Македонија
„Утрински весник“ излезе од печат
„Утрински весник“ денеска излезе во продажба и покрај вчерашните најави дека весникот нема да се печати, поради незадоволство на поголем број на вработените од најавите за кратења на десет работни места.
„Утрински весник“ денеска излезе во продажба и покрај вчерашните најави дека весникот нема да се печати, поради незадоволство на поголем број на вработените од најавите за кратења на десет работни места.
На насловната страница стои пораката на главниот уредник Соња Крамарска за која , како што кажа новинарите кои протестираа вчера, не стои зад протестот.
„И како новинар и како главен уредник ја поддржувам синдикалната борба да ги зачуваме сите вработени и да најдеме патишта весникот непречено да излегува. Но, сум против тоа да ги казниме нашите читатели и огласувачи, весникот да не излегува. Моќта на „Утрински весник“ е кога е на пазарот, кога е пред јавноста. Денес кога 50.000 луѓе ќе кликнат на интернет да го видат својот весник и кога повеќе илјади граѓани ќе појдат на трафика да го купат, мало е оправдувањето дека ние протестираме на овој начин што ги казнуваме читателите“, пишува Крмарска.
Таа во својот текст ги повикува своите колеги да продолжат со работа а синдикатите и еснафските здруженија со нивна поддршка да ги почнат преговорите.
Новинарите на вчерашниот протест рекоа дека новинарските плати во Утрински се движат меѓу 200 и 400 евра, така што најавеното отпуштање на 10 колеги, нема осетно да влијае на финансиската состојба во весникот поради која менаџментот сака да ги скрати работните места./крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија, извести АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

