Свет
ЕУ ги поздрави демократски спроведените избори во Украина
Високата претставничка за надворешна политика и потпретседателка на Европската Комисија, Катерин Ештон денеска ги поздрави претседателските избори во Украина како важно постигнување во демократскиот развој на земјата и ја истакна подготвеноста за соработка со новиот претседател.
Високата претставничка за надворешна политика и потпретседателка на Европската Комисија, Катерин Ештон денеска ги поздрави претседателските избори во Украина како важно постигнување во демократскиот развој на земјата и ја истакна подготвеноста за соработка со новиот претседател.
„Генерално мирна атмосфера во која беа спроведени изборите, отворена кампања во медиумите и фактот дека бирачкото тело имаше вистински избор претставува значајно достигнување во демократскиот развој на Украина.
Европската унија останува посветена на продлабочување на односите со Украина и ќе продолжи да ја поддржува нејзината програма за реформи и очекувам на соработка со новиот претседател “, рече Ештон во писмената изјава.
Таа му честиташе на украинскиот народ за многубројниот одзив на гласачите во двете рунди и за покажаниот демократски процес.Според последните резултати, кандидатот Виктор Јануковиќ победи со 48,61 отсто, а неговата противничка, Јулија Тимошенко освои 45,8 отсто од гласовите.
Претседателот на Европскиот Парламент Џерзи Бузек исто така оцени дека украинските избори се спроведени на демократски начин и дека претставуваат голем успех за земјата. „Изборите беа слободни и транспарентни, тоа го потврдија и набљудувачите од страна на Европскиот Парламент“, рече Бузек отварајќи пленарна седница на Европскиот Парламент во Стразбург.
Поразената Тимошенко ја одложи прес-конференцијата за новинарите за вторник./крај/хи/ин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Десет години од терористичките напади во Париз, членови на ИСИС пукаа во публика на концерт во Батаклан
Франција денеска ја одбележува 10-годишнината од најкрвавиот напад во својата модерна историја. Вечерта на 13 ноември 2015 година, џихадистички вооружени лица и бомбаши самоубијци извршија серија координирани напади што кулминираа со крвав напад врз концертната сала Батаклан во источен Париз. Во нападите беа убиени 137 лица.
Тројца бомбаши самоубијци се разнесоа пред стадионот „Стад де Франс“ каде што се одржуваше меѓународен фудбалски натпревар.
Потоа други членови на исламистичката група отворија оган со калашникови врз луѓе кои пиеја во барови и кафулиња недалеку од Батаклан. Настапот на американската група „Eagles of Death Metal“ штотуку започна кога тројца џихадисти упаднаа и неселективно пукаа во публиката.
Тие, исто така, зедоа заложници, а кога пристигна полицијата, се разнесоа. Вкупно 137 луѓе беа убиени, само 90 во Батаклан, а повеќе од 400 беа лекувани во болница. Безброј други претрпеа психолошка траума.
Зборот Батаклан оттогаш стана синоним во Франција за екстремни исламистички напади, слично како што беше 11 септември во САД.
Иако оттогаш имаше и други напади, како што е масакрот со камион на главната променада во Ница во јули 2016 година и обезглавувањето на наставникот Самуел Пати во октомври 2020 година, нападите од 13 ноември 2015 година се издвојуваат по својот обем и организациски способности. Десет години подоцна, многу работи се променија.
Исчезнувањето на групата Исламска држава (ИС) како главна сила во Сирија и Ирак значи дека средствата за планирање и извршување сложени терористички напади се значително намалени.
„Заканата сега доаѓа одвнатре, од дома и е многу помлада. Се храни од пријателства и социјални мрежи на истомисленици, без нужно да има луѓе кои мора да даваат и примаат наредби“, рече Жил Кепел, водечки експерт за Блискиот Исток.
Заканата е уште позагрижувачка, верува тој, бидејќи е толку порозна, со настани во Газа и Израел кои имаат „трауматски ефект“ врз умовите на многу граѓани, а оваа закана ја „искористуваат претприемачи на гнев“.
Актуелната француска политичка криза, исто така, додава масло на огнот, тврди Кепел. Сведоци сме на немоќно претседателство кое се повлече пред поделениот парламент во кој екстремистите од левицата и десницата имаат сè поголемо влијание, вели Кепел.
Комеморации ќе се одржуваат во текот на целиот ден денес на различни места на нападите, кулминирајќи со отворање градина во близина на Градското собрание во Париз.
Кога ќе падне ноќта, Ајфеловата кула ќе биде обоена во црвена, бела и сина боја на француското знаме. Француските медиуми се полни со приказни и сведоштва, а преживеаните опишуваат како овие трагични настани им го промениле животот.
Фото: ЕПА
Европа
Мајка си го убила својот деветгодишен син во близина на Трст
Страшна трагедија го потресе италијанскиот град Мугиа во близина на Трст, каде што мајка синоќа му го одзеде животот на својот деветгодишен син пресекувајќи му го гркланот во семејната куќа.
Жената е од украинско потекло и била одвоена од таткото на момчето, а семејството, како што се испостави, било под надзор на судот и социјалните служби, пишува италијанскиот „Ил Месаџеро“.
Злосторството е откриено откако таткото на момчето се загрижил бидејќи не можел да стапи во контакт со својата поранешна сопруга.
Тој ја контактирал полицијата, која, по пристигнувањето во станот во центарот на Мугиа, го пронашла телото на детето. Лекарите можеле само да ја потврдат смртта.
фото: принтскрин
Свет
(Видео) Страшна несреќа во Перу, автобус падна во клисура, најмалку 37 загинати
Најмалку 37 лица загинаа, а десетици се повредени во Перу откако автобус падна во клисура длабока околу 200 метри.
Несреќата се случила во раните утрински часови на тежок дел од Панамериканскиот автопат, кој ги поврзува Перу и Чиле, во јужниот регион Арекипа, јавува Би-Би-Си.
Според локалните медиуми, во автобусот имало 60 патници. Возилото се судрило со пикап на кривина, потоа скршнало од патот и паднало до брегот на реката Окоња.
Автобуските несреќи во Перу се чести, особено ноќе и на планински патишта. Причините често се лоши услови на патот, прекумерна брзина и недостаток на сигнализација.
❗️⚠️🇵🇪 – Bus Crash in Southern Peru Kills 37
At least 37 people died and 13 others were injured early on November 12, 2025, when an interprovincial passenger bus collided with a pickup truck on a sharp curve and plunged more than 200 meters (650 feet) into a ravine along the… pic.twitter.com/mPzpj9M6Cs
— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) November 12, 2025
Автобусот, управуван од компанијата Љамосас, патувал од градот Чале, во покраината Каравели, до Арекипа. Според извештаите, двајцата возачи ја преживеале несреќата.
Фотографиите од местото на настанот го покажуваат автобусот целосно уништен на дното од стрмна клисура, со скршени прозорци, смачкан и урнат покрив.
Валдор Љерена, градоначалникот на округот Окоња, изјави за радиото RPP дека теренот во областа е „многу тежок“ и дека областа има долга историја на фатални несреќи.
Според официјалните бројки, повеќе од 3.300 луѓе загинале во сообраќајни несреќи во Перу во 2022 година, а безбедноста на патиштата е голем проблем. Панамериканскиот автопат, кој се протега на 48.000 километри од Алјаска до јужна Аргентина, го држи рекордот за најдолг пат во светот што може да се вози со автомобил.

