Свет
Шестмина повредени по експлозија на шок-бомба пред ноќен клуб
Бомбата била фрлена меѓу две патнички возила "форд ка° и "опел астра°, непосредно пред влезот на ноќниот клуб
Во неделата по полноќ пред дискотеката "Ди енд" во Прилеп
Бомбата била фрлена меѓу две патнички возила "форд ка° и "опел астра°, непосредно пред влезот на ноќниот клуб
ПРИЛЕП – Шест лица се лесно повредени во експлозија на шок-бомба фрлена пред ноќниот бар "Ди енд° во центарот на Прилеп во неделата, триесетина минути по полноќ. Бомбата била фрлена меѓу две патнички возила "форд ка° и "опел астра°, непосредно пред влезот на ноќниот клуб. Притоа, им се нанесени лесни повреди, изгореници и набиеници на шестмина млади кои чекале да влезат во клубот, информира Горан Павловски, шеф на Кабинетот на министерот за внатрешни работи. Тој објаснува дека оваа бомба има само светлосно и звучно дејство и не предизвикува убиствени последици.
Службата за брза помош, како што вели дежурниот лекар, Виолета Лимбеска, веднаш интервенирала на местото на настанот. Повредените, вознемирени и исплашени момчиња и девојки речиси со исти симптоми во депресивна состојба и со силно бучење во ушите биле пренесени во Градската болница, каде им била укажана соодветна медицинска помош. "Станува збор за лесни телесни повреди на потколеница. Од прегледот на ОРЛ е констатирано дека, и покрај силната експлозија, нема повреди на органите за слух°, вели д-р Лимбеска и истакнува дека пациентите биле на возраст од 19 до 21 година. Со оглед на фактот што станува звор за шок-бомба, материјална штета не е предизвикана.
Полицијата информира дека се преземени мерки за откривање на сторителите. До раните утрински часови во полициската станица беа сослушувани очевидци и посетители на клубот. Сопственикот на "Ди енд°, Жарко Новоселец, вели дека овој инцидент нема врска со ноќниот клуб. "Никој не ми се заканувал досега. Во клубот и не се слушна експлозијата°, вели Новоселец. Но, младите момчиња и девојки кои речиси два часа останаа во "Ди енд°, додека полицијата извршуваше дел од рутинските постапки, вознемирени изјавуваа: "Слушнавме силен звук, страшна експлозија. Нў фати паника. Атмосферата беше напната зашто не нў пуштаа да излеземе. Не знаевме што се случува надвор. Во секој случај, беше многу непријатно°.
Инаку, минатата година во Прилеп експлодираа четири бомби "кашикари°. Едната од нив експлодира пред куќата на градоначалникот Марјан Ристески. Полицијата сў уште не даде официјална информација кои се сторителите на овие кривични дела. (М.Т.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Резултатите на фронтот се клучни за дипломатијата
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес ги посети војниците распоредени на Купјан и рече дека резултатите на фронтот се од клучно значење за Украина да постигне резултати на дипломатско ниво.
„Така функционира: силните позиции на терен значат силни позиции во разговорите за завршување на војната. Благодарност до секој војник“, рече Зеленски на Телеграм.
По тој повод, тој им го честиташе Денот на копнените сили на Украина на припадниците на вооружените сили.
Зеленски истакна дека украинските војници постигнуваат значајни резултати на Купјан и им се заблагодари на сите единици што учествуваат во борбите.
Фото: депозитфотос
Свет
(Видео) Кралот Чарлс: Имам добри вести за мојата борба со ракот
Кралот Чарлс сподели „добри вести“ за својата борба со ракот со јавноста, откривајќи во лична порака дека неговиот третман ќе биде намален во наредната година благодарение на раната дијагноза и „ефикасната интервенција“. Веста беше објавена како дел од кампањата „Stand Up To Cancer“, објавува Би-Би-Си.
Во снимена видео порака емитувана на Канал 4, кралот рече: „Оваа пресвртница е и личен благослов и доказ за извонредниот напредок постигнат во грижата за ракот“.
