 часа

Фросина била прегазена заедно со нејзиното куче Аја, кое било пронајдено под автомобилот на Васил

Здружението од Кавадарци, „Лина – спаси живот, добиј живот, помогни им на животните“, на социјалните мрежи објави статус во кој...

Македонија1 ден

В сабота протест во Неготино за правда на Фросина: „Стоп за сообраќајното насилство“

Протестен марш под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“ ќе се одржи в сабота во Неготино, објавија организаторите на настанот на...

Македонија1 ден

„Тој сѐ уште не е правосилно осуден, и да добил затвор, ништо немало да се промени“, вели професорот Калајџиев

Професорот по кривично право, Гордан Калајџиев, на социјалните мрежи ја коментираш тезата дека сообраќајната несреќа во која смртно беше прегазена...

Свет1 ден

Австралискиот премиер: Остануваме посветени на решение со две држави

Австралискиот премиер Ентони Албанез ја повтори „долгогодишната“ поддршка на неговата земја за решение за две држави на Блискиот Исток, по...

Свет1 ден

Пристигна првата реакција на Хамас откога Трамп рече дека САД сакаат да го преземат Појасот Газа

Официјалниот претставник на Хамас, Сами Абу Зухри, изјавите на Доналд Трамп за преземање на Појасот Газа ги опиша како „смешни“...

Свет1 ден

Американската војска почна да транспортира мигранти во Гвантанамо, објавени фотографии

Првиот американски воен авион со приведени мигранти полета синоќа за заливот Гвантанамо, соопштија американски официјални лица, додека администрацијата на претседателот...

Свет1 ден

Трамп: САД сакаат да го преземат Појасот Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе го преземат разурнатиот од војна Појасот Газа и ќе го развијат економски...

Европа1 ден

(Видео) Зеленски го изнесе главниот услов за преговори за крајот на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе биде подготвена да се вклучи во преговори за ставање крај на нејзината...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски: Нови 15 милијарди денари капитални инвестиции за општините, историски најголема инвестиција

Денеска, на редовна седница на Владата практично почнавме со постапката за објавување на вториот повик преку Министерството за локална самоуправа,...