Економија
Индексите во надолна линија
Вкупен промет од 12.476.377,28 денари забележан е денеска на македонската берза за хартии од вредност, од кои на официјалниот пазар прометот изнесуваше 9.435.843,28 денари.
Вкупен промет од 12.476.377,28 денари забележан е денеска на македонската берза за хартии од вредност, од кои на официјалниот пазар прометот изнесуваше 9.435.843,28 денари.
Кај акциските индекси преовладува опаѓачкиот тренд, така што МБИ10 забележа опаѓање од 0,82% при вредност од 2.872,12 индексни поени. МБИД оствари намалување од 0,49%, а неговата вредност се спушти на ниво од 3.246,45 индексни поени. ОМБ беше единствен со позитивна промена, така што неговото зголемување на дневна основа изнесуваше 0,66% при вредност од 111,86 индексни поени.
Прометот со државните обврзници беше 36,5% од вкупниот промет, односно изнесуваше 4.548.965,28 индексни поени. Најликвидна хартија од вредност на целата берза, односно на официјалниот пазар беше државната обврзница за денационализација од осмата емисија со промет од 3.035.802,66 денари. Просечната цена изнесуваше 86,99%, што резултираше со пораст од 1,74%. Истргувани беа 56.742 обврзници кои се реализираа преку 9 трансакции. Од акциите кои котираат на официјалниот пазар, најтргувана беше Комерцијална Банка Скопје со промет со 2.022.165,00 денари. Просечната цена изнесуваше 3.096,73 денари, што значеше намалување од 0,43%. Истргувани беа 653 акции кои се реализираа преку 19 трансакции. Трета според ликвидност од официјалниот пазар беше државната обврзница за денационализација од седмата емисија со промет од 1.446.504,17 денари. Просечната цена изнесуваше 86,91% при зголемување од 0,47% на дневна основа. Истргувани беа 27.061 обврзници кои се реализираа преку 4 трансакции. Од редовниот пазар најликвидна беше акцијата на Македонски Телеком Скопје со промет од 1.062.180,00 денари. Просечната цена од 489,48 денари значеше благо зголемување од 0,46%. Истргувани беа вкупно 2.170 акции кои се реализираа преку 17 трансакции. Следуваше Тутунска Банка Скопје со промет од 530.034,00 денари. Просечната вредност од 5.000,33 денари предизвика само мал пораст од 0,09%. Ценовниот распон се движеше од 4.990,00 денари до 5.010,00 денари. Истргувани беа 102 акции кои се реализираа преку 11 трансакции. Фершпед Скопје објави неревидирани финансиски извештаи за 2009 година. Реализиран е нето профит од 155.717.000 денари на годишно ниво, додека нето профитот за последниот квартал изнесува 12.591.000,00 денари. Тетекс Тетово објави неревидирани финансиски резултати за 2009 година. Нето добивката за минатата година изнесува 1.412.000,00 денари, а за последниот квартал од 2009 година остварена е загуба од 1.495.000,00 денари. Тетекс Тетово објави и финансиски план за 2010 година. Планираните приходи од продажба изнесуваат 355.000.000,00 денари, а планираната нето добивка за 2010 година изнесува 2.300.000,00 денари. Техноментал Вардар Скопје објави неревидирани финансиски извештаи за 2009 година. Нето добивката изнесува 432.000,00 денари. РЖ Економика Скопје објави неривидирани финансиски извештаи за 2009 година. Загубата за овој период изнесува 1.634.000,00 денари. Согласно податоците добиени од ЦДХВ, ве известуваме дека на 25.02.2010 година е извршен следниот нетрговски трансфер на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство): Реплек Скопје – 52 обични акции. Пет најтргувани хартии од вредност1. Р.Македонија – Денационализација 082. Комерцијална Банка Скопје3. Р.Македонија – Денационализација 074. Македонски Телеком Скопје 5. Реплек СкопјеХартии од вредност со најголем раст1. Трансбалкан Гевгелија 98,39%2. Скопски Пазар Скопје 10,18%3. Жито Вардар Велес 2,17%4. Р.Македонија – Денационализација 08 1,74%5. Р.Македонија – Денационализација 06 1,06%Хартии од вредност со најголем пад1. РЖ Техничка Контрола Скопје 7,69%2. Макстил Скопје 5,18%3. Арцелормиттал (ХРМ) Скопје 2,87%4. Арцелормиттал (ЦРМ) Скопје 2,29%5. Топлификација Скопје 1,10%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Исплатени се 338.468.141 денари кон 9.567 овоштари
Извршена е исплата во износ од 338.468.141 денари кон 9.567 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Истата е реализирана согласно Мерка 1.6 – директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки овошни насади, со што се обезбедува континуирана поддршка за одржување и унапредување на овоштарското производство.