Ова е најзначајната вест за здравјето на кралот откако ја објави својата дијагноза во февруари 2024 година. Иако видот на рак не е откриен, а следењето и третманот продолжуваат, Бакингемската палата соопшти дека кралот „одговорил исклучително добро на третманот“.
Според извештаите, неговото закрепнување достигнало толку позитивна фаза што лекарите сега ќе го префрлат неговиот третман „во фаза на претпазливост“. Ова значи дека фреквенцијата на третманите ќе биде значително намалена, иако 77-годишниот монарх сè уште не се смета за во ремисија или „излечен“.
„Денес можам да ја споделам со вас добрата вест дека, благодарение на раната дијагноза, ефикасната интервенција и следењето на „советот од лекар“, мојот распоред за лекување на рак може да се намали во новата година“, потврди монархот.
Видео пораката, снимена пред две недели во Кларенс Хаус, беше емитувана за време на добротворната емисија „Stand Up To Cancer“, проект за собирање средства што се спроведува со Cancer Research UK.
Кампањата ги охрабрува граѓаните да одат на редовни прегледи, а пораката на монархот ја нагласи клучната улога на раното откривање. „Раната дијагноза едноставно спасува животи“, рече тој.
„Знам од лично искуство дека дијагнозата на рак може да биде огромна. Сепак, исто така знам дека раното откривање е клучот што може да го трансформира патот на лекување, давајќи им непроценливо време на медицинските тимови“, рече кралот, додавајќи: „Вашиот живот или животот на некој што го сакате, може да зависи од тоа“.
Емисијата „Stand Up To Cancer“ упати посебен апел до околу девет милиони луѓе во Велика Британија за кои, според Cancer Research UK, заостануваат во националните програми за скрининг.
Кралот рече дека е „длабоко загрижен“ што ова претставува девет милиони пропуштени можности за рано откривање на рак и ги повика луѓето да проверат дали се подобни за тестирање.
„Статистиката зборува со целосна јасност. Да земеме само еден пример: Кога ракот на дебелото црево се открива во најраните фази, околу девет од 10 луѓе преживуваат најмалку пет години. Кога се дијагностицира доцна, тој број паѓа на само еден од 10“, објасни тој.
Кралски извори забележаа дека споменувањето на ракот на дебелото црево не треба да се смета за поврзано со неговата состојба, а ракот на простата претходно бил исклучен.
За време на неговата битка со болеста, кралот не сакал таа да го дефинира, туку продолжил да работи, одржувајќи зафатен распоред што вклучувал патувања и државни посети. Во своето обраќање, тој исто така им се заблагодари на „заедницата за грижа“ – специјалисти, медицински сестри, истражувачи и волонтери „кои работат неуморно за да спасат и подобрат животи“.
Фото: депозитфотос
Свет
Мерц за мировниот план со Киев: Американците ќе мора да придонесат
Земјите од Европската Унија се обидуваат да ги вклучат Соединетите Американски Држави во нивните преговори за мировниот план со Киев, изјави германскиот канцелар, како што објави агенцијата ДПА.
„Се обидуваме да ја вклучиме американската влада во преговорите што ги водиме едни со други, како и со украинската влада и украинскиот претседател“, рече Мерц по средбата со Манфред Вебер, претседател на парламентарната група на Европската народна партија (ЕНП) во ЕУ.
Според Мерц, сè уште се потребни значајни појаснувања во меѓународните напори за обезбедување безбедносни гаранции за Украина, пренесува Спутник.
Тој, исто така, нагласи дека најважниот елемент од овие гаранции е „долгорочното зајакнување на украинската армија“.
„Подготвени сме да придонесеме за ова. Американците исто така ќе мора да придонесат за ова“, додаде функционерот.
Порано беше објавено дека Владимир Зеленски ќе отпатува во Берлин на 15 декември на покана на германскиот канцелар, каде, меѓу другото, ќе учествува во преговори во формат на европската тројка. Засега не е познато дали ќе присуствува претставник на САД.
Фото: депозитфотос

