Регион
Давутоглу порача дека Турција нема да ја исплашат нападите на PKK

Турскиот премиер Ахмeт Давутоглу изјави во петокот Дијарбекир, ден по бомбашкиот напад во кој беа убиени седум полицајци на немирниот претежно курдски југоисток од Турција, дека земјата не се плаши и дека нема да откаже од борбата со курдскиот бунт.
„Не се плашиме, и нема да нé поколебаат“, порача турскиот премиер Ахмет Давутоглу во Дијабрекир, град во кој мнозинството население го сочинуваат Курдите, оддавајќи им чест на полицајците кои загинаа во нападот изведен со автомобил бомба во четвртокот при што беа ранети уште 27 луѓе, претежно полицајци, а за кој одговорноста ја преземаа курдските герилци.
Во својот говор Давутоглу акцентот го стави на „братските“ врски меѓу Турците и Курдите, откако турско-курдскиот децениски судир минатото лето повторно се разгоре по пропаѓањето на двегодишното примирје и првите разговори за започнување преговори.
Военото крило на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) во петокот ја презема одговорноста за нападот од четвртокот, во соопштението што го пренесе курдската новинска агенција Firat, наведувајќи дека нападот бил „одговор на нападите на турската армија во Курдистан“.
„Мислеа дека ќе не исплашат. Не се плашиме, нема да нé поколебаат, ќе бидеме решителни до крајот“, предупреди Давутоглу.
Полицијата во Дијарбекир во меѓувреме уапсила девет осомничени лица во рамките на истрагата, соопштија турски безбедносни извори за медиумите.
Турскиот исламско-конзервативен претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој престојува во посета на Вашингтон, ја повика меѓународната заедница да го поддржи дејствувањето на владата во Анкара против курдските сепаратисти кои ги обвини за нападот и пред тие да ја преземат одговорноста за него.
„Тоа не можеме повеќе да го трпиме. Европските, и другите земји, можат, се надевам, да видат кој стои зад тие напади“, истакна Ердоган во Вашингтон.
Како одговор на нападот од четвртокот, дванаесет ловци на турската авијација извеле две серии удари врз базите на PKK во Запа и Метина, на северот од Ирак, соопшти во петокот турската армија.
Турција последните месеци живее во зголемена безбедносна готовност по низата невидени напади кои им се припишуваат на џихадистите или на обновувањето курдските судири. Последниот таков напад се одигра на 19-ти март во центарот на Истанбул, кога во акција на бомбаш самоубиец најверојатно поврзан со Исламската држава беа убиени четворица туристи, тројца од Израел и еден од Иран./крај/мф/сн
Извор: Reuters/AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Мајка се обидела да го задуши своето 8-месечно бебе со перница во болница во Бања Лука

20-годишна мајка се обидела да го задуши своето осуммесечно бебе со перница во Универзитетскиот клинички центар во Бања Лука. Мајката била уапсена, а бебето, кое претходно имало здравствени проблеми, било спасено во последен момент.
Кликс.ба неофицијално дознава дека дваесетгодишната девојка имала психички проблеми.
„Вршителот на должноста обвинител на Окружното јавно обвинителство во Бања Лука, по сослушувањето на осомничената В. П., родена во 2005 година, на 18.06.2025 година поднесе предлог за определување мерка притвор до Окружниот суд во Бања Лука, поради постоење на основано сомнение дека сторила кривично дело Тешко убиство во обид на штета на дете.
Обвинителот поднесе предлог за определување мерка притвор поради постоење на посебни околности што го оправдуваат стравот дека осомничената ќе го доврши обидот за кривично дело“, соопшти Окружното јавно обвинителство.
Судијата на Окружниот суд во Бања Лука ќе одлучи дали на 20-годишната девојка ќе ѝ биде одреден притвор.
Регион
Укинат притворот за петмина осомничени за смртта на 16 лица на железничката станица во Нови Сад

Апелациониот суд во Нови Сад го укина притворот на петмина осомничени во истрагата за фаталното уривање на настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, кога загинаа 16 лица, објави судот.
Судот донесе одлука со која делумно ги прифати жалбите на адвокатите на обвинетите во кривичната постапка во врска со трагедијата во Нови Сад, која предизвика бран повеќемесечни протести и обвинувања за корупција и лошо извршување на работите за неодамнешната реконструкција на станицата.
Меѓу првично уапсените, судот веќе претходно го укина притворот на поранешниот министер за градежништво Горан Весиќ, а со нова измена на одлуката, уште петмина обвинети беа ослободени од притвор, против кои ќе се примени електронски надзор и тримесечна забрана за напуштање на станот, како и забрана за користење на телефон, интернет и прием на други лица во станот.
Кон крајот на минатата година, беше поднесено обвинение против 13 лица, но судот го врати на понатамошна истрага.
Меѓу обвинетите се поранешната вд директорка на Српската железничка инфраструктура Јелена Танасковиќ, поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ и неговата помошничка Анита Димовски, како и поранешниот генерален директор на Српската железничка инфраструктура Небојша Шурлан.
Тие се обвинети за кривични дела против јавната безбедност и предизвикување јавна опасност. Во обвинението се товарат и неколку инженери, проектанти и лица одговорни за изградба, контрола и надзор.
Регион
Индискиот премиер пристигна во историска посета на Хрватска

Индискиот премиер Нарендра Моди слета во Загреб, каде што ќе се сретне со својот хрватски колега Андреј Пленковиќ попладне и со претседателот Зоран Милановиќ навечер. Ова е прва посета на индиски премиер на Хрватска.
„Индија е еден од најважните партнери на Хрватска во Азија. Ова е историска, прва посета на индиски премиер. Тоа е најнаселената земја во светот, (со) 1,44 милијарди жители“, рече Пленковиќ на владина седница.
Тој ги опиша билатералните односи меѓу двете земји како добри и во „фаза на подем“, додавајќи дека Моди доаѓа во Хрватска по самитот на Г7 во Канада на негова покана. Се очекува претставниците на двете земји да потпишат голем број меморандуми и билатерални договори во различни области, вклучувајќи земјоделство, култура и образование.
„Двете наши земји уживаат вековно стари блиски културни врски. Бидејќи ова е прва посета на индиски премиер на Хрватска, тоа ќе отвори нови патишта за билатерална соработка во области од заеднички интерес“, напиша Моди на социјалната платформа Икс.