Економија
Отворен Економскиот бизнис форум помеѓу Северна Македонија и Словачка
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје, заедно со министерот за финансии на Словачката Република, Ладислав Каменицки, го отвори Економскиот бизнис форум помеѓу Република Северна Македонија и Словачката Република, на кој присуствуваа голем број домашни и словачки компании.
„Настанот, организиран од двете министерства со вклученост на повеќе економски институции, беше одлично посетен од претставници на стопанските комори и бизнис-заедницата. Присутните имаа можност за директни средби и вмрежување со словачките компании од секторите енергетика, градежништво, здравство и медицина, туризам, ИКТ, трговија и други услужни дејности“, соопштија од Министерството.
Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека форумот претставува потврда не само на политичката блискост меѓу двете држави, туку и на заедничката верба во силата на економското партнерство.
„Економската дипломатија не е дополнување на надворешната политика – таа е нејзино јадро. Силните политички односи мора да бидат придружени со силни економски темели“, нагласи Муцунски, изразувајќи благодарност до словачките партнери и компании за нивното присуство, кое, како што посочи, претставува знак на доверба.
Тој истакна дека Северна Македонија нуди стабилност, отвореност и предвидливост како основа за инвестирање, при што континуираното усогласување со европското законодавство претставува заложба за транспарентност и правна сигурност. Посебно ги нагласи потенцијалите во автомобилската индустрија, производството на компоненти, ИКТ-секторот, обновливите извори на енергија и агробизнисот.
Министерот посочи дека достигнувањата на Словачка во автомобилското производство, иновациите и енергетската транзиција создаваат природна основа за продлабочување на партнерството преку заеднички инвестиции, интеграција на синџирите на снабдување и трансфер на технологии.
Во рамки на форумот беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Северна Македонија и словачката агенција SARIO, со што се отвора дополнителен простор за директна институционална соработка и заедничка промоција на економските потенцијали.
Муцунски истакна дека Владата останува цврсто посветена на поддршка на бизнис-заедницата преку дипломатската мрежа, институциите за промоција на инвестиции и механизмите за олеснување на трговијата, со цел идентификување нови можности и отстранување на административните пречки.
Форумот, како што беше оценето, претставува конкретен чекор кон продлабочување на економската соработка и создавање нови можности за инвестиции, иновации и одржлив раст во интерес на двете држави.
Економија
Компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска со донација за погодените семејства од поплавите во Кичево
По поплавите во Кичево што доведоа до евакуација на околу 250 луѓе од 63 домаќинства, компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска уште еднаш ја потврдија својата општествена одговорност преку донација на средства за лична хигиена за лицата кои се привремено згрижени во градската спортска сала „Христо Узунов“.

Пакетите, кои содржат основни производи за секојдневна хигиена, како и вода и храна се наменети за најзагрозените домаќинства со цел да им помогнат полесно да се справат со последиците од природната непогода.


Со оваа хуманитарна иницијатива, компанијата испраќа силна порака за солидарност и поддршка во моменти кога заедништвото е најпотребно, останувајќи доследна на својата општествено одговорна мисија.
(ПР)

