Скопје
Олгица Ѓоргиева за крај на единаесеттиот Моден викенд Скопје
Со колекцијата „Одбери ја својата бајка“ дизајнерката Олгица Ѓоргиева го затвори единаесеттото издание на Моден викенд Скопје, во недела вечер, во катната гаража „Солунски конгрес“.
Колекцијата за пролет/лето 2015 на Ѓоргиева која ја сочинуваат десет ексклузивни креации беше прикажана низ моден перформанс на танчерите од „Prima Danza“ и манекенките од модната агенција „Подиум“. Моделите се надополнети со неколку детски креации кои се најава за наредниот проект кој следува од „ГО Ѓоргиева Олгица“.
На последниот ден на Моден викенд Скопје со „Пролетна магична приказна“ дебитираше Јагода Пачемска од арт- студиото за цвеќе „ФА-БУ “. Пачемска презентираше ексклузивни креации изработени од свежо цвеќе.
Модната куќа „Менакон“ (со модели достапни во „Adora for You“ во Тетово) од Косово пред домашната публика ја претстави колекцијата „Спиритуализам“. По нив „Linea Collection“ донесе колекција инспирирана од Африка со современи елементи, животински принтови во лелеава летна варијанта и нови интерпретации на стандардните риги.
Дејан Тодоровиќ учествуваше за прв пат на Моден викенд Скопје со колекцијата „Happy collection“ составена од 20 претежно елегантни вечерни фустани во црна, сива, сребрена и дискретно златна боја.
Модната куќа „Hera Couture“ претстави колекција за актуелната сезона инспирирана од биографијата на легендарната Марија Калас .
Посетителите ги видоа маичките од мини колекцијата „Џинсоманија“ на „Фешн Груп Македонија“ дизајнирани во соработка со блогерката Јована Зука како и меѓународната фото изложба „Модата и културното наследство“ организирана од Британски совет во Македонија и Британскиот моден совет.
На 17 април во организација на Моден викенд Скопје ќе се одржи презентацијата на најновата колекција на „Mcouture by Mila Kadriu“ во скопската винарија „Камник“./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